На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    39.469
    Пол:
    Женски
    Има огромен парк со делови за деца (лулашки и слично). Има на едно место како забавен парк со колички, флипери и слично и едно како панорамско тркало. Секако има кафиќи и кафани. Има и опција да пешачите по планината (на крај од паркот има стази).
    Во самиот парк има бања во која се плаќа дневна карта и се во стара зграда и многу е отмено и смирено таму (не знам дали е за со деца). Хотелите исто нудат дневен влез. Врњачке терме мислам дека има и аква парк.

    Само Врњачка Бања не е со многу топли извори да знаеш. Ако сакаш топла вода треба Куршумлијска, Пролом и некои такви слични да гледаш.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    20.817
    Пол:
    Женски

    И да не се бањате и јас сум за грчка, поарно таму на воздух. И јас правам планови спојувам викенди од сеа :tmi:
     
    На lovely91 и Tea SK им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    39.469
    Пол:
    Женски
    @Tea SK ако се брои моето мислење ја сум за бања пре него Грчка. Грчка нема што да се прави/види во делот каде што лесно се стига освен шетање по Солун и копрцање по песок. Може и да биде надвор топло, а водата ладна па пукнете од топло на плажите без сенка.
    Врњачка бања има активности поприкладни за пролет.
     
    На azelea, Isabela23 и Tea SK им се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    11.024
    Пол:
    Женски
    Затоа мислев и јас на бања негде.
    Не ми се оди по грчкиве селца, а да не можат да се бањаат децава. Август секако ќе одиме. Солун не доаѓа во предвид секако, со две мали дека да се влечам по улици и продавници шанси нема.
    Врњачка ќе биде изгледа, многу пристапни цени на апартмани, се изненадив.
    Си била? Во кој дел да гледам смештај?
     
    На JoyJoy и sani99 им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    39.469
    Пол:
    Женски
    Сум била и со дете и без дете во Врњачка Бања. Големо место е ко за бања. Барај смештај во близина на шеталиштето/паркот/рекичката. Има од двете страни места што се издаваат. Се што е од хотел Меркур нагоре е во туристичкиот дел на градот. Се под тоа е подалеку од шеталиштето. Во долниот дел на градот сега има убав хотел Врњачке терме ама реално е далеку од се друго тој дел.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    12.415
    Пол:
    Женски
    Малата ми е 2 год и 5 месеци, пасошот и важи до Јули, како е правилото, колку дена пред истекот се вади нов?
     
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.337
    Допаѓања:
    18.104
    Пол:
    Женски
    Можеш и 1 месец пред истекот да извадиш, зошто пример на некои граници нема да ја пуштат со краток рок на пасошот.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Ако планирате да патувате, 3 или 6 месеци (зависи во која држава идете) пред истек треба да се извади нов пасош.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    3 месеци најмалку, ние патуваме на 14ти јуни, а важноста е до крај на август, во МВР ни кажаа мора нов, затоа уште во јануари извадивме нов.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.396
    Допаѓања:
    42.797
    Пол:
    Женски
    Малата со 1 месец пред истек ја пуштија во Србија. За во Германија, нашиве на аеродром ни бараа нов, имаше 93 дена пред истек, ние немавме нов пасош, ама не пуштија, да беше помалку од 90 дена немаше да ја пуштат.
    Во Турција 6м пред истек не можеш да влезиш.
    Најдобро извадите си нов пасош
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.435
    Допаѓања:
    26.867
    Пол:
    Женски
    90 дена, еден ден помалку може да ви направат проблем посебно ако е на аеродром, за Турција 6 месеци пред истек.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    19.091
    Пол:
    Женски
    Здраво,


    Ми требаат предлози за дестинација со песочна плажа, а да не е Грција, Албанија или Бугарија. И да може со кола, авион не.
    Остануваат Црна Гора и Хрватска како опција.

    Системов е за никаде, и ако не се среди, дефинитивно нема да чекам 8-10 часа на граница.
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    39.469
    Пол:
    Женски
    Црна Гора имаш повеќе песочни плажи поблиску со кола. Долу кај Бар има повеќе песочни плажи, Јаз во близина на Будва е песочна. Хрватска на островите има песочни плажи ама тоа е подалеку. Пример има песочна плажа на Корчула, има на Раб, има на Брач (не фамозната на Бол туку на неколку други места).

    Повеќето плажи во двете држави се со мали камчиња сепак. И тие се поубави. Ако бараш песок од некои причини и само тоа ти одговара оди си на проверено во Грчка. Нема да ти се допадне ништо од Црна Гора и Хрватска.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    5.254
    Јас сум била Дуче во Хрватска на песочна плажа, годинава сакавме на остров и го гледав Раб, ми го предложија и пријатели од Хрватска, таму има убави песочни плажи. Ама некако Сплит ми е прираснат на срце па ќе си одиме пак Дуче, поблиску до Сплит. Ама со системот пак ќе треба да чекаш и за Хрватска. Само што годинава од други причини ќе одиме на не многу прометните премини, а таму порано немало гужва, како ќе биде годинава не знам.
    Едит: Џој го спомнала Брач, на Брач е една песочна, ама не знам смештај тука дали има близу нејзе, ќе треба да се патува, инаку е убав за шетање, ако сте по шетањето.
    За Црна Гора појма немам:)
     
    На JoyJoy, dromka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    19.091
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напишам дека во Будва сме биле, скоро сите околни плажи ги прошетавме. Јаз не може да ми текне каква е, фала за предлогот.

    Се согласувам дека плажи со каменчиња се поубави, но детево уште си игра со песок, и затоа барам песочна плажа.

    Знам, но бидејќи би тргнале порано од просечно (за во Грција тргнуваме околу 8-9) се надевам дека нема да има толкава гужва, како што има на Евзони.

    Фала за предлогот, ке погледнам. Ако имаш и сместување, сподели го тука или во порака.
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    5.254
    Не знам што да кажам за гужвата, се надевам нема да има. Евзони е голем има многу транзит, на овие не дај боже да им дојдат толкав број коли... Имај предвид и патот е долг. Па може ќе те фати исто со чекањето во Грција, на крај краева за Грција ќе темпирате време да нема гужва.
    Сместување сега најдов на хрватските групи за букинг, има една APARTMANI HRVATSKA на фб, ама како почнав во нејзе да гледам, алгоритмот уште милион други групи ми извади и искрено не знам од каде го најдов смештајот, само еден термин имаше слободен баш кога сакавме да одиме и прв пат букирав нешто толку брзо. Освен букинг и групиве, имаме и на лице место барано, ама тоа со дете и после толкав пат ми е некако ризично, не дека нема да најдеш, ама прашањето е што ќе најдеш и какво ќе биде. Немам некоја конкретна препорака, секогаш на различно место сме биле и само апартмани биле тоа, хотел не. Ама исто како и сегде, за добра понуда те советувам сега да бараш затоа што и таму се веќе зафатени.
     
    На JoyJoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Јаз е песочна, убава е. И Бечиќи разгледај.
     
    На JoyJoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    4.962
    Пол:
    Женски
    Драч и плажите околу Драч.
    Голем.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Поубав песок од тој во Улцињ немам видено, ситен и мек како брашно.
    Две години по ред бевме таму, во Дони Штој. Лани сакавме малку да смениме па отидовме во Грција. Со оглед на чекањето на границите во Грција, пак сум на мисла да одиме Улцињ.
     
    На JoyJoy, MyMala, jungle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    3.237
    Пол:
    Женски
    Ај помагајте. Прва половина август ќе одиме на одмор, лани бевме Неа Каликратија многу ни се допадна ама некако оваа година многу рипнати цените, 95 евра од ноќ за стан. Двособен е тоа ми се свиѓа за со малава дека рано заспива па да седиме на раат во дневна ама сепак.. дали имате да препорачате нешто друго, сакаме Грција да биде ради близината, песочна плажа и слично. Може и хотелско сместување