1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.829
    Допаѓања:
    36.188
    Пол:
    Женски
    :hug::hug:
    Абе и јас знам дека ќе биде ок :D
    Да ја седнам до прозор? :wasntme:
    Она сама си збори дека до прозор ќе седела додуша и ќе гледала во облаците :rofl:
     
    На Lady Miami и Nala37 им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски

    И мојот така викаше ама на крај шеташе низ авион и правеше муабет со сите :rofl: и на стујардесите не им се веруваше дека нема две години. Одеше по нив кога одеа со она корпата за пиење јадење и викаше "тафее, тафее, тафеее" :rofl: И кај пилотот го однесоа и му вика на крај "машала ти батко колкав си пораснал од сега" два саати ми летнаа со него, на крај заспа околу 40мин. Пред да слетаме
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    Да ја седнеш. Ќерка ми сакаше да ги јаде облаците, и личеле на шеќерна волна :D.
    Не се чуди ако ти заспие на лет, ќерка ми заспиваше не памтам до која возраст, а и малово исто ми заспа сега кога летавме :)
     
    На Carolin. и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.913
    Допаѓања:
    21.874
    Пол:
    Женски
    Денски беше и кај нас натаму, ептен во време на дремка и затоа си заспа без проблем.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    5.245
    Пол:
    Женски
    крај на септември каква е водата во грција за со дете?.
    Не сум била крај на септември па затоа не знам дали да тргнувам воопшто, а гледам температура 24 степени дневна... за прв крак.
     
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    6.258
    Пол:
    Женски
    Лично искуство немам за тој период ама гледам сеуште си одат луѓе и овој период и тоа со деца,така да те охрабрувам да одиш водата е сигурно топла сепак е море и друга клима ,ете можда ноќите да се како посвежи но ќе си земате лесна облека на долги ракави за секој случај за навечер.. така да немој да се двоумите :)
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    13.442
    Пол:
    Женски
    Ладна е. Ние се бањавме ама кога ќе излезевме децата се тресеа. Навечер заладува доста, по долги бевме, исто и сабајле е ладно додека излезе сонцето погоре.
    Ние се вративме денеска баш заради тоа, едното дете почна и да ми кашла, не знам некако ептен променливо е.
     
  8. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Јас не би одела со дете после 10ти септември (иако и до кај 10ти ми е ризик ама ај). Денот е пократок, ноќите се поладни, водата може е уште топла (ако нема некој дожд да олади) ама надвор дете коа ќе излезе таман за разболување. Па и некое ветерче ако фати.
    Што знам, мене овие сите фактори ми се ризик за со дете.

    За без дете би одела. Идеална температура, да си одмориш без гужви, ако е топло ќе се бањам, ако не ќе си лежам.
    Ама иди на дете објасни му до 12 да не влегува во вода.

    А и 24 степени дневна температура за крај на септември не ми е нешто многу. Еве деновиве денски покажува по 25, ама измрзнавме сабајле и вечер
     
    На Skyler, eli25, Isabela23 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    5.245
    Пол:
    Женски
    Па и мене ми е ризик, од таа причина што нема да слуша дека не треба во вода.
    А лично не сум одела септември и затоа сакав мислења.
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    16.049
    Пол:
    Женски
    Најчесто до средина на септември е топла, годинава ај да речам се погоди така да е уште пријатна (што не беше случај лани, каде веќе залади пред десетти септември). Но краток дожд посекако ќе има за скоро и веќе нема да е пријатна. За возрасни ќе помине, за тие што ја сакаат поладна. За деца не верувам и дека воопшто би влегле во вода.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.003
    Допаѓања:
    18.919
    Пол:
    Женски
    Ладна, и тоа доста ладничка.
    Се бањавме лани на 30 септември и тоа неколку пати по 10тина минутки. На плажа беше идеално ама во вода - брррррр.
    Инсистираше да се бања, ама и сам излегуваше.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.692
    Допаѓања:
    186.253
    Пол:
    Женски
    Барем викенд, не пропуштај. Идеално е. Ноќи свежи, денови пријатни, јод во воздух ќе изнадише. Никој никогаш не се разболел од ладна вода. Пред 25 години Охрид беше многу поладен од она што е денеска, пливавме со модри усти и никогаш не се разболевме. А тек па море што е лек за се. Живеев на Јонско многу години, водата е прилично ладна таму и ќерка ми беше во вода од Мај до Октомври. Еве ја 6 години, да чукнам во дрво, само еднаш на антибиотик била, се на нос поминува. Башка пливаат таму цела година, чак и деца. Во чисти води се влегува и кога има снег надвор и е ладно. Вирус така не се фаќа. Освен што се јача имунитет. Може само ако не е чиста водата да се фати бактерија.
    Во ладна вода на повеќето само не ни е пријатно. Па од кратко шлапкање во ладна вода нема ништо да му биде. Само бебе не би ставила во ладна вода поради што нема уште развиен систем за терморегулација. Јас не би се мислела воопшто. :)
     
    На Lolipop23, brm_brm, lovely91 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.003
    Допаѓања:
    18.919
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека на дете ништо, ама баш ништо нема да му е од ладна вода?
    Уринарни проблеми, проблеми со бубрези можеш да гарантираш дека нема да се десат?

    Прошетки и седење на плажа цел ден, апсолутно да. Ама бањање за некои деца и возрасни не е ни малку наивно.

    Не дека јас го смислив ова, доктори тврдат, а впрочем има и студии со докази.
     
    На Aschenputtel и eli25 им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.692
    Допаѓања:
    186.253
    Пол:
    Женски
    Ела @Bubce38 кажи и на @MilaSs12 што вика докторот и колку пати син ти фатил уринарна инфекција?

    Мила, ако детето има проблем со бубрези и уринарни инфекции секако дека нема да го ставиш во вода. :) И друго, да секако нема да му биде ништо од кратко шлапкање во плитко, особено оти нема да стои до глава во вода долго време за да изгуби од телесната температура, туку цело време претка, станува, седнува, скока се загрева. Детето среќно шлапнало во вода, мајката уште посреќна нема потреба да го моли да излезе со саати. :) Вакви денови се прајслес.
    Аман прескокни ме со дрвење на теории, студии и докази на ваква тема. Не е толку длабоко. Знаеме дека си читала. У реду е.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.003
    Допаѓања:
    18.919
    Пол:
    Женски
    Види, мене ништо не ми значи ако на друга мајка, детето не фатило уринарна од ладна вода. И не е правило, секако.
    Не знам зошто мислиш дека е издржан аргумент ако тагнеш една членка, и ако еден доктор каже нема разволувања.

    Впрочем, моето ако фати, сите други да се болни или здрави, сеедно ке ми е, јер моето е болно.

    Ти ноншалантно тврдиш дека на дете, ништо нема да му е од ладна вода на море во септември.
    Доктори, де факто, велат дека здраво дете, и возрасен, од ладна вода, може да добијат инфламација од ладна вода. Крај на септември не е баш така наивен.
     
    На Aschenputtel и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.922
    Допаѓања:
    178.329
    Пол:
    Женски
    Ние и октомври го бањаме у Грција :)
    На 9 месеци се капеше една недела у октомври
    На 6 месеци крај на мај и први денови у јуни исто се капеше у море.
    И секоја година се бања септември па и октомври по два три дена .

    Немаме проблем со бубрези
    А не знам ни што е тоа уринарна инфекција :^)

    Вечер тргнуваме
    Водата била сон :inlove:
     
    На LiquidLuna, Lolipop23, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.692
    Допаѓања:
    186.253
    Пол:
    Женски
    :punch:
    Аааааа ја Октомври повлекувам линија. :D Лани во Мај не можев ни стапала да чувам внатре беше камен, ама не и за нив. Тие си пошлапкаа. Кому како му чини. Сите на крај задоволни битно. :D

    Среќен пат и убав помин. :inlove:
     
    На LiquidLuna и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.922
    Допаѓања:
    178.329
    Пол:
    Женски
    Јас до душа само август, евентуално најрано 20 јули .но септември само до колена :D
    Ама маж и април се капе.
    Шуќур синко не го "тера" и него во рана пролет да се бања :)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.569
    Допаѓања:
    14.075
    Пол:
    Женски
    Инфекција се фаќа од инфект. Уринарна инфекција за да развие треба да има бактерија или вирус. Општо каква и да е инфекција.
    Од езеро може да се фати. Од затворени, гнасни, недоволно исчистени базени исто. Ама од морска вода гарантирам дека не.
    Јонско поготово ми е во срце.
    И да е ладна водата и да се тресе малку дете кога ќе излезе, тоа не е причина за разболување.
    Мојава на море до лани се разболуваше, ама правеше опструкции од влажниот воздух, алергиски беше се. Оваа година 2 одмора истера, од кои вториот со моите крај на август. Им се погоди баш свежо време докај 27с, вода свежа, па ми ја вратија скроз здрава. А со нив многу повеќе киснела во вода отколку со нас кога е.
    И бебе брцкав на одмор, претопла беше водата, па ветре надвор ја дувкаше и ништо не и беше.
     
    На azelea, Lolipop23, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    13.442
    Пол:
    Женски
    За ова да, дефинитивно. Маж ми прв пат да ужива на одмор, обично е напнат. Сега ми рече само септември одиме, раат е.

    Водата е ладна дефинитивно, дали нешто ќе ви се случи не знам, за мене не беше пријатна и се смрзнував навечер дека цел ден сум била мокра на ветер. На децата ништо не им беше ама устите модри им беа.