На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    2,5мл еднаш на ден, при алергии, чешање, ларингит.
     
    На Butterfly009 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    33.800
    Пол:
    Женски
    бруфен, vomitusheel (чепчиња против повраќање), сируп за алергија, синопен маст, спреј/алка против комарци.
     
    На Butterfly009 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ништо друго, доволно е. Ако, не дај боже нешто затреба, од таму ќе си купиш.
     
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Се решив конечно да одиме оваа година на одмор ,прв пат со бебуш.Некако најмногу препораки за Никити прочитав.Но што е со цениве луѓе?Ние ќе сме 4ца возрасни и бебуш 1 година.Под 1000 евра за 6 ноќи крај на август почеток на септември во некое мочано собиче без храна без ништо нели е многу или ја не сум отишла одамна на одмор?Плус храна плус лежалки не знам ни колку се плаќаат.Дајте идеи луѓе кај идете...еве баш се разочарав.И хотел би идела ама 1000евра у смештај само за толку малце денови...WTF?!
     
  5. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Поскапено е последните 3-4 години, толку е. И зошто Никити, мене местото ми е скроз overrated, плус гужва ненормална. Види Кавала, Неа Перамос, Ставрос, Олимпијада… на таа страна. Исто Неа Флогита, Каликратија, Неа Плагиа е најблиску.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    33.800
    Пол:
    Женски
    ние пред некоја година бевме во овој смештај, провери дали ти одговара цената. општо разгледај на никана и грчка инфо, можи да најдиш нешто поприкладно.
    https://nikana.gr/sr/smestaj/sitonija/nikiti/1460/mavridis-rooms
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    3.276
    Пол:
    Женски
    Цениве се лудило. Ние ќе одиме почеток август во Неа Каликратија, ќе плаќаме 950 евра за 10 ноќи.. ова е со попуст зашто кај роднини идеме, ама добиваме цел стан со посебна спална, посебна дневна и посебна кујна што ни одговара многу зашто малава ми заспива рано. А дека е скапо, прескапо е. За друга година би размислила
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Може е смешно ама Грција не сум ја одела како дете ни како возрасна па се ми е научна фантастика околу тоа каде е добро а каде не за со дете.Не знам морето добро ли е на тие места?Нејќам како во Паралиа тиња.Јас пак ќе речам извинете ако звучам смешно ,за Никити имам најмногу читано.
     
  9. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Убаво е морето скоро секаде, ретко е тиња како Паралиа, Олимпик бич. Мене па баш во Никити (периферија) ми се погоди плажата со огромни камења и матна вода, плус редици да чекам секој ден за основни намирници да испазарам, големо Не. Исто и последниот пат кога поминував низ Никити изгубив саат ипол во гужвата на главната улица.
    Има и многу поубави места ама заради цените ти ги набројав тие горе, убави се местата само се мирни, не се звучни имиња како Никити, Ханиоти, Калитеа. За мене Каламици има најубава плажа на втор крак, само е ептен мало село, цените има од поевтино до плафон и дека многу е посетувано најчесто туристи одат на еден ден, знае да биде доста гужва.

    Кавала од овие што ти ги набројав е преубав град, има за шетање, луна парк, ресторани, стар дел од градот, за плажи не сум сигурна ама во близина кон Неа Перамос има многу бич барови со преубави плажи.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    179
    Здраво ќе може ли да споделите искуства за одмор со мало дете во Хрватска?Кое место е најдобро во смисла плитко да е, близина на смештај до плажа, пристапност до маркет, аптека, ресторан...
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    5.278
    Ние најчесто ја шетаме Далмација, годинава прв пат ќе одиме со дете, се мислев многу на крај решивме да одиме во Дуче затоа што е песок и плитко, Омиш е на 5 мин со кола, а може и пешки, Сплит е на пола саат, има се што е неопходно. Островите сме ги шетале, ама не најдов нешто соодветно годинава за со дете, песокот ни е must сеуште.
     
    На lady1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    179
    Убав помин. Ќе може да споделиш инфо за смештај дали сами најдовте или преку агенција ќе одите?
     
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    5.278
    Фала. Не одиме преку агенција, најчиста работа со најмалку замарање е букинг, ама поскапи се и не е се објавено. Така што секако сме наоѓале смештај, и на лице место, и преку познаници, преку фб групи, од мапа на гоогле. Може на фб групите пример и да пишеш кои ти се барањата и тие што издаваат тоа што ти одговара ќе ти пишат.
     
    На Mimmi39 и lady1987 им се допаѓа ова.
  14. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    179
    Дали сте биле во Макарска и како е за деца таму?
     
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    5.278
    Бевме еднаш многу кратко, кога немавме деца, смештајот не ни беше важен, па некоја агенција за недвижности најдовме во градот и не смести во стан во зграда подалеку од плажа. На плажа одевме на некоја локална и беше со камчиња. Мене повеќе ме влече Сплит инаку и Макарска е убава. Убаво е секаде и секаде има многу деца, зависи што барате.
     
    На lady1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.870
    Допаѓања:
    39.955
    Пол:
    Женски
    Во Хрватска најголем дел од плажите се со камчиња и/или карпи. Баш песочни поретко има. Најдоброто е што има природни борови сенки за плажите што е супер за со деца. Макарска е градче и знае да стане гужва, ама има и за шетање повеќе.
    Ние годинава одиме во Тучепи како помало место за да се одмориме.
     
    На lady1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    179
    Убаво да си поминете. За смештај баравте преку нет?
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.870
    Допаѓања:
    39.955
    Пол:
    Женски
    Да. Обично во Хрватска бараме преку локални агенции и нивни веб страни или страни на социјални медиуми. Преку Booking е поскапо.

    Годинава одиме во хотел. Директно со нив се договаравме.
     
    На lady1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.497
    Допаѓања:
    26.957
    Пол:
    Женски
    Дали сте биле на Раб? Нас со кола ни се близу Рјека, Ровин, Опатија,Задар, Раб.. ама не знам дали некој од овие имаат песок. Ако имаш искуство со некаде од овие места сподели
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    5.278
    Сакав годинава да одиме на Раб заради песочните плажи, тоа ни е нас приоритет, ама не сум била, не знам каков е за шетање, затоа што во Хрватска ние шетаме доста. Ама некако друга тура си замислив во глава и остана пак околу Сплит. Горе не сум одела толку. Крк е некој од најдалечните острови ама ништо посебно за нашите барања. Задар сме го шетале ама само навечер кога сме биле на Вир и на Муртер, и тотално вреди да се види. Муртер е многу малечко има убави плажи ама е гужва. Ова зборам за преку 15-16 години, сега може да е и бетер. Така што ако ви е за песок одете Раб, ама ако сакате и да шетате разгледајте убаво што нуди островот.