Резервиравме од 21.06 7 ноќи во Неа Пиериа, си велам ќе биди топла водата одма до Флогита е, прв пат одиме во јуни па мисла ми е дали ќе е топло?
Често одиме тој период последна недела од јуни ни се погодило топло. Најрано што сме биле беше од 07.06 пред неколку години, надвор си беше супер, па и водата Ок ама без деца бевме тогаш. Јас дури и за крајот на мај се мислев ама за до дете ми е некако како рано. Бенефити од недела покрај море ќе има секако, без разлика дали ќе влезе или не во вода, барем за моево си кажувам. Ама сеуште не сме се решиле.
Ние лани бевме од 22 јуни и пекол беше и водата беше топла ама надвор од што беше многу топло не се седеше сега за годинава се мислам од 15 јуни да резервирам.
Дали некој бил во Турција крај на мај ? Ми завршува трудничко па ќе морам тогаш да користам и одмор. Дали е топло тој период и дали имате место да ми препорачате каде да гледам со дете 3 години и бебе тогаш 9 месеци ? До сега не сме биле Турција..
Ние последниве две годиме одиме крај на мај Турција и нас ни е топ. 30-32 степени реално се осеќа малу појќе. Кога моите беа 4г и 1г ние бевме во Cornelia Diamond и дефинитивно најубав одмор ни беше до сега, не мора да е тој што ќе го одберете али гледајте да базен,море, ако има игротека за деца во биде се близу, лани бевме Нирвана и е преееголем, ептен напорно беше. Белек и Лара се со песочни плажи, Кемер се претежно камења. Сиде не сум била.
Turcija ne sum bila ama Hurgada e raj za deca. Preubavo more, toplo, cisto so postepen vlez idealno za mali deca. Tri godini odime tamu i nikakvi problemi sme nemale. Sekogas birame hotel nadvor od gradot i ne sme zgresile
Бил некој сместен во Koviou Village Holiday? Барав за Македнс пред него што е но нема место за терминиот што ни треба. А заради плажата би оделе таму.
И Сиде е со песок. Е сега Cornelia Diamond, уште во мај е над 4.000€ за 10 ноќи, двајца возрасни и едно дете. Така да, моето прашање е дали остана нешто со нормални цени?? Значи јас сум запрепастена колку се е поскапено оваа год. и плус овие цени им се со попуст
Да секоја година се поскапо е.. највеќе руси има, нив опција им е само Турција, па си креваат браќата цени до вис. Ние оваа година немаме одбрано, највероватно ќе е last minute ама септември, дали е тогаш многу жешко? Ние не сме по топлото ама само тогаш ни е опција оваа година
Премногу се, ама и претходно биле. Ние одиме два пара, стално им викам за тие пари 3 месеци куќа во Грција ќе изнајмиме заедно. Не дека не е убаво, но мене не ми вреди. Нити јадеме, нити пиеме колку што плаќаме. Детево само корнфлекс и помфрит јаде, нас од жешко не ни се ни јаде, коктели полни сируп и шеќер, стомак да те заболи, не вреди цената за нас. Кога ќе се вратиме викам не одам веќе, ама еве сега пак ми се јавува желба да одам. Само што сега ќe барам поевтини хотели и така ќе истераме и уште неколку викенди до Грција. Сиде, Аланија се поевтини, ние во Лара одевме. Тие што не се на сама плажа исто се поевтини, а имаат комбенца што те носат на плажа и пак се преку улица не се којзнае колку далеку. Овие кај што сме биле џабе се на плажа кога во тоа лавиринтите од соба до плажа дур стигнам имам 10 мин одење, 3 пати да треба до соба да се вратиш ќе ти се смачи.
Така е Нирвана, мм лани рече без пари да ми дадат в година ако останам уште еден ден плус и не им прифаќам. Значит со големава душа му излезе од шетање низ цел ресорт оти не беше ништо споено и близу. Во кои хотели сте бидени и каде ви било најубаво? Нас ни е битно да е плажата чиста, да има забава за деца.
За 4000 не вреди да се пикнеш во хотел и да си заробен 10 дена. Цела Европа ке ја шеташ месец дена за тие пари. Во Грција има топ хотели, кој е спремен да оддели 3000. Не се алл-ин, но добар дел се полн пансион.
Ние само Лара сме биле, и само таму сум ги гледала хотелите. Таму се сите исти, огромни, долги и тесни плацеви до плажа. Плажата е ок, мало е местото, по другиве места не сум била, ама претпоставувам исто е, тоа е морето, чисто е сегде. Убаво било, не дека не, ама дека вреди за парите, не ми вреди. Баја Лара ми беше можда поубав ама исто е со одењево. И тоа намерно мислам дека направени им се така, не може да стават баш шорткат за до плажа, има да се изнаокружиш околу базени, па околу ресторани, плажата е до тебе ама ве дели жива ограда и треба да одиш преку мовчето, а мовчето е на спротивната страна од патеката кај што се наоѓаш, само што раскажувам се нервирам. Пример Ројал Сегинус, не е на плажа и поевтин е 20-30% веројатно заради тоа, а буквално е на иста далечина со овие што се на плажа. Додуша и тој годинава којзнае колку е. Јас за следно одење ќе барам помали ресорти, не мора да има од пиле млеко и 12 ресторани. Забава не се сомневам дека имаат сите, може нема најдобриот магионичар да е и нема да има пена парти, ама сигурно ќе им биде забавно на деца.
Сме биле прва недела од септември и жешко е. Аланија. Брат ми беше од 12 до 19 септември, околу 32 степена, во Сиде.
Ние порано идевме често таму, во Македнос немаше никогаш слободно На времето беше мн евтино сега се занеле со цените. Внатре е старо, немој да очекуваш многу, базенот е преубав има убав двор и најубавата плажа пред Македнос Можеш пешки -поминуваш улица и 5-7 мин пешачење или кола Памтам дека храната беше превкусна
Поради плажата и одиме. А и дворот ми се допаѓа, да има простор за игра за децава. Инаку Македнос стварно никако да се начека место, треба многу рано да се резервира изгледа. Ќе видиме баш како ќе поминеме здравје. Фала ти