Дали во Шумски фенери хотелот има базен? Или јас нешто видов погрешно? Бараме нешто за викенд и мм вика Пелистер, сме биле еднаш одамна уште во короната.
Јуни секогаш е ризичен. Може да е топло и да се бањате 10 дена. Но, може и да е дождливо во мај, па водата да е ладна за деца.
Да и јас се согласувам за плажата , многу убава , супер поминавме тогаш иако ќерка ми имаше само 6 месеца. Убав одмор
Гледав некои хотели со добри цени во Метаморфози, Сивири и Посиди. Кое од тие места е за со мали деца 2 години едното и второто ќе е 6 месеци? Дали има доктори во тие места?
Метаморфози не ми се допаѓа, Сивири е супер, Посиди е најдолу на кракот и патот е најдолг. Во Неа Модања мислам дека е прва медицинска установа до која би стигнале, втора опција Солун. (ако грешам нека ме поправи некој)
Предлог хотел за Бугарија, Банско кој би бил атрактивен на пролет? Да има затоплени базент(и) внатре и по можност двор/игралиште со реквизити за играње.
А Неа Каликатрија какво место е си била ли? Мене и Посиди не ми се оди зошто по тоа што гледам баш и нема ништо освен хотели да се прошеташ навечер. Што му фали на Метаморфози?
Банско ми е некако досадно за на пролет.. еднаш бевме (одамна) и многу тапа беше. Едино ако морате таму.. Јас повеќе би ви предложила Златибор. Преубаво е и на пролет и лето таму, со интересни локации за посета во негова близина..(мн убава Гондола има, Ел Пасо во близина, убав Дино парк, авантуристички парк, а и Мокра гора возење со воз, Дрвенград музејот)... Преубаво е. Би одела јас пак, да пркне малово... Дека натака има 5,6ч пат
Да затоа реков ако ептен морате, е друго. Ние бевме сега на зимување таму, ама во Vihren.. Тој не е ништо посебно, ама дека сами со малово и не биравме многу многу. Дечкиве беа сами преку школо во друг хотел. А пријатели беа во Regnum, тој беше преубав. Ѕирни го тој... Немаат грешка и рецензиите на Booking, види и таму побарај..
Grand Royal e убав со се, а сме биле и во еден St. George (ама гледам два имало), незнам во кој бевме тогаш, бебе беше Тео Ама мн убав беше и тој.. Друштвово беа задоволни од Regnum, во апартман беа со 2 соби (и они сами со бебе), ептен убаво уреден. Доле секој ден имаше жива музика, девојка една на пијано и една што пееше, преубава атмосфера правеше. А и местото за деца (игротека, флиперница), беше големко. Исто задоволни беа и од храната. Е незнам надвор какво е, ама спомнаа дека има и надворешен базен.. за лулашки поим неам.
Метаморфози има многу лоша плажа и самото место е некако утепано.. Мисла м дека ќе се шекнете. Ако одите накај краците, застанете во Метаморфози на враќање кон Мк и симнете се до плажата (има еден македонски хотел, се поминува покрај него и се спушта долу на плажа), не чини стварно. Посиди прееска со Паљури го помешав, инаку сум била на таа плажата Посиди кај што исчезнаа тројца македонци пред некоја година (двајца спасија, еден не), впечаток не ми остаи не беше за пливање но не застанав во тој делот каде имаше по некои хотели валда и вили (бевме само на еден ден на плажава што ја спомнав а инече сместени бевме во Сивири тоа лето). Во Каликратија не сум била.
Ако не мора да се баш во Банско, ѕирни ги Катарино Спа (Разлог) и Русковец (Добриниште). Двата се на 10 минути возење од Банско.