Од дома ќе и зготвиш тоа што јаде за ручек, дури е жешко го бкендираш, пасираш. Потоа во тегла и убаво затвораш, ја обрнуваш на опко и ја мотиш во крпа, ќебе што и да е убаво и ја оставаш да се излади сама од себе. При транспорт во фрижидер во кола и таму право во фрижидерот. Така со години спремам за моите. Пред да им дадам прво ја пробувам јас, ако е расипано режи на јазикот,има друг вкус нема шанси да не го познаеш. Можеш да направиш 1-2 вишок во случај да не некоја не ти се вакумирала убаво.
Никити како да ми се допадна најмногу. Е сега гледав на букинг за смештај, но скапи се а крај август сакам да одам. Каде барате за спиење? Или има некој приватно што земате?
Ние сме моментално на море, јас терам со купечки зошто сме во хотел и кујна немаме, само ептен мало фрижидерче. Нешто од Ск купив, нешто си купувам од тука. Носам шмукалче и во тоа и ставам свежо овошје (банана, праски, кајсии, јаболко)..
Дојдов само да кажам браво за авантурата, ме мотивираш Првично се залетав и јас за таков одмор дека секогаш сме правеле така пред дете, па и лани бебе. Ама толку сум уморна моментално што планирав само да плеснам гз на една плажа и да не мрднам од таму. Ама како читам ми даваш надеж Имаш типс анд трикс за занимации за тодлер во кола толку време?
Тргајте кога спие, поголемиот дел од возењето да спие мене тоа ми е секогаш. Па макар и во 8 сабајле стасани да сме, ние да сме стигнати време ке помине секако. Ние обично тргаме 3-3ипол најкасно. Овој пат дека повеќе души договорот беше во 4 да сме сите на патарина и одиме ама мене ми се разбуди во 4 сабајлето се обидов да го презаспијам ама залудно во 4и20 излеговме од дома, ама на обиколница склопи очи, спиеше до 7ипол(грчко 8ипол) ние веќе граница имавме поминато ни останиваа уште саат и 40мин возење одприлика, додека се освести, па го пресоблеков, јадеше, малку читавме малку возеше коли и стасавме во Кавала. Бродот му беше интересен и беше радосен дека се вози. За по плажи и шетање беа блиску искрено 40мин максимум возење имавме така што со играчки што ги сака со книги поминува времето. За на кај дома од апартман излеговме во 10ипол и тргнавме на кај Тасос градчето на брод во 12ипол бевме во Керамоти него му беше време за дремка, си одспа до граница, застанавме во Дојран на ручек дента прошетавме и вечерта ајт на кај дома. Кај мене е тоа клучно, долгите возења да се за време кога он спие. Морам да кажам дека овој одмор и сонце ме фати, ептен се заигруваше во песок па носи вода па гради демек нешто. Во вода седевме повеќе имаше риби па се радуваше. Со другите деца ке играа, сепак одењето со друштво си има предности и маани. Ама мене ми беше убаво искрено.