Па веќе можам да препознаам по дишењето. Ама тука секако го носам на лекар. На пат, досега не сме имале потреба, ама ако осетам дека дише потешко или крчи/свирка при дишење би почнала, не се мислам многу. Инхалирам со синомарин и будесонид (cort-air, pulmicort, pulbien зависно што имам). Вентолин кога ќе ни каже лекар, ама тоа одамна немало потреба за среќа. Го имам секогаш дома, ама не носам на пат. Друго ништо, солено спрејче и септаназал по потреба, витамин Ц. За чистење, дезинфицирање рани, гребаници, исекотини.
На овие лижавчиња мислиш или на други ? https://zegin.com.mk/mk/denti-pop-lokomotion-lizhavche-protiv-gadene-pri-patuvane-za-deca https://zegin.com.mk/mk/zdrovit-prevomit-kids-6-lizhavchina
Не знам дали пишувам во правилна тема ама ми се виде како најактивна па затоа решив тука. Син ми ќе биде 17 месеци кога ќе одиме на одмор. Е сега прв пат ќе биде да одиме на подолг пат и да се вози толку време во кола. Прашањето ми е со што ги занимавате тоа време во кола? Моето не застанува и ако не спие не знам што ќе правиме, така да било каква идеја е добредојдена
Било какви, имаш повеќе избор, прашај во аптека ќе ти понудат, во Зегин земав јас. Додека малото беше на таа возраст, ист беше, му носев книги, сликовници, па дури и боенки да боиме, играчки, коцки, пуштавме песнички и игравме, пеевме.. таблет детски исто е добра занимација, цртавме и на него со пенкалцето, неколку пати застанувајте правете пауза, тргнете пред да има дремка, барем саат ипол-два да си раат во кола.
Што носите на одмор за дијареа кај 19 месечни дечиња? Досега сум немала таков проблем и не знам што да и земам за секој случај. Исто и за повраќање дали за таа возраст за патување има нешто? Досега кога сме патувале по сат два немала проблем со повраќање не знам дали да земам
За дијареа смекта прашок, за патување има лижавчиња, прашај во аптека. За повраќање Наусолвит капки, на база на ѓумбир.
друштво, дали знаете каде може да се прочитаат коментари што, на пример јас сум ги пишувала во групи ама поодамна, као пред години? ми треба да се потсетам за во една група нешто
А Каков инхалатор обичен или некој помал за на пат да не имате хаха? Мојов е огромен а барам некој таков за патување мал
И мојот не е нешто мн мал, на Емед е, носи си го со тебе, мене тој ми е спас, кај и да одам со мене си го носам, зошто и мојов спушта одма на плуќа.
Обичен, не сум ни помислила да купувам друг за на пат. Си има торбичка, ја пикам цела во куфер, ко несесер плус да сум ставила, не ми прави разлика.
Ќе патувате кога му е време за спиење преку ден, или ќе патувате доцна навечер, за да заспие. Било кое друго време е мачење, главно за тебе.
Не знам што е подобро, ако тргнеме навечер ќе стигнеме порано а собите се преземаат од 14 часот. Дремката му е околу 12-13 часот зависи дали е дома а претпоставувам тоа време би стигнале. А ако појдеме тоа време би ни отишол цел ден, плус сабота ќе биде, гужви на граница... Мислам првава опција е подобра, па ќе се молам да сака во количка кога ќе стасаме и така да дремне.
Ние секогаш патуваме навечер и кога ке стигнеме одма одиме на плажа па после кога ќе дојде време тогаш во смештај .. види дали ти е изводливо така
не знам каде е тоа да се преземаат собите во 14h. Од 10-11веќе се почнува со преземање. Ние Црна Гора во 10 бевме стигнати и 10ипол веќе бевме во станот. Веднаш не однесоа. На плажа од 12h појдовме