1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    328.105
    Пол:
    Женски
    Внимајате на морски струи и вртлози во Сарти, и тоа во плиткото.Знаат да бидат мн опасни.
     
    На Mother of 2boys, MilaSs12 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.120
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    И јас читав за ова и постојано го имам на ум. Сестра ми беа до некни вели не приметиле ништо и ептен било мирно морето. Ај кој знае малку повеќе за ова нека пише. Дали е опасно само кога има бранови или и кога е мирно морето?
     
  3. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Годинава планираме прв пат да одиме на одмор на море дестинацијата која ја одбравме е Албанија. Каде би можеле со (мали) деца тамо? Да сподели некој некое место кое е добро за дечиња?
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.859
    Допаѓања:
    18.719
    Пол:
    Женски
    Албанија има многу опции и мора да се одлучиш за место.

    Ако сте одлучиле за Албанија само поради пониски цени, провери пак, и таму веќе е доста качена цената на апартмани.
    Јадењето можеби е нешто пониска цена, ама не е за пребирливи. Има мирис специфичен и не може секој да јаде.

    Ние бевме еднаш, во Голем до Драч. Плажа песочна ама тиња. Нозете не си ги видовме.
    Дете пресреќно беше, плитко, песок, топла вода. Тогаш и евтино беше. Апартман на плажа беше 50тина евра. Ама нема да одиме повторно таму.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    25.971
    Пол:
    Женски
    Албанија Ксамил или Саранда. Валона има големо шеталиште и рестораните имаат убава храна ама плажата градска мееех, таа кај шо бевме ние сместени беше со камења. A на овие две места морето е тиркизно.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    24.494
    Пол:
    Женски
    Велипоје, на граница со Црна Гора, таму планиравме да одиме, види Хотел Глоби, колешка моја таму биле лани годинава пак во истиот хотел ќе одат. Плажите биле убави со ситна песок. Иначе сум била Орикум, нас ни беше убав одмор, пред тоа Спиле таму местото не е убаво и имаше бранови ама хотелите сместувањата му се нови на сите, Грција такви сместувања не сум имала досега. Се на се задоволна сум од Албанија, само малку е далеку до Велипоје има 6-7 часа пат од Битола преку Струга, поради тоа годинава уште нз што ќе правиме бидејки малото (2 год) не ми седи во седиште :|
     
    На kozuf и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  7. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Чим не ти седи во кола наблиску тие Неи Пори.
    Лани Охригани сите што има деца или Лептокарија или Неи Пори беа.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    24.494
    Пол:
    Женски
    Што е можно поблиску, Неа Потидеа си мислиме или Флогита. За одење е полесно, порано тргаме па можи и ќе спијат, за враќање тешкото :worried:
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    За враќање можи уморни ќе ти се па ќе спиет в кола.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Што им давате на едногодишни деца за ручек на одмор? Дома готвам се и нема да ми е проблем таму да готвам појадок и вечера ама за ручек? Планираме на Лефкада да одиме и не би купувала месо оттаму па и да го варам со саати. Ќе се најадува со купечки кашички? Не јаде баш парчиња за да јаде со нас заедно.
     
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.111
    Допаѓања:
    10.472
    Пол:
    Женски
    Малиов ќе е 1 г и 2 мес, планирам да јаде ние што јадеме ама он си јаде се сега. Плус ќе земам планета, бисквити, тарана чоколино, шмукаллиња, овесни, да си истераме за доручек и вечера.
    Големата на 10 мес орв пат ја носев на одмор, тераше со готови каши и плус истово како за малиов што ќе носам.
    Него си била на Лефкада до сега? Да не ти солам памет ама не ти е баш за со дете 1 година.
     
  12. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Не пребира мојава ама не јаде месо пример парчиња и да се најаде. Инаку и јас планирам палента, гриз, овес, шмукалчиња.. Да, имаме појдено на источниот брег, прекрасно е. Ама, сега се премислувам бидејќи имав заборавено дека е по четириесетина минути пат до сите плажи на југ, запад и север. Предлог за на краците?
     
  13. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Види на странана на Белина има убави каши и се со поголемки парченца јас не ги имам пробано пошто ќерка ми никогаш не засака купечки каши од тие зеленчукови и со месо.
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Ориз и макарони земи можиш да и направиш за ручек исто и кус кус за ручек или вечера.
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.111
    Допаѓања:
    10.472
    Пол:
    Женски
    Ние бевме како дечко и девојка и со дете никогаш не би отишла искрено. Таму се иде палиш кола и седиш цел ден на плажа. Ние бевме во Василики сите плажи беа на 30км одалечени и патиштата не се баш ок за со дете. Инаку преубаво е, најубаво место во Грција што сум била.
    Јас одам Олимп регион или Ставрос. Најблиску ми е некако и не ми се тепа пат со децава. Годинава Неи Пори ќе идеме. Инаку на втор крак преубави места има ама малку подалеку се.
     
    На Carolin. и Xxxx2 им се допаѓа ова.
  16. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Исто можиш за првите денови да си направиш од дома ручек и во фрижидерче в кола и после таму да и го затоплиш и да и го дајш.
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    @ija фала ти премногу :) сега уште да најдеме понуда, се премислив за Лефкада:D
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Добро што си се премислила за Лефкада види Неи Пори, Сивири, Ставрос, Олимпијада, Никити, Метаморфозис.
     
    На Xxxx2 и sani99 им се допаѓа ова.
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    19.267
    Пол:
    Женски
    Ај да ви пишам додека уште ми вртат машините со алишта од одмор.

    Бевме на Тасос, сместени во Лименарија. Смештајот беше грчка работа, дрвени кревети, шкаф, мини кујна со решо и фирижидер, клима и тоалет. Тоа што видовме по слики тоа добивме, беше пречисто за тоа имаат 10ка, во неделата дојдовме во средата пак менуваа чаршави пешкири и го исчистија цел апартман, за 35е од вечер беше одлично. Локацијата топ, на сама плажа на крајот од шеталиштето. Ем блиску, ем не бевме во гужвата. Двор огромен, место за паркирање, место деца да трчаат колку сакаш.
    Тргнавме во 4ипол, одевме со план ако стасаме до кај 10 во Кавала за натаму да одиме од Кавала до Принос и го фативме тој во 10и15 сабајлето таман.
    За назад од Тасос до Керамоти.
    Нас и секако ни беше планот да го шетаме островот.
    Бевме во главното градче Тасос( овде најмногу ми се допадна за шетање, најмногу имаше), Потос и Пефкари. Од плажи бевме на Ливади (патот катастрофа и камењарник и вода и плажа), Псили Амос (убава за деца супер со ситен песок и плитко, ама знае да има бранови), Атспас ( така мислам се викаше, многу мала е ама исто плитко и песок за деца одлична, во сезона треба ептен рано да се оди за место да се фати), Платанес плажата ( чиста вода, огромна плажа исто супер за со деца) и Пачи плажата ( одлична со природна сенка, плитко се беа родители со деца).
    Бевме и во манастирот св.Архангел Михаил, убаво е и таму ако имате време да го посетите погледот од горе остава без здив.
    Лименарија е убава како градче, има огромно шеталиште низ цел град, убави ресторанчиња и плажи ако не сакате да шетате, секако не е пусто и диво туку си има се.

    Бебо издржа машки. Ке го шетаме пак :D
     
    На Dpokahontas, DaisyDream, MilaSs12 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Некој да предложи вила на краците за со дете 1 година.