За развиено не знам ама дека е соодветен островот за деца според мене не е. Можеби за поголеми дечиња. Тој остров е створен за шетање, секој ден различна плажа. Евентуално во Лефкас да видиш за амбуланта, а аптеки има. Ние бевме сместени во Василики, имаше аптека
На 18 месеци во вода била само со купачи или пелени за во вода, да знаеш дека пелените за во вода мочка не држат, па ако го легнеш со нив да спие и се измоча ќе ти потопи се, затоа надвор од вода била со обичен памперс. Базенче сум носела и јас на таа возраст, ама најминијатурно мало, мн ми се нашло. Шатор.. не знам, мислам нема да ти треба, сенка со чадорот ќе си бркате, викаш не застанува не знам како ќе застане во шаторот ама ок. Купачи на долги обавезно за во вода, за на суво муслинско пончо некое е ок и нормално намачкано со спф цело време. На таа возраст кофички онакви со полевање, игри со претурање вода и нормално успат песок. Не видов каде одите, нема потреба да се плашиш од морски свет безбедно е. Ежиња по карпи ќе сретнеш на песок не. Рипчиња што касаат ништо не ви прават. Опасни риби и сл во гужвиве не се собираат, а и не ги ни има по плитко. Може столче евентуално од тие малите што се собираат да земеш и тоа мн си го сакаше ќерка ми уште го мкне со нејзе. Ќе си го ставиѕе на брегот кај што плискаат бранчиња и цел ден ќе се заборавите таму со копање дупки и собирање камчиња. Исто занимација е ранење на рипчиња, во плиткото до колена влезете и фрлете трошки лепче ќе му биде дешавка.
Фала за одговорот сме биле и сите плажи ни се видени така што секако нема да се малтретираме секој ден в кола и да шетаме по плажите, изнајмивме апартман на плажа на источниот дел каде што е залив и нема многу бранови.
Што готвите кога сте на одмор со мало дете? Сигурно ќе јадеме и надвор, но дали секој ден? Има некој да сподели некоја идеја на темава? Освен шпагети со доматен сос и печурки, не знам што е лесно и брзо да се направи и соодветно за дете, особено што моето воопшто не е научено да јаде пржени работи. Или да земам и купечки кашички? 2 години има.
И моиве се научени на домашно, па најчесто брзи јадења за на одмор ми се тестенини, супи, леќа, варени јајца, пржени кришки, динстан стек, палента, а штом се уште си јаде кашички земи си блендер и најлесно за доручек овошје со овесни снегулки. Грците скоро секаде имаат ресторани со готвена храна, од таму најчесто купувам печена риба со гарнир, папуцаки, пастицио и мусаката на некои места е доста добра.
Од ова што наброи се' јаде ама таквите работи и' ги давам за појадок или вечера, а за ручек барем 5 пати во неделата јаде месо или риба, затоа сега се мислам што да правам. А како динсташ стек, на рингла може? Нема да имаме рерна во апартманот.
Па дома и моите за ручек јадат месо обавезно ама на одмор гледам полесно да поминеме, а пак протеин да внесат затоа можам и со пржени кришки ручекот да го поминам Инаку стекот најдобро од претходниот ден насолен, го динстам на рингла во тенџере или тава со капак, стави зејтин и вода колку да го облие и нека крчка на тивко. По потреба додавај вода и кога е готов ако сакаш запржи го на крај, а ако сакаш помек тогаш не. Многу брзо се прави, додека трае дремката готов ќе биде. Исто и пилешка чорба обожаваат моите, и тоа ми е доста лесно за на одмор. Сварен стек искини го на што потенки парчиња како конци или со нож исецкај го на коцкички. Изрендај на ситно 2-3 моркови, мал пашканат, лукче и два компири, запржи кратко, додај го месото и прелиј со вода. Ако имаш коцка супа стави, ако не повеќе вегета, нека се свари се убаво, компирот ќе згусне и готова е. Ми текна сега и рижото дека им правев порано нели и тоа е на рингла исто доста брзо. Конечно сега се поретко готвам на одмор, ме спасуваат тие со готова храна.
Една недела да прескокне 5 пати јадење месо не е страшно. Па и помфрит и пица да проба и слично. Мое мислење ова, не значи да е правилно. Ланскиот одмор, 2,5 години дете, додека се навикна на промената на место, средина и се останато мислам 2-3 дена ги преживеа со шмукалчиња, палента/макарони со јогурт. Супа ти е опција, па макар и од ќеса нека е. Ако порачувате вие храна од вашето готвено. Ќерка ми веќе 3,5 години, јаде се, не јаде количински премногу така да најчесто од нашите порции добива дел, дали на некое шетање, дали на одмор. Веќе каши ако земаш, гледај бар да се за поголема возраст, не скроз мазни сепак за поголемко дете се работи. https://www.zegin.com.mk/index.php/...hkaval-sos-od-sladok-kompir-i-kozjo-sirene-15 Вакви пример оброци, повеќе врсти гледам има.
Каков јогурт купувате од Грција а да одговара за 1.5 годино бебе?Преголем љубител е на јогурт ама не знам дали има ко нашиот таму
Земи си од дома, пр. 2 шишиња од омилениот јогурт на бебе. Обично, така правам кога патувам, носам од тоа што јадат. Ќерка ми знае ништо да не јаде од локалните производи ако нема од нејзините омилени, па јаде само шпагети или помфрит. Затоа, си носам по нешто, барем да има за првите 2-3 дена.