Ние не живееме Мк затоа не пишав име на кесички ама прашај аптека нешто за против пролив ќе ти дадат. Спреј има и во Дм воопшто не печи на рана ама ја дезинфицира ама и тоа побарај аптека се ќе ти дадат
Да, ок се сирупчињата. Антисептик Spoiler Има и поголемо пакување што е поисплатливо, ама мене ова малечково ми е попрактично. Или било каков антисептик, хидроген 3% има спрејче. Крем за модрици и џумки ваков Spoiler Ова е најефикасно нешто што го имам купено. Многу помага, вреди да се има дома. А за пролив кесичките се викаат Смекта, ги има во сите аптеки (за возрасни и деца има посебни). Едит: ама не сум сигурна смекта за од која возраст се, да прашаш во аптека
Зависи колку ти кака детето Ќерката какаше максимум еднаш на ден, некогаш и преку еден ден на таа возраст. Никакив ризик да се искака. Синот сега кака минимум 3 пати на ден, може и 5. Гол нема шанси да го оставам, огромна е веројатноста да ми се искака. Си купив пелени за пливање, не памперс туку шушкави. Мочаното не го упиваат, истекува, а ако кака ќе го фати и пелената после си ја перам.
Ако одиш во Грција и во местото каде што ќе сте ако има аптека и они имаат аериус сируп(ако даваш за алергија) исто и сирупот за тт и таму има далерон дури некако нивните и по ефикасни ми се покажале. Др што носам е спреј за нос и пумпица ако не знае да дува нос, биди спремна на еден тон мрсули Сируп за пролив(фурал) и повраќање( капки на база на ѓумбир се) Електролити и пробиотик Топломер
Не се ослонувајте многу на грчките аптеки,на пр. Во Флогита видов една аптека која не работеше во недела,а баш тогаш ми требаше стерилни гази да купам.
Може, секаде е различно. До сега само 2 пати ми затребало аптека, среќа имало во местото каде што сме биле.
Далерон, блокмакс, аериус, пробиотик, омега сирупот дека ни е секојдневие и дома, неколку ќесички електролити детски на бекутан за секој случај, диолин ќесички против пролив, синопен за после убод (го прават решето и тука комарци), џинџира спрејче
Гледам повеќето носите гази, алкохол, хидроген за чистење рани. При какви случаи ги употребувате? Што знам до сега гази, завој не сум употребила за деца, хидроген само ако падне и и потече крв на раната за да ја исчистам па да ставам кантарион,но тоа ептен ретко, 1-2 пати во цело лето.
За пролив многу се добри Пролајф суспензиите. Малата уште првиот ден имаше пролив, од едно шишенце и помина. На одмор не одам без јаглен, пробиотик, електролити, лоратадин, синопен и блокмакс. Место синопен мачкав едно гелче Фленти на убод од комарец и ефикасно ми се покажа.
За болно грло конкретно ништо немам давано досега и не носам со мене. За кашлица инхалации кога има потреба. Носам и инхалатор со мене, пошто е склон на бронхитис.
Баш кога не сум носела, ќе се исечеле, паднеле и направеле поголема рана итн, ќе згазеле на некое незгодно камче ќе се сецнеле... За тоа највеќе. Носам гази стерилни, хидроген и Виоплекс-Т спреј.
Па нас последни минути во апартман зимата малаава ни падна директ со устата и прво што ми текна да и ставам во уста за да престане да и тече крв беа газите. Инача да, ги користам и за бришење очиња со физиолошки ако имаат гурелки
да те надополнам за по пат обавезно лижавчиња против лошење. Јас носев од тие лижавчиња , лижавчиња за болки во грло, електролити линекс јуниор (само што појдовме големиот фати пролив од водата ама безо се исчисти) црн јаглен, парацетамол и омега
Јас носам цела аптека, далерон, блокмакс, ентерофурил,лоратидин, виранто,амоксиклав или друг антибиотик со широк спектар, хидроген 3%, алкохол,оксикорт спреј,топломер, инхалатор, физиолошки, пулмикорт, лепенки, фластери, шприцови и игли за инхалациите, пробиотик, електролити,активен јаглен, лижавчиња за повраќање, спреј за нос, спреј за грло ангисепт бејби, лепенки за температура, капки дексаметазон неомицин, антиметил таблетки против гадење.Сето ова и дома го чувам освен антибиотикот и вирантото тие ги земам по потреба. Плус носам лекови и за нас еден несесер, како подвижна аптека сум.
Здраво, дали може да ми предложите места за летување Грција поблиски за со дете 20 месеци некаде кај што нема комарци ( лани бевме Неа Модања убава е о без комарци, ама би сакала да сменам да прошетам). Исто , да не е пусто пошто најчесто околните градчиња ги шетаме... Ви благодарам