Имате опции, одете во Турција, Црна Гора или Албанија. Во сред сезона ќе биде уште поголем хорор на границата со Грција.
Не знам стварно, селективно е некако се'. Јас мислев еднаш ќе треба да не сликаат и отпечатоци и толку. Подобро да си чекате на ладовина, отколку на пеколно жешко. И никако во викенд. Јас сериозно мислам дека ќе ја скокнам Грција за прв пат во живот да не одам летно време. Стварно се надевам дека некое човечко решение ќе се најде.
На аеродром приметив дека прават исклучоци кога е гужва, прво за тие со деца, друго ако им се истурат повеќе авиони, а има малку шалтери мислам дека не може да сносат толкав број луѓе и отвараат шалтери само пасош да помине. Се е лотарија. Барем ние тоа што видовме. Ова Бајаково дека толку гужва имало уште сега се зачудив и страв ме фати али хрвативе откако се во ЕУ мислиш треба на граница нозе да им бациме, така се понашаат, затоа не убивала нас гужва за Хрватска и без системов. Јас се надевам дека во скоро ќе увидат дека допрва доѓа ек сезона и ќе почнат да пуштаат рандом само со печат и за Хрватска и за Грција.
Немаше гужви, а некој сликаа и некои не... А и на граници со кола еве маж ми што оди, а и пријатели што кажале.. те ги сликаат, те не
Здраво,да прашам за одмор во Охрид,предложете некое сместување Ако има некоја бројче нека пише,во јули сакаме да идеме на одмор
Во Даљан зад хотел Мизо и околу има многу приватни сместувања што сс блиску до плажа, а сепак во град. Плажата е со песок и е плитка вода. За со деца е убаво. Порано тој дел водата беше попрљава, ама неколку години по ред колекторот работи и е чиста. Друга опција е нешто во Лагадин. Кон Пештани има многу приватни вили.
Дали некој ја поминувал границата од Прохор Пчински? Каков е патот да сподели? Дали има дупки или е ок? Дали има ладовина околу манастирот за да се направи пауза, исто така ме интересира?
Скоро поминувавме од таму,патот не е лош само е многу кривини.Инаку на патот пред манастирот има и летниковец со клупи.
Hm apartmani pobarajte na face, vo Ljubanista se na sama plaza, so apartmanot vi sleduvaat dve lezalki i cador, i ima ubavo dvorce, lani bese 60evra ovaa godina neznam kako se
Здраво мајки, покрај пробиотик и наусолвит, што да земам против пролив и повраќање да имам за секој случај за на одмор? Некогаш повраќа и во кола, а и има проблеми со столицата во последно време и сакам да имам за секој случај. За 2.5 години.
На фб често има понуди,исто така јас често гледам на гугл мапс и читам ревјус па така бирам смештај секогаш на прва линија баш преку пат да е плажата,и контакт директен има тука и број или со името можеш директ да ги најдеш на фб и ти е поевтина варијанта кога пишуваш директно со власникот на смештај.. Види ги Мариа Нефели,Крисафис ...
Јас 3 години по ред одам по мапа во Неи Пори и така резервирам, директ со газдите. Ќе побараш фб, веб страна, секогаш има контакт.
Што да земам друго во "домашнава аптека" да понесам за со дете од 1год. Топломер, Сируп за тт (ефералган), електролити, пробиотик, физиолошки, спреј против инсекти, крем за заштита, крем после сончање (becutan after sun) Ве молам допиишете нешто ако имам заборавено...
Сируп за алергија, Аериус земам јас. Најчесто заради ларингити што ги имаат моите на море и алергија на убод од инсект (баш на еден одмор откривме дека е алергичен на оса/пчела не видовме точно што го касна).