Не баш или малку. Местото е мало и идеално за деца и баш одмор. Но , ние навечер одиме во Калитеа најчесто , кога сме во Сивири. Многу е блиску на некои 10 / 15 мин. со кола.
Не само Никити, и надолу према Неа Мармарас е исто. Преполно, во Неа Мармарас навечер не можеш да најдеш место за јадење од што е гужва. За шетање па одвај се поминува по шеталиштето. И јас не паметам јуни да било вака, бар на втор крак, тука најчесто доаѓаме кога одмараме во Грција. На прв крак не сме биле воопшто на третиот сме биле, исто немало гужва, ама годинава не знам како е.
Кога зборуваме за Ситонија, ние бевме 5 дена во Псакудја или супер си поминавме. Таму немаше гужва воопшто. Паркираш најнормално, навечер наоѓаш место во кафуле-ресторан. Е сега мало е местото, ама ако си со кола можеш да одиш по другите села наоколу. Бевме во Ормос Панагиас , е таму имаше малку повеќе гужва ама се наоѓаше место за паркинг. Бевме и во Каливес , се зачудив што немаше македонци, срби како по другиве села најверојатно не е познато многу за странци, воопшто немаше гужва, има кафулиња на плажа со лежалки и што ќе порачаш тоа ќе платиш. Сегде кај што седевме беше така освен во Ормос Панагиас каде што плативме 10 евра од човек. Ги препорачувам овие местенца за мали деца , плажата со песок, плитко, милина водата.
Сивири еднаш имам одено и нон стоп некој ветар дуваше и со др имам праено муабет исто кажаа. Можи и периодот бил таков, крај на август. Ние закажавме Грција, пред Неа Флогита нз како се вика местото приоритет ни беше нешто најблиску бидејќи малото (тогаш полни 2 год ќе има) не седи в кола, не седи в седиште Годинава прв пат со мајка ми и татко ми ќе одиме со мм ги убедивме да идат бидејќи годинава не сме спремни со малово сами да одиме оти ќе се разведиме многу е тежок за чување па идеална прилика ни се направи и многу се радувам, ем ќе одмориме ем ќе уживаме заедно. Смештај 100е денот по 50е ни дојде, цел стан со 2 соби, се опремено. Сега ќе чекаме 20ти август
Незнам за вас ама ние 100 посто ќе се разведеме со малово на одмор. Каков период е ова незнам ама цела сила и живци ни ги зема а најмирно дете на светот ни беше. Не ми дава да седам напред во кола туку позади со него,не седи во седиште мислам ќе пукнам позади со нив. Ако нене избркаат од вилата добро ќе биде Уште маж виа на Тасос ма каков Тасос златно Неи пори ене го кае
ај да не е Охрид нас Охрид ни е 1 саат и 20 мин, а лани на 1 година одвај издржав в кола, в раце и на цицка многу се уморивме затоа и за годинава страв ни беше сами
А бе како врсникот така? Овој сака да се вози ама не дека не го фаќа сафра. Тргајте кога спијат. Мене 3 саат сабајлр ми се покажало најдобро време за тргање толку е успан што не приметува дека го преместувам. После тоа веќе е во лесен сон и се буди ама си презаспива пак
Тасос. Јас од кога ја меркам Лефкада ама ќе почека прво бебо да наплни барем 10год. Под тоа не планирам да тргам
Ооо маки мачиме в кола, никако нејќи во седиште, а го седнував од мал. После првото дете кое 7 часа седеше во седиште до Албанија ова ми е шок и не ми се оди подалеку.
Ако не сте биле ни таму ни таму, попрво би одбрала Тасос. Иначе јас скроз би одела и Лефкада со дете, нормално знаеш што те очекува. Зависи од желби и потреби.
И јас сум повеќе за Тасос, скоро сите ми рекоа не Лефкада со дете. Не ми е за патот. Секако одиме ноќе, обавезно пие апче, ама сестра ми оди често и вика 80% од времето е брановито, плажите се mostly на нога да ги одиш и сл. Е сега не го знам Тасос, преговарам моментално со издавач близу Skala Kalirachi beach. Некој хинт што да како да гледам?
Зависи и од луѓето јас со деца Лефкада никогаш, бевме еднаш со мм додека не бевме во брак, убо беше ама мачно, угоре удолу, скали 100, не би одела никогаш повеќе, јас сакам ко ќе појдам негде да лежам на плажа, да се капам, др ништо нејќам, пак е до чоекот и желбите.
Па патот исто утепувачки е. Различна природа, пак зависи од желбите. Ама и на Тасос нас ни се погоди ветер 7 дена, не однесе Ние бевме на голден бич, кога истражував најмногу препораки имаше за таму. Зависи пак што сакаш. Мене ми беше битно да имаме добра плажа за ако не сакаме да шетаме да си одиме на таа плажа. На Тасос сум била и во хотел со плажа со камења, така да јас тоа би гледала. За шетање навечер не ни беше многу битно, палевме кола и одевме до селцата и до тасос лименас. И уствари голден бич и ни беше како средна станица за другите околни плажи што сакавме да ги видиме. Нормално не успеавме цел да го прегледаме со тодлер, само југо источниот дел.
Тасос , иако јас го посетив без деца бидејќи сакавме цел остров да го прошетаме . Иначе Голден бич идеално за со деца.
Мене шок ми беа на почеток одморите со дете. Од луѓе што не седевме во исто место, се стациониравме на една плажа, па и со два пати одење. Таман порасна дете, се роди второво и пак не чека пензионерски одмор. Лефкада ја обожавам, ама ако сакате се да видите, а сте со дете, најдобро над 7 години да има. Повеќето плажи се тешко пристапни, дали скали, дали преку ридови и за мало дете е малтретирање скроз. На Лефкада поминуваме околу 300 км само таму. Далеку се сите плажи, некои и со по повеќе од 30 мин возење. Тасос и јас го меркав, ама со мојава не сум на чисто. Ми треба постојан пат, да не зависам од траекти ако ми направи опструкција па да мораме да се враќаме.
Па како што проверив денеска турата од Керамоти (вајда така се вика) до Лименас и обратно, ја има нон стоп, на половина час, особено лето.. Ќе одам бе, прилагодливо ми е детето.. Првата година една рака заби извади на море, не ги сетивме..
Некои луѓе не сакаат возраста на детето да ги ограничува за тоа каде да одат и таа логика ми е ок. Но, огромно но, на дете од бебе па до кај 6 години, му е битно да е песок и море. За понатака ке видам како се менуваат интересите. Има фини плажи блиску, не разбирам од каде таа одбивност. Сосема е доволно да се оди на дестинација која е на макс 6 часа со кола. Не ми вреди тепање пат до Лефкада, кога морето е предлабоко, бранови може да има 10/10 и моево дете, кое сака да се бања, нема да осети м од море.