1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    10.804
    Пол:
    Женски
    Што сируп за алергија да земам за на одмор? Има нешто разлика Цетиризин, Летизен, Руапфин, Аериус? Битно ми е да може за дете 1 година и дете 4 години. Немаат алергии ама за не дај боже за било каква алергија.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    Рупафин или Аериус (го нема веќе ама има замена).
     
    На Lady Miami и Tea SK им се допаѓа ова.
  3. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    3.630
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство Аериус. Составот е Леволоратадин. И ако го нема то,ј некој со тој состав. Јас пијам таблети и обично земам Лентрика, ама не знам дали има сируп.
     
    На sani99, Fenix05 и Tea SK им се допаѓа ова.
  4. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.881
    Пол:
    Женски
    @bella12 не сум те заборавила, реков ќе ти пишам искуство за Јерисос, уште сум тука а и општо за сите ќе пишам впечатоци од местово :D

    Местово е баш фамилијарно, има и со поголеми деца и со помали. Плажата е огроомна песочна, има простор за сопствени лежалки и лежалки од кафичите. Цените за лежалките се од 5 до 10 евра без пијалоци. Капучино во кафич е отприлика 4 евра, за носење нешто поевтино, пиво кригла 5 евра, пица 11 евра, гиро 5 евра итн.

    Морето е тамански со температура за пливање, на почетокот плитко со ситни камчиња и песок и одма почнува длабокото и таму е повеќе со песок. Ние стануваме рано и одма одиме на плажа, ама овде некако друго функционираат, плажата се полни после 11ч. Сабајле знае да е ветровито и со бранови да е морето, а попладне е преполна плажата, морето мирно, топло мерак за пливање :inlove: Ние сме на 50м од плажа, морето си го гледаме од тераса па заради близината одиме сабајле и попладне.

    Има занимација и за деца, вртелешки, оние количкине за возење што се удираат една со друга :D итн итн. Има така долго шеталиште, доста ресторанчиња. Мал минус е што немаат мн избор на храна, риба има, морска храна, гиро, ладен сендвич, пици, ражничи, за разлика од нашиве ресторани, тука е каде каде помал изборот, ама пак има што да се јаде :D

    Времето си е топличко секој ден, еден ден само се погоди по ладен и со силен ветер.

    Во глобала е место баш за одмор, нас ни се погоди зошто тоа и баравме, оцена 10/10. Обично не одиме на исто место 2 пати, секоја год менуваме така авантуристички, ама тука би се вратила за некоја година пак.

    Еден морски поздрав од мене :d: :hai:
     
    На sani99, kozuf, koritsaki и 10 други им се допаѓа ова.
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    8.287
    Пол:
    Женски
    Да те прашам, тоа одма длабоко колку е, на пример влегуваш до колена и оп едно метро или не е толку длабоко?
    Бидејќи кога велите одма длабоко некако ме асоцира влегуваш еден два чекори до колена и после тоа одма до кај едно метро длабочина.
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.003
    Допаѓања:
    18.919
    Пол:
    Женски
    За мене одма длабоко е кога на три чекори водата е преку мене. На краците, Торони и Пефкохори се такви. Буквално на чекор од гради е над тебе.

    Постепена длабочина има Каликратиа и Неос Мармарас, каде одиш и длабокото доаѓа на 10+ чекори. Значи имаш сенс и полека стигаш накај длабоко. Никити, Ханиоти, Сивири се таков тип.

    Ептен плитко е на Голден бич Тасос, каде не стигнав до длабокото, буквално нема крај плиткото до колена.
     
  7. mari30

    mari30 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2025
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Фала многу на деталниот опис. Дали има тушеви на плажата? Прв пат со бебе и тоа ми се уврте во глава :D
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    9.786
    Пол:
    Женски
    Горе доле има секаде тушеви,ама на туш сигурно не би го бањала бебето, ладна вода е што тече. Или за друго прашуваш?
     
  9. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.881
    Пол:
    Женски
    Даа, има тушеви и тоа може над 5 да се зошто плажата е голема.

    @bella12 во чекори ќе му дојде 10 15, не баш одма дека е до колена, ама така метро отприлика е плитко и после почнува длабокото. Инаку и јас обично сакам по плитки плажи ама па еве ќерка ми е неполни 2год, со маж ми си е, ја носи во подлабокото со гума за пливање, она ужива. Така да, многу не ни менува дека е по длабоко. Нз колкаво дете/деца имаш, ако се мали, со гуми/мускули и со родител, ако пливаат сами, тука на почетокот ќе си пливаат.

    Инаку прошетавме и до други две околни плажи, Kakoudia и Poco Loco. Колите да не ги мислите, има паркинг на секоја плажа. Пресоблекувални и тушеви исто.

    Kakoudia има барче, пуштаат летни хитчиња :sun: ние седевме на нивни лежалки, коктелчиња :d: имаат од 9+ евра, кафе 4+ евра, за јадење исто има. Има простор за сопствени лежалки.

    Poco Loco е малку по релакс плажа, исто има барче, пуштаат реге музиче :music: :d: по приватни се лежалките за разлика од кај Кakoudia што беа едни до други. Кафе, храна, коктели сè има.

    Тоа би било тоа, ако нешто ве интересира, прашувајте :angel:
     
    На kozuf и mari30 им се допаѓа ова.
  10. mari30

    mari30 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2025
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Fala, za mene prashuvam bidejki go dojam i mora da mislam sega i na toa. :)
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mari30

    mari30 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2025
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu! :inlove:
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    8.287
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на споделеното.
    Секако дека не пливаат сами без надзор и со гума / мускули се.
    А за плитко ми беше дела ептен на почетокот да е за да си играат со песокот. А инаку за внатре во вода не ги оставам сами
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Препорака за одмор од 2 3 дена некаде во мк. Охрид не. По можност да има базент и активности за дете. Од Струмица ќе тргнаме па да не биде некаде далеку. Фала.
     
  14. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Хотел Радика Маврово
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    24.868
    Пол:
    Женски
    Носи си шише со вода и ќе си ги миеш само градите.
     
    На mari30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    946
    Допаѓања:
    684
    Катастрофа е Радика, пред еден месец бевме, собите беа многу прљави, надвор играчките за деца цели искршени, појадокот шведската маса . . . .
     
  17. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Некаде препорака струмица штип се до скопје. И дали некоја знаа како се движат цените за аквапаркот во пробиштип?
     
  18. Anifani

    Anifani Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Ќе ве замолам за совет,бебето ми е 4 месеци и две недели,на одмор одиме во недела и ова нели прв одмор ќе ни биде ,одиме во Грција..Ме интересира што ми е неопходно за да земам со себе што би ми било потребно за него,од лекарства,козметика и дали и со што доколку може мачкате толку мало бебе за фактор за сонце? И дали има некаде во Скопје онакви за заштита за прозор за во кола? Поздрав убав ден на сите :hug::f::l:
     
  19. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Земи си сируп за температура, алергија, пробиотик, физиолошки или аква марис за нос, за комарци чико мислам од 0 месеци беше провери и витамини што ми даваш.
    За на прозорите во кола мм зема едни како чорапа се облекуваат на прозорот во продавница за автоделови ама ништо не штири подобро од тетра пелена.
    А за спф не знам дали има за под 6 месеци.

    Убав помин:D
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    Јас вакви нарачав од Тему, супер се. Магнетите се јаки, нема шанси да паднат сами.
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.