Може да е ладна водата. Мај е некако рано за Грција, да одиш некаде појужно е ок. Знае да има ежови во водата во Геракини, зависно на која плажа сте. Сме биле таму со мали деца, крај на јуни, во пензионерско хотелче, ноќевање со доручек, ама ручавме и во самиот хотел, плажата беше топ. Не ми текнува дали беше плитка, ама беше чиста, песочна и широка. До нас беше големиот резорт Икос Оливиа, никој не се бањаше во морето оти ежови имаше, на нашата плажа немаше.
А на враќање од Крушево дали имате некој предлог место за ручек и да работи во недела? Јас во Крушево сепак не ја менувам Панорама
Ееее ни јас не би ја сменила, те разбирам комплетно Ние на враќање во македонска куќа или во ла страда во Прилеп
Ако ви се оди до Тасос, преубаво е. Ние лани бевме на 6или7 јуни од овде тргнавме буквално по долги тренерки пошо студеше и врнеше тука имав и земано алишта по долги за детево, куфери отварав да се пресоблакаме јас и мм. Температурата беше идеална 28-30степени, водата топла ние многу убаво си поминавме. Цел ден можеш да седиш на плажа а да не е спарно и прежешко.
За топла вода Куршумлиска бања Србија - базените се отворени 24 саати и има и базени за деца. За шетање Врњачка Бања (Тонанти) или Сокобања (хотел Сунце - ептен се услужливи за со деца). За потопло време Фрушке терме - надвор има аква парк. Кај нас сега многу го фалат реновираниот хотел во Цар Самуил ама јас уште лично не сум била за да кажам импресии.
Островот е мал, апартмани нудат во неколку селца, ние бевме во Потос. Не можам да кажам дека сме фасцинирани од островот. Плажите просечни или под просечни. Тие убавите имаат многу гужва, лежалка врз лежалка. Ни за сопствена опрема нема многу место. Не е баш близу, плус траект има, а не вреди. На втор крак, ако ти е за блиску, имаш прееекрасни плажи.
За жал да, збудалени се со цените. Се наоѓа за 70, но потешко. На Тасос плажите се ниво подолу. Од сите, само 1-2 вредат. Ама, патот до таму не се "исплати" затоа што не се ништо посебно.
Ние бевме во Лименарија сместени, шетавме по плажите. Убави се со чиста вода и имаше место ваљда пошо беше почеток на сезона и уште немаше толку многу гужва. Трипити плажата и водата беше убава, имаше место и за своја опрема ние одевме со наши лежалки, на Пачи плажата исто така имаше фамилии со деца, сенки природни и апартмани има одма до плажата тесна е ама долга и мнпгу долго е плитко баш за деца. Ова слика е од Платанес плажата Спојлер: Плажа И Псили Амос исто така е убава за со деца. Нас ни се допадна ама сме биле на вториот крак нема споредба едно со друго ама сепак е интересно и различно. Детево уште го збори бродот и како ке идел на одмор пак со "бот"
Ние бевме на голден бич. Апартманот ни беше во прв ред на сама плажа, но на таа плажа многу дуваше. И од други луѓе исто кажуваат за голден бич и не знам што да мислам. Ама пак да одам пак на исто место ќе одам заради поглед и локација. Таму се сместивме за да можеме да го шетаме источниот дел. Скоро 2 беше тогаш малата и не шетавме секој ден. Инаку 4-5 плажи што ги поминавме сите беа убави и скроз различни, само на една плаќавме лежалки, на другите си бевме со свој чадор. Лименас е исто огромен и преубав, Панагиа е ептен уникатно, тие ги шетавме навечер. Другиот дел за жал со тодлер не успеавме да го видиме. Така што зависи што сакате да посетите таму сместете се. А што се однесува до втор крак, различни се. Пошармантен е некако Тасос за шетање. Плажи има убави на двете места. Пример мермерната никад не би отишла пак да ја видам, ама затоа имаше една скриена мала плажа со златно-портокалов песок каква што нема на халкидики. Треба двете места да се посетат.