Се вративме од одмор, не не избркаа од хотелот Шала на страна , јас уште сум одушевена дека друго дете имав на одмор . Ептен беше мирен и послушен сам си влегуваше во вода си знаеше кога му е доста , не досаѓавме на никого што е најважно многу си играше со лопатките кофичката со топка со песокот . Како што се надевав одлично беше . Му викам на маж ми ние сме само за на морска клима
Малку ми е глупо прашањето, но.. Првпат ќе одиме со тодлер на одмор. Е сега, како преживувате вие кои имате Тарзан дете? Значи преактивно, трча, чепка се, ќе се расплаче, ќе сака да оди кај луѓе. Нормално, максимално го пазиме кога сме надвор, на игралиште, па така и на плажа но, имам чувство дека луѓево загледуваат. Пример вчера го извадив од количка по една калдрма пат да речам, падна и почна да плаче и една баба со куче ме гледа со осудувачки поглед као јас да си го удрив детето. А јас само го земав во раце и го прашав дали сака да го седнам назад во количката. Не знам, не сакам да им смета на луѓето на плажа, сепак одмор им е и на нив, но ете, дете ко дете, ќе трча по плажа, ќе шлапка. Како се справувате вие? Предлози, совети?
Сите деца истото го прават, ниедно не седи мирно. Не му се секирај, убаво ќе си поминете. Моиве најмирни беа на одмор, иако беа така побесни како тодлери.
Тоа изгледа само во мк го има. Кој те гледа бе во друга држава. Овде кај што сум на одмор жени голи само по гаќи одат и само јас ( вака ) ги загледувам. Дека од Македонија. значи пушти си дете раат да си одмори да се изнаигра. Луѓе сме што има да ми смета мене дете на плажа ако збори ако шлапка и сл....(се зедов јас за пример)
Баш имам искоментирано над тебе , од најнемирно дете на одмор беше супер . Цело време си ја имаше слободата , само го пазевме да не оди кај други луѓе ама немаше такво нешто . Нормално ке трча ќе шлапка па на плажа е што да прави . Ич да не се секираш ќе видиш ќе се изненадиш
Ау, добро е, се потсмирив малку ко прочитав вакви мислења. Стварно максимално пазиме со сопругот да не нарушуваме некому мир, но имм чувство дека на останативе луѓе се нешто им смета со децава. Не само кон мене, туку општо кон мајкиве. Сум гледала у авион како вртат очи, на игралишта, натпревари, маркети, ресторани.. Знам дека они немаат деца и имаат право на бездетен живот, ама некако не и на бездетен свет. Изгледа јас сум си таква малку кога станува збор за ваква работа, па се нервирам.. Фала ви женски <3
Ја кога барав смештај наидов на куп смештаи означени дека исклучиво возрасни примаат. Така да ако некој нејќе деца околу него може да си бара таков смештај. Е сеа да не иде да им фрла песок у глава или слично. Мојата лани имаше 2 години и некој месец, тој период беше оперирана од срам, одеше кај некого ако и се насмее, ги прашуваше што е ова што е тоа, тантруми на плажа нормално… нормално ја прибиравме ама воглавно позитивни реакции беа.
Како некој со 2,5 годишно дете. До максимум пазам дали во парк, ресторан, па и на одмор смета на некого. Ќерка ми е од тие што сака се да види, да движи, да се шета , да префаќа. Лично мене ми смета туѓо дете да дојде кај мене и да го прави тоа, автоматски сметам дека и моето на некого му пречи. Тргнав на одмор со мисла дека моето дете е моја и на сопругот одговорност и ние сме тие што треба да ги контролираме тантрумите, да и наоѓаме занимации итн. И поминавме супер. И таа беше далеку помирна од очекувано ама на крај на денот, па и одморот јас бев таа што е преморена. Битно без инциденти, без сметање на други во сместувањето, без нереди на плажа, што бараше комплетно наша вклученост ама тоа што е. Нека сум мрчатор ама ми сметаше - деца постојано пуштени низ вилата од рано утро до доцна ноќе да трчаат и врескаат и тропаат со топки. 5+ години и постари од тоа. Се прибираа во соба само за ноќно спиење. Родителите не ги бараа дури ни за јадење, се случуваше и ако нас не зачекаат да јадеме, да седнат кај нас. И не е проблем, слободно нека јадат, не сум одбила на никој храна да споделам. Ама ми е неодговорно 10+ часови дете да не побараш каде е. Или префаќање по лични работи. На другарка ми дете е такво, да додека не отвори во чанта/ранец, додека не префати се, не се смирува. Таа е во фазон, дете е. Јас од една страна завршувам со собирање по маси/клупи, парк зависи каде сме, собирање на куп работи, па пазење да не изгубиме нешто битно, било документи, било телефон, клуч, пари итн. Од друга страна ни сум во позиција да подвикнам, ни да воспитувам туѓо дете, ни да нешто плус. И кога се дома дојдени, секое шише од ќерка ми е отворено, од секоја чаша пробано како се отвора и се пие, од секоја лажичка искористена. Нема граници што смее и не смее да се фаќа.
Така си имате умислено дека сметаат, сите деца истото го прават на одмор, туѓите играчки се поинтересни па макар си понела цела приколка ваши, туѓите грицки се послатки, се туѓо е поубаво. Запознавајте се, ширете познанства, соберете ги децата на плажа/двор, играчки на куп, смислете игри и седнете со родителите испијте некое пиво. За сите е полесно така. Секој родител што тргнал стотици километри на одмор е свесен дека ќе биде напорно и треба да е спремен дека нема одмор. Олеснете си и не се оптоварувајте многу, ќе видите дека повеќето не се замараат, ќе се опуштите и вие со тек на време
Каде бевте на одмор ако не е тајна? Септември средината сакам да одам ама се мислам каде со 2.5 год.и плус во Септември денот помал е и незнам каде да одам во игра ми е Ставрос.
Се вративме од одмор и да сумирам за плажи на Ситонија: Никити - Кукунари бар со паркинг Сите лежалки се со конзумација, од 100-40 евра за 2 возрасни. Добро е средено, тоалети чисти, еден дел од лежалките е под сенка. Плажа песочна, нешто покрупен песок. Влезот не е баш пријатен, со камења ама не меки, некако набиен и детево не сакаше да оди, го влечевме ние по тој дел. После тоа следи песок и водата е чиста. Многу е плитко, не стигнавме до длабокиот дел бидејќи е далеку од самата плажа. Н. Мармарас - одлична графска плажа со голем простор за своја опрема. Планиравме да шетаме повеќе, но со смештај на плажа која е прекрасна, половина одмор го поминавме тука. Одамна не сме носеле своја опрема, всушност и немавме, па купивме и добар избор направивме. Ако сте решени за Неос, исклучиво сместување на плажа. И што подалеку од градо. Во близина на плажата има топ пицерија, гиро и таверни, па ако не готвите, има каде да се јаде. Во бич бар не одевме тука, ама сите беа под просек, доста збиени и се плаќаше сет плус конзумација. Градот е на брдо и доста напорно за шетање, ама многу интересно и со шмек. Не е баш како останатите селца. Трани Амудиа - Ла луна бар со паркинг Водата фантастична, песок на плажа, влез и секаде каде што пливавме. Плажата е долга и широка. Има и голем простор за своја опрема. За наредна година го пикирав местово, многу ми се допаѓа. Барот е топ, одлично среден, персоналот прељубезен. Со конзумација од 100-20 евра за сет. Торони - бич бар на самиот влез Плажа со ситни каменчиња, некои велат песок, ама многу крупен. Водата стакло, нешто потемна боја. Негативна страна е што веднаш е мноогу длабоко. Исто има многу простор за сопствена опрема. Самото градче е мало и паркинг најдовме само на почеток, а имаше и други барови со конзумација што беа добри. Се на се, Ситонија е прекрасна. Има уште барем 5 плажи кои не ги посетивме бидејќи немавме време.
Ние бараме сместување а да е плажата блиску. Имаш некој предлог за сместување во Неос Мармарас? П.С баш убаво вака што опиша, од помош ќе ни биде
Фала. И мене ми фали ваков опис, затоа решив да напишам искуство, верувам ке се најде некому за дали да оди или не. За жал немам предлог. Отвори мапа и читај имиња, па конактирај ги на вибер или фб/инста. Така правам јас. Јас од декември имав резервирано.
Ние бевме во Неа Врасна одма до Ставрос е. Мене не ми се свиѓа тој дел. Длабоко е морето, плажата е камења и има секој ден бранови. Ваљда и Ставрос е слично така
Лани малата беше у прејак фазон, со мм не можевме вода да пиеме, доручек во тил едвај со сите тракатанци чуда извадени. До нашата куќичка (бевме во камп) имаше пар Бугари со 3 големи деца веќе, најмалата им беше 6-7 години. И така не пратат ден, два три, и еден ден ја слушам како и шепка на ќерка и да ја заигра мојава малце за да може да јадеме на раат. И стварно, девојчето дојде, се разбраа некако, играчки чуда, па успеавме и кафе да испиеме. Солзи на очи ми дојдоа тогаш, во молитви ја спомнувам жената.
Ставрос и Неа Врасна се дијаметрално спротивни. Во Ставрос плажите се песочни и плитки, особено како слегуваш надолу кон третиот крак. Неа Врасна ја избегнувам поради тоа што е длабока, камчеста и доста е брановита, ова од искуство на блиски знам дека не се оди таму со мали деца. А Ставрос, па и да фатиш накај Олимпијада, плажите се поинакви.
Читам читам, со ѕверкава дома што не е очи да тргнеш од неа, на рати оди читањето На Booking следам па за reviews читам и на Trip advisor и на Google а и предлогов не ти е лош да ги контактирам на фб/вибер
Ти пишала и Ана. Ставрос не е ни приближно како Врасна. Годинава бевме, каде каде плажите и морето се пофини. На 12км од Ставрос е Олимпијада, таму па тек колку е убаво. Чисто море,тиркиз боја , плитко , песочни плажи... @ija не знам колкави деца имаш. Ако сте во можност да патувате ~15км на плажа ( Бабилон плажа на пример ) тогаш сместување во Ставрос ви е одлична идеја . Мада и плажирање во сам Ставрос не е воопшто лошо . Ние бевме сместени на сама плажа во Ставрос , ама од сабајле одевме Бабилон . До кај 12 таму после си идевме дома на спиење и одмор и поручекта накај 17ч си седевме до зајдиаонце на нашата плажа . Преубаво поминавме. Син ми е 3 ипол год и сака да се вози . Така да возењето по 20-30 мин до плажа ич не ни беше проблем
Баш убав опис направи. Ние во Август одиме во Торони и малку ми е криво што пред време не истражив за плажата дека е одма длабоко, а сме со 3 годишно дете. Како е во Неос Мармарис со паркинг, се наоѓа ли блиску до плажа?