Не обратив внимание баш, ние имавме од вилата паркинг. Дел од луѓето паркираа на самата улица, доаѓа како главна улица, но не е легално, на ризик е за казни. Е сега, не одевме до самиот крај, можно е да има накај Порто Карас. Ни ја препорачаа Каламици како многу плитка, ама немавме време да ја посетиме. На 3 години најверојатно не знае да плива, па секако е со гума или елек, односно мускули. Плус со вас ке е, па нема да е проблем. Ние сеуште не го пуштаме сам во вода, смее само до пазуви да оди, ако е плитко, и ако сме ние на чекор од него. Плус знае да плива. Така правевме кога сме со наша опрема, и се местиме веднаш до море и е под надзор. Ако сме во бич бар, се подразбира дека еден од нас се бања со него.
Не е страшно, четврта година доаѓам во Торони и врие од деца, нема никаков проблем. Воопшто не е плитка, исто како Торони само песокот е поубав ама водата поладна.
Плитко е во Каламици, баш е за деца плажата таму. Макар и во Торони, не знам каде сте биле што викате дека е одма длабоко. Во Каламици песокот е поситен само.
Во Неос Мармарис не се плаќаше паркинг никаде барем лани. Ние бевме на шеталиштето сместени баш карши градскиот паркинг (како во Охрид на езеро во центар да се паркираш) во станот имаше место за 1 кола да се паркира, кога прашавме колку се плаќа напред газдарицата рече бесплатен е паркингот само место ако најдете. Па по плажи одевме со една кола а другата ја паркиравме на паркингот. Не е длабока плажата, барем не таа кај што бевме ние во Торони.
Не е ни автопат Уличе со 1 тротоарче и куќи лево десно, неколку таверни тек тук раштркани и продавнички. Бевме на викенд сега, дете од вода не излезе, до колена вода и ситен песок. Јас поубаво си поминав 3 дена таму, него 7 во Турција искрено. За август/септември ќе барам пак смештај ама во куќите понапред, таму ми е поживописно морето, само приватни плажи се од куќите и може да има камчиња и ежиња, ама нас не ни смета, тоа сакаме
Резервирано ми е, ради плажата/морето, изгледа топ. Ваљда има барем маркет? За шетање се оди во Никити и Н. Мармарис, или не се исплати ни таму?
Никити ти е поблиску, поубаво ми е Марамарес. Хинт, првото ресторанче во Никити е на Битолчанец Никити има на шеталише многу гужва. Мармарес е узбрдо горе доле, ама специфично ми е, повеќе ми се допаѓа. Ако не сте шетале во Никити, шетајте таму, попрактично ќе ви биде. Паркинг и во двете е предизвик. Смештаите во Вурвуру во сите до сега што сум била, едно 4-5, сите имале дворови со реквизити, на деца досадно не им е. А овој пат и маж ми си играше со газдата пинг понг, а јас си спиев
Сори, има маркет нормално . Гарлик ресторанчето е топ за гиро и сендвичи, таверните едната до Вергос Хотел, другата пред Вергос, и двете на море (не ми текнува на имињата) и тие се добри. Масутис и Лидл имаш во Никити према Вурвуру, таму за поголеми пазарења нешто ако ви треба.
Ние бевме на самиот влез, нема куќи/вили, почнуваат понатака. Влегуваш и веднаш е до колена, следен чекор до половина, натака е над мене. Зборуваме за макс 3 метри и веќе е преку 2 метри длабочина.
Масутис е баш во градот, реновиран и огромен избор на се има. Лидл е од карши, треба да излезеш од градот, плус наместија ограда додека бевме таму, многу прекршоци правеа на 2 полни и го затворија тој дел.
Моето ќе биде 17 месеци кога ќе одиме. Не знам како ќе биде, прв пат одиме на одмор со него и знаејќи го какво мало торнадо е немам никакви очекувања освен дека тоа ќе биде умор а не одмор ама барем умор на море Само тоа сакав да ти кажам, не очекувај ништо и можеби позитивно ќе се изненадиш и ќе се одмориш Секако се си зависи и какво е детето
Не застанува една секунда надвор. Искрено малце се плашам. Од корито едвај го вадам, којзнае како ќе биде таму.
Efi studio нешто така и тие околните неколку пред и после нив се на тој дел кај што ми е поубаво. Иначе плиткава плажа и песок се кај Акти и накај Вергос Хотел тука исто има многу вили и простор за свој чадор. Ама се зезнав овој пат што не направив извидница на куќите што ги нема ни на мапс ни по страниве за букинг, а има доста такви, требаше да поминам една вечер и да видам кој има ознака со телефон. Имаше едни германци, буквално портата им беше на плажа и не ги прашав за контакт, ќе си пукнам.
Епаа нема тогаш што да се тешиме И мојот е таков, не застанува. Не знам што е полошо, дали да не можам да го извадам од вода или ко моево што со сила го бањаме па пошо не сака вода ќе треба да го бркам по плажа цел ден
После 2ипол полесно е малку? Да ме утешиш малку.... Се си мислев една годинка ќе наполни полесно ќе е Нека се живи и здрави само