Најубавиот одмор ни беше лани, големата 4г малото 1г и 1 месец. Големата си имаше занимации, доволно голема за да се разбереме, малото кај го оставиш таму песок ок, вода ок, спиење исто немаше појма. Оваа година беше малце по стресно ама среќа малава не ја пукаат тантруми
Мајка супер. Мене ми е "страв" со трите оваа година да одам на одмор.Големата 4 и пол,а близнаците 1 година и некоја недела се,повеќе како умор би било или кој знае?! Со мали деца секако не е класичен одмор. Другага година мислам дека ќе е подобро големата 5 и пол,малите 2 години,повеќе ќе разбираат,заедно ќе се заиграат или можеби така си мислам јас дека ќе биде А ми се оде на море ми се плаче
Не не, верувај в година ќе бараш да прескокните. Замисли двогодишњак х2 кај што се треска од земја оти е намачкан со крем за сонце и песокот му лепи на цело тело и го гребе, па утредента не сака да се мачка. Ти му велиш ајде на спиење оно пак плачки оти водата е поинтересна, а не знае кај тера од умор. Мислам те убедив одете оваа година
Со @Bubish26 сум за ова. На 2+ и по дома и е се поинтересно од спиење. На 1+ бар некако се предаваше. Сега се влечи од умор по земја, глава ќе скрши некаде ама легнување никако. @DELFINA81
Со големото секоја година сме оделе на одмор, некогаш и по 2-3 пати, и реално он е дете што можеш да го однесеш било каде, сега има 7 години,ама малото ми е поспецифично,малото ке полни 3 сега во Септември. Кога се бебиња, уште ако цицаат е најлесно да ги носиш на одмор како раснат се поспецифични.Малово на 5 месеци го однесов во Египет, големото имаше 5, поминавме супер, само комарци го искасаа.Е сега лани прво во Јуни отидовме во Неа Флогита, местото е преубаво за со мали деца ама малото мое се разболе баш тогаш и се вративме 4тиот ден, а имавме уплатено 10, завршивме во болница со ларингит, а ништо не му беше.Во Август бевме во Уранополи во хотел, многу чекавме на граница и малото ми крена тт од топло, 2 дена го пазев таму се оправи.Иначе не сака во вода не сака на песок, додека бато се валка во песок да биде поховано дете малово писка ако малце песок има на рачиња.Да одиш со мали деца на одмор не е лесно ама пак е бесценето, тие уживаат, а наше е да ги чуваме таму.
Ама колку и да не запира, не разбира колку двогодишњак што нешто разбира ама не доволно за да процесира што уствари му се кажува. Вода, песок, базенче лулашки се тоа се интересни работи за дете и на таа возраст многу полесно можеш да го умориш и да го убедиш во нешто. 2г дете како што кажав разбират, а уствари ништо не разбират. Нема да зажалиш верувај. Од мое искуство со првото дете пошо ми е темпераментно и своеглаво, на 2г и 8 месеци и на 3 и пол години беше се само не одмор. На 2 и 8месеци кога бевме немавме опција за назад иначе мм со првиот лет сакаше да си одиме, а кога имаше 3г бевме со кола и 3 ден се вративме назад
Мојава голема е темпераментна ама баш фино поминавме кога имаше 2. Се заигруваше, се заморуваше и си спиеше убаво попладне. Плус тогаш пак почна да сака да седи во количка, па и шетавме навечер. Единствен инцидент ко што памтам беше кога ми го фрли нокширот од балкон, зашто ја напињав да фрли пелени. Баш на тој одмор се одлучивме за второ, значи арна била. Малиов рано прооде и е незапирлив ама се тешам сестра му ќе го занимава на плажа. Дури памтам тоа лето и викенди теравме со нејзе и друштво во Охрид, супер поминувавме.
И кај мене големата кога беше мала на одмор поминувавмд добро,мирна беше,сакаше вода,песок,се заигруваше сама. Сега од близнаците машкото исто рано прооди,абе луѓе не застанува ич,не сака ни за раче,ми ја бутка,сака сам. Женско бубаличка,мирничко си е,сега за сега де. И си правам сцена сега сите 5 на плажа,од децата кое дека сака фатило,ние само би трчале,посебно синко ми е бараба мала,се да виде,се да фане,да апне...еве не знам како би издржале таму,како страв да ме фаќа.
Ист е и мојот низ ходници им бегал.. Не можат да водат ред за сите валјда,17 се во групата,2 негователки ,па моето си шпарта дека си сака
Сега баш ме расположивте со коментарите хаххахахаха 20 месеци има малиот . Јас мислам оваа година све ќе биде освен одмор . Не застанува , темпераментен премногу све го интереса ( нормално тоа што не треба ) А и малку повеќе не слуша
Хаха и мојот баш на одмор ќе прави 20 месеци. За слушање никогаш не ме ни слушал, така да не сум воопшто изненадена. Ама да пропуштам одмор ни во најголемо лудило. Па зарем дома подобро ќе ни е? Не се мислете, резервирајте си одмор и искористете си максимално се што ви се пружа. Убав и релаксиран одмор на сите!
Уф, најнапорен одмор ми беше кога второто дете имаше 20 месеци. Не седна на газот, од сабајле до вечер бевме во движење, сите лежат на плажа ние по сонцето лутаме по улици. Таман сум го прибрала тој пак го фатил патот. Сега има 2г и 8м мислам исто ќе биде, воопшто не е сменет во однос на шетањето.
Ние бевме сега, таму направи 21 месец. Далеку полесно од лани, кога се учеше да оди па ме влечеше сегде. Сега се заигруваше со песок со камиони, седеше во вода, бараше риби. Далеку поинтересно од лани верувајте на пладне дремка 3 саати одвалуваше јас бев првиот ден во шок што спие толку, го проверував да не има температура Се на се, овој одмор полесен ми беше од тој лани. Ние и бевме друштво, па си имапе и другарчиња може и тоа влијаеше. 5 деца, 6 возрасни се има некој околу нив