На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    на тему. Јас за 180 ден зедов
     
    На mandarinkafinka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mandarinkafinka

    mandarinkafinka Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2024
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    17
    Фалаа
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Ти како маж ми :)
    Што ќе сме правеле во авион? Третина од авионот се деца, бебиња, ама нема разбирачка. Отпадна Турција, а ако сака Грција нека си оде сам.
     
  4. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Јас пред да имам дете бев од тие што превртуваат со очи кога некое дете вика урла се лигави ако нешто не е по негово и си викав не сум должна да го слушам ова. Уствари и сега исто мислам, син ми знае да има испади и не сакам да не слушаат и гледаат сите. :)
    Дај да се смениме со мажите и сите ќе имаме одмор кај шо сакаме :rofl:
     
    На Fenix05 и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.182
    Пол:
    Женски
    Два пати сме летале за Анталија, лани кога малиот имаше 20 месеци и сега во јуни на 2 ипол години. Сите 4 летови ги преспа, ноќно време се. Буден беше само на аеродром. Во авион влегувајќи им мавташе на сите, а заспиваше уште пред да полетаме.
     
    Последна измена: 26 јули 2025
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    9.786
    Пол:
    Женски
    Јас се опседнувам на плажа и приметувам одма кога ќе се свртат луѓето на секое викање, а најјако е што тоа се луѓе со поголемки деца, значи го поминале тоа и одма го грабам во раце и го носам на страна да не тероризира..
     
    На Mother of 2boys и Ena05 им се допаѓа ова.
  7. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Нас прв одмор ќе ни биде, лани глупава си викав многу е мал, не одиме годинава ама сега сфаќам дека тоа ќе било стварно одмор. Не знам како ќе е , да не зборам пред време ама мислам иста ќе сум ко ти. Јас и тука ако сме излезени и почне да изведува одма пакувам парталите и ајт дома.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    9.786
    Пол:
    Женски
    Лани бевме 3 пати
    1 на 4 месеци
    2 на 6месеци
    3 на 8 месеци
    Ме ра ци!!
    Најголем проблем ми беше како да цица на лежалка покриена со 3 пешкири,што ќе каже народ - будала.
     
    На Skyler, Tea SK и Carolin. им се допаѓа ова.
  9. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Ќути сеа, теши се дека има поголема будала од тебе, цело лето дома скиснав, сите по одмори, на работа со обврски, само ја дома дека на породилно. Не можев да шетаме дека топло и плус не сакаше многу во колича, ќе се раскенка и ајт дома и после зошто одвај чекав да тргнам на работа :D П.с не го доев, ки таков "проблем" ко твојот ќе немав на плажа :D
     
    На Tea SK и Fenix05 им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    10.804
    Пол:
    Женски
    Тебе не ти е поголемо од моево?
    Лани бевме во септември на одмор на 2 ипол месеци :D.
    Кома беше пола одмор, једини проблем ми беше што прв пат после пораѓај добив кога стигнавме, па поради тоа не можев да се бањам, зашто лудило беше прв циклус после пораѓај.
    Памтам таму скроз ми се одби од доење, се изнаспавме. Рачунај уште едно дете имам, тогаш имаше 3 години.
     
    На sani99, Carolin. и Ena05 им се допаѓа ова.
  11. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Јас ти викам храбра си, ти не, луда сум :D Уствари, комбинација од двете:D Поголемо е малку моето, уште малку 16м. Може дека прво дете па ми беше страв, му се тресев. Касно сфатив дека лани ќе било одмор а не оваа година ама јебига, тоа е.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    1.495
    Годинава ново време имаат за прием и напуштање на собите во хотел Jenny , Сивири...
    приемот е во 15 часот по грчко време што е многу касно за децата.......
    а напуштање е од 9 до 12 часот..
    Има ли шанси да се моли за порано да не сместат? кој бил во хотелот сега скоро па да сподели .
    И колку се лежалките на плажа, да не знае некој?
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    Искрено најубаво е со авион и пример јас како 90% тука членките не би се нафатила со кола. Како некој со искуство со патовање со авиони само ќе кажам дека за со деца е најопција, само 2 саати си во авион, темпираш секогаш да спие бар малу, можеш да станеш да прошета, некоја занимација и сте стасале. Моиве не седат во кола 2 саати е максимум со маки, не па плус.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски

    Како еднсотавно го кажуваш ова, мислиш авионот во двор ти е паркиран се качуваш, возиш два саати и готово :D

    За лет од два саати имаш мин 6 саати акција.
    Прво, аеродромите се надвор од градовите, се возиш барем еден сааат до аеродром, треба таму да си 2 часа пред полетување, чекираш багаш, чекаш ред, се качуваш авион. Леташ 2 часа, па таму додека се симнеш, па чекаш пасошка контрола, па багаж чекаш, и пак од аеродром до местото кај што ќе си у најмала рака имаш возење 1 саат.

    Мене ми е исто со кола и авион, психички ако си спремен, тераш и не му ја мислиш. Со бебе, тодлер сум патувала и со кола и сум летала со авион по 10 часа.
    Не џабе велат: ако сакаш - наоѓаш начин, ако не - наоѓаш изговор :)
     
    На Sss26, Lady Miami, Kom.pot и 21 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.278
    Допаѓања:
    330.860
    Пол:
    Женски
    Кај мене сите 3 сакаат да патуваат со кола.Валда зависи и од детето не знам..Ама со кола сме секаде.До Србија,Грција,Приштина,до Германија сме возеле со 14 месечно бебе.И проблеми никогаш не сме имале.
     
    На Lady Miami, kozuf, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажиш дека се тоа во движење е понапорно од дете да ти вришти со саати во кола кај што не може да мрдне? Не знам дал знаеш ама скоро секој аеродром има игротека, дете игра ти пиеш кафе ауу напорно ама е. Мене не ми е, како некој што има 40+ летови со деца можам да кажам дека со дете имаш предност на чек ин, имаш предност на пасошка, предност на бординг се тоа можеш и него да му го направиш забавно.
    Епа мене психички ме утепува вриштењето оти не сакаат врзани и чекање на граница со саати оти цела Мк оди Грција него ли ова што ти набројав.
    На кој како си му е поубо
     
    На kozuf, SuperGirl24 и BlackNight им се допаѓа ова.
  17. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Секој си знае за себе. Познавајќи си го детето ама ич немам намера да трчам по аеродром по него и да се нервирам уште не тргнати. Сум гледала деца тодлери по аеродроми што се маваат од земја зашто пример капата му е на криво и сум превртувала очи. Не сакам да сум сега јас таа у која ќе гледаат и да тероризирам други недолжни. Сме оделе на подалечни дестинации кога сме биле сами ние двајца и сме уживале, сега додека е мал тука блиску кај што е 3-4 саати со кола, и да плаче и да се тегне ќе застанеме ќе направиме пауза и тоа е. Има време кога, ќе порасне па ќе шетаме и подалеку со авион. Пак ќе кажам, ова си е мое мислење, за други може не е ок ама за мене е. Секој си знае за себе.
     
    На Mother of 2boys, MilaSs12 и joy1 им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    Па да, тодлер ќе ти прави драма ако е склоно на тантруми и на бензиска додека правите пауза. Нити тантрумот е тероризирање на некој, те молам оваа тема ич не ја чепкај, пошо тука има членки што се безпомошни во такви ситуации, па и на песок пред море. Тоа нема врска со начинот на патување. Шо знам и среде ноќ сум патовала и тоа сама со деца, па не сум имала драми, како што кажав гледање авиони, игротека, јадење се тоа ми е исто како да сум во трговски.
    Мене коментарот не ми е за да се убедувам како е поубо туку да охрабрам некоја дека воопшто не е страшно и од моја гледна точка полесно.
     
    На 1209, Aschenputtel, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.088
    Допаѓања:
    13.454
    Пол:
    Женски
    Не знам со авион, не сум била со деца ама за со кола и јас те охрабрувам дека воопшто не е страшно, спремаш во кола се од вечерта, ноќе само ги префрлаш од кревет во кола и спијат до дестинација. Паузи за 4-5 саати не правиме освен ако мора. Играчки, занимации, храна спремаш се исто како за во авион ако затреба и тоа е тоа.

    Инаку и мене ќе ми биде напорно цел процес од дома до аеродром, па авион, па стигање до локација, посебно што немам контрола над ништо, а децата не можеш да ги програмираш кога баш да спијат, да какаат, да бидат мирни. Вака со кола си правам организација како нас ни одговара.
     
    На kozuf, CareTee, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  20. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Не.
    Првично сакав да репицирам на твојот заклучок дека " со авион е најубаво". Да кажам дека не е така пошто тоа е индивидуално истуство. И дека и двете опции имаат и позитивно и негативно

    Сакав да кажам дека возењето со авион од лет 2 часа, не е завршено за 2 часа.
    Исто сакав да кажам дека нема полесна или потешка опција.
    За некој возењето со кола е вриштење на дете, за друг е дете што спие.
    За некој летањето со авион е игротека и лет од 2 часа, а за друг е малтертирање во движење од 6 часа.

    Нема што да го идеализираме едното или другото. Секој ќе си одлучи според детето.
     
    На Lady Miami, Калатеа, Amelia. и 8 други им се допаѓа ова.