На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.256
    Допаѓања:
    27.924
    Сакам да ја препорачам Олимпијада за одмор со мали деца.
    Мирно, песочна плажа, плитка, а пречиста, песок... буквално можеш да ги надгледуваш како си играат околу вода без страв зошто е преплитко.
    Втора година одиме и пак ќе одам...
     
    На Giovanna, sani99, _Nofilter_ и 4 други им се допаѓа ова.
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Женски
    И од мене препорачано две години по ред одевме ама ни се здосади веќе, малиов ни порасна, сака нешто различно, ама ако не успееме да најдиме нешто за пристојна цена на друго место, ќе си одиме пак таму :)
     
  3. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Јас лани прашував за Олимпијада и се беше околу 1000 евра за седум дена за двајца со дете. Ова за месец август беше.
    Дали идете на некое поефтино место или ок е овој износ за таму? Ако имате контакти ве молам пишете ми.
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Женски
    Ние одиме во вила Yanna, пред две години бевме средина на август и беше некаде околу 600 евра за 6 ноќи, лани бевме 7 ноќи ама бевме крај на август почеток на септ и резервиравме директ бидејќи веќе имав контакт ( првиот пат бевме преку букинг) и ги избегнавме букинг таксите и малку поефтин беше смештајот мислам плативме 560 евра за 7 вечери...годинава од чиста љубопитност отворив на букинг од 7-14 август смештаите беа 600 евра од вечер ( незнам дали нешто се дешава тој период грција, многу чудно ми беше) за после 14ти мислам беше се враќаат на 100 евра од вечер ( ова е за двокреветна соба плус креветче ако ви треба...ама син ми годинава има 4 и пол години па ако одиме таму деф ќе ни треба трикреветна соба
     
    На Irimiri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.390
    Допаѓања:
    18.629
    Не е ли малку досадно за навечер? Некако ептен селце ми се виде лани кога поминавме низ него.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.256
    Допаѓања:
    27.924
    Не. На плажа седиме до 8/8.30 после туш и деца кревет. :) ние со пијачка.
    Еден ден бевме до Ставрос ради возот, ама генерално сакаме така мирен одмор, без гужви. (Торони е исто вака само подлабока плажа)
     
    На _Nofilter_, MikicaBt, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dinee

    Dinee Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    За навечер има ли за шетање и занимации за деца?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.256
    Допаѓања:
    27.924
    Нема. Едно шеталиште со кафичи/таверни, едни лулашки, флипери и колички на акумулатор. Ставрос ви е на 15/20мин возење.
     
    На Dinee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Женски
    Е ради ова сакавме да смениме малку, лани скиснавме на тие количињата секој божји ден, изборот за јадење ми е океј, ама па еден ден бевме ставрос, па и тоа не ми се свиѓа, дете сака се да проба а избор огромен, стумулација на ниво, главата ме заболе од светлата, мене ми смета и гужвата и искрено одвај чекав да се вратиме назад Олимпијада...вака како што пишувам ми изгледа дека пак Олимпијада ќе завршиме :rofl:
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.859
    Допаѓања:
    18.718
    Пол:
    Женски
    Предлог за плажи на 2 крак Ситонија?

    Читав препораки, но ме интересира од лично искуство за со деца.
    Генерално ме интересира дали има бар за јадење/пиење и паркинг.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.013
    Пол:
    Женски
    Моментално сме тука. За со деца, особено помали, плажата Кастри после Никити е одлична, вртиш со кола пред Аммоа Ресортот. Плитка е и песочна, милина. Само паркинг има, барови и таверни нема.
    И нема сенки, нема лежалки. Мене лично ми е фаворит.
    На сите останати повеќето се со лежалки зафатени, цени не знам оти си носиме наша опрема, ама барови и таверни има секаде. Е сега, многу гужва има ко за периодов, не очекував. Сите плажи се преполни, деновиве бевме и на Ливрохио, Трани Амуда, Пиргос, Кариди и Вурвуру, Лагомандра. Надолу не слеговме. Убави се и Спатиес и Ковиу, ама таму не отидовме, едноставно премногу гужва е, буквално едни до други се сите ко сардини наредени, дури и на деловите каде што нема лежалки од хотели/барови.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека може ќе расипам атмосфера ама... :drunk: досега не сме биле на море и мене ми е уствари страв од температура сончаница повраќање стомачни вируси и такви ствари. Вадевме пасоши ова лето дефинитивно да одиме ама мене ме фаќа паника :whew: малово еднаш има фатено фебрилни грчеви и хаос сум од самата помисла дека одам преку граница а деца се и недај боже се може да им се деси.

    Имаше една случка од Пред 2 години кога син ми ја скрши раката на детска хирургија едно утро примија девојче кое додека биле на одмор во солун ја скршило раката и додека да дојдат во Скопје веднаш ја зедоа на операција. :(
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    7.148
    Пол:
    Женски
    Нормално е да мислиш на сите ситуации што може да тргнат погрешно.
    Ако веќе немате уплатено, за сигурност барај место каде што има доктор.
    Веројатно нема ни да ти притреба ама ако ти се чувствуваш така подобро тоа е една опција.
    Исто да има и аптеки во близина, и покрај тоа секако ти ќе носиш од дома комплет за прва помош што би рекле.
    За повреди може и секаде да настанат. Исто температура креваат и дома и секаде.
    Така да мисли најубаво да си поминете каде и да одите.
     
    На dromka, Annath, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    10.429
    Прва тура одмор успешно истерана :party:
    Се плашев дека ќе биде повеќе замор него одмор, ама како смо се надали, добро смо се удали. Детево дефинитивно обожава плажа и вода и најмирна е таму. Инаку е 2+ и многу е темпераментна, ама за чудо имаше разбирачка. Се изнабања, се тркалаше во плиткото, со кофичките сто пати одеше до морето да полни вода и да истура во дупката, не знам како не и здосади, ама не мора ни да дознаам :D битно мирна, фокусирана и задоволна.
    Знаеше да се затера по плажа нешто интересно ако види, среќа не беше прегужва на плаживе каде што бевме, пошто не се врти накај нас мува не ја лази, во поголема гужва ќе требаше да седиме на штрек да не залута.

    На плажа одевме од кај 9-12 па после од 5:30 до пред стемнување. Уживанција ми е одмор во јуни баш пошто денот е долг и на раат можеш да си поседиш.

    Инаку дефинитивно се поместува сезоната. Никогаш не сум видела волкава гужва околу 20 јуни. И за седнување во ресторан/кафана си бара поголема логистика. Многу се чека за храна на пофреквентни места, обично еден чекаше на маса, другиот одеше по шеталиште со тротинетот.
    Ама се на се можам да кажам одморивме :nod:
     
    На Puffy2019, Carolin., Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.859
    Допаѓања:
    18.718
    Пол:
    Женски
    Благодарам :inlove:
    Ние годинава зедовме опрема, затоа што гледав дека еден дел од плажите се без таверни или барови.
    И Фава за гледав во препораки. Сте ја посетиле?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    21.991
    Често одиме во Сивири и одлично ни е. На сите го препорачувам за со мали деца. Плажата е песочна , водата пречиста и долго време е плитко. Син ми ја обожава. Сега бевме на втор крак но син ми за ништо не ја менува водата во Сивири , па на викенд или во август веројатно пак ќе одиме таму.

    Е сега со мали деца е предизвик да се патува по топлото , по граници ама тоа е што е. Нашиве и не се веќе толку мали , девојчево ми порасна 4 ипол години е но сепак знаат да бидат доста напорни.

    На враќање и се спиеше , бевме преморени па цело време кенкаше дека и е ладно. Надвор 40 степени во 19ч, во кола климата уклучена на пријатно поради нив , но таа саат време вели ладно ми е , тоа дека и се спиеше. Ја исклучив климата за кратко но не се погодува.
    Да се покрие не сакала , да облече хеланки исто не сакала.
    И велам еве мама сега парното го уклучив ќе се стоплиш :D а зошто вика го уклучи , па за да те стопле оти ти е ладно нели. Е нее , не го уклучувај ќе се испотам (facepalm):drunk::drunk::drunk:
     
    На sani99, Carolin., Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.013
    Пол:
    Женски
    Не, не ја посетивме. Отидовме на тие што ги пишав претходно, и толку е, помина одморот. Но како што спомнав, многу гужва има и ме чуди, оти претходно кога сме оделе во истиов период во Грција не било толку полно.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Ормос Панагиас. На неколку плажи бевме, но тука ни беше најтаман, па 80% од времето бевме таму.
    Има се што ти треба, на плажа во зависност од редот плаќаш чадор, лежалки од 20 евра до 50 евра (со консумација) во La luna, веднаш до неа имаш прв ред 30 евра со консумација.
    Секако, и ако сакаш сам да си дојдеш со чадор, лежалка и сл. има голем слободен дел. Имаше гумен замок во вода за малку поголеми деца.
    Во вода поголем плиток песочен дел, таман за со мало дете.
     
    На MilaSs12 и Giovanna им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    10.429
    Не знам дали е вака само на Ситонија или секаде. И јас инаку погоре зборував за тој предел околу Никити. Во Масутис и Лидл исто многу гужва, анксиозност да те фати. Дефинитивно вака не памтам да било во јуни.

    И јас имам многу убаво искуство тука и на дивиот дел и на лежалките. Супер е плажата.
    Ла луна имаат многу добри лежалки и чадори, особено ако се оди со помало дете или општо ако не сакаш да те пржи сонце. Чадорот е голема коцка и плус има еден додаток од страна како платно, можеш да го ротираш по цела ширина зависно каде е сонцето. И храната и пијачките се добри. Ние лани таму одевме со едногодишно бебе, подобри лежалки не најдовме никаде.
    За поголемите деца тој гумениот замок е измислен. Сличен има и во Никити кај Кукунари и Ергон баровите, ама тој мислам е помал.
     
    На Annath и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  20. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Убаво опиша се, баш како што беше, јас не ги опишував лежалките затоа што сум бремена и бев крај на 6ти месец и ми беше страшно загушливо под платното, па бегавме на тие лежалки до Ла луна, а инаку далеку понеудобни се за разлика од тие во Ла луна. Инаку се на се, најпогодена плажа.
     
    На MilaSs12 и Giovanna им се допаѓа ова.