Ние пред 2 недели се вративме од Лефкада, топ си поминавме со малата. Секој ден одевме на различна плажа а еден ден бевме на крстарење со брод турите што ги имаат. Не знам зошто луѓево се паничат да патуваат со деца подалеку, мене исто ми е дали ќе идеме на краците или негде подалеку. Бевме сместени во Лигија, местото е село без кучиња ама имаше фин хотел што ни одговараше па најмногу ради хотелот бевме таму. Исто дека бевме блиску до градот, 10 мин со кола па шетавме цело време и за пазарење одевме таму (има доста маркети). Градот има болница, микробиолошка лабораторија, неколку приватни амбуланти. Доста се развиени како остров и мислам во сите поголеми туристички места има аптека и приватни ординации. Генерално од нашево село со кола до убавите плажи се стегаше за некои 30-40 мин возење, време што не го ни осеќаш дека го возиш. Адиос Никитас ми се свиѓаше најмногу, кога би оделе пак на Лефкада таму би барале сместување. Мој совет обавезно патики за на плажа бидејки ние нозе искршивме на плажите од камења, единствено тоа ни беше пропуст. До плажите сегде има ок пристап, паркинг се плаќаше 10евра за цел ден. Малата искрено топ си помина а и ние со нејзе, па дури и на брановите на Порто Кацики со саати скокавме и трчавме. Ич да не се мислите, островот е супер и има се на него и за недај Боже и за дај Боже.
Леле мене двете кога не сме дома ми се на шпагети без ништо 1 недела, па никому ништо ако ви јадат децата супер, ако не ви јадат пак ништо страшно @Stone ќе го бендиса грчкиот јогурт иако е со сркање, не се мисли толку уживај
@Tasha masha @Miss_S @SuperGirl24 фала ви многу за одговорите и рецептите!! Инаку, не е дека и' бранам да јаде помфрит или пица туку не сака затоа што е навикната на готвење, пример вчера бевме во ресторан и јадеше само риба и салата иако и' давав и компирчиња, не сакаше. Се надевам дека ќе поминеме добро, а и ми текна дека можам да земам варен грав и леќа во тегла, па ако ептен не сака по ресторани или немам идеја - можам и тоа. Патничко осигурување секако треба да извадам, нели? Уште ако некој ми напише што се' од лекови треба да носам за дете, би била многу благодарна.
Патничко обавезно за сите. Парацетамол и бруфен, спреј за рани и фластерчиња, спреј против комарци и кремче ако веќе е касната ( моиве имаат реакции па и синопен носам секаде). Пробиотик, зависи колку години има ама мојава од мала има проблем со запек кога сме некаде и обавезно носам со мене, електролити, гази и физиолошки, јас носам и капки против повраќање. Доколку нешто недај Боже биде, на лекар ќе ви препиша што плус треба.
Патничко вадам секогаш и тоа во принцип и 1-2 дена плус од тоа што сме во странство. Пример ако е одморот од 01.07-08.07, на осигурување ставам бар до 09.07 или 10.07. Се случило доцнење на превоз, лет, граници подолго да се задржиме и веќе и следниот ден да зафати. Среќа сме немале потреба од патничко досега да искористиме ама сепак имаме редовно.
Супер што сте поминале убаво ама не треба да се споредуваш или да се чудиш на други. Секој со своето најдобор си знае како се осеќа удобно, на крајот поентатат е одморот да го поминеш речаксирано и опиштено а не под стрес. Како мајка со искуство од 10 години ќе ти кажам дека на почеток ми се случувало да тргнам на пат и без топломер, за да дојдам до фаза каде што не одам на места со мало дете до кај 3-4 години ако нема аптека или доктор на 15 мин возење. Едноставно искуството ме научило дека секакви ситуации има и најлагодно ми е ако знам каде може да се обратиме ако имаме потреба. Има многу убави места за летување ама се поизолирани или неразвиени и овие години не би биле мој извор. Исто така додека биле многу мали моите деца не сакале да се возат па затоа не сме оделе многу далеку. За мене со мали деца ако треба да возиме со кола на плажа тоа не е одмор тоа е замор, жешко, паркирање, гужви, пакување ствари, не можат да преспијат на плажа и сл. Ама пак ќе кажам секој со своето најдобор знае што му договара.
Колку мало дете? Лефкада не е за деца кои пливаат и сакаат да пливаат, бидејќи брановите се многу големи. Син ми плива, но ке полни 7 години и му треба мирно море. Плус сака да си игра со песок, и ни треба песочна плажа. Идеален ни е втор крак. Патот од аспект на возење не е проблем, од бебе го шетаме секаде со нас, па без проблем одиме и на Златибор. Ем седи без мака, не му се лоши, нема проблеми. Е сега ако ти е за патот, треба да процениш според детето. Ако не сте оделе на долг пат, не знам како ке поминете. Има деца кои не сакаат да се возат, им се лоши итн. Лефкада е прекрасна, но додека е мал, секогаш ке бирам песок и мирно море.
Баш денеска малиот прими урбазон поради алергиска реакција, вчера го касна нешто на челото не видовме што, сабајле му се затвори окото. Сируп против алергија не помогна, па се плашам сега не само за одмор туку општо, ова Синопенот помага или е лек за додека стигнеш до доктор? Сум носела порано на одмори ама го немам користено. И дали некоја знае дали можам да испитам на што е алергичен, мислам на инсекти?
Воопшто не се споредувам со други само сакам да кажам дека можеме да бидеме многу пoопуштени кога станува збор за патувања со деца. На крајот од денот секој си се познава себе и своето семејство некој сака да седи на плажата пред соба 10 денови и да не мрдне од таму, некој сака во тие 10 денови да искуси што е можно повеќе од местото каде што отишол. Мојата недај Боже да се разболи на одмор ќе се вратам одма дома ако видам дека за ден два не и проаѓа (висока тт, повраќање и сл) на доктор таму не би одела ниту би ја носела освен ако не сум на 20 саати возење со кола од Скопје. Али не значи дека се чудам на родители на кои им е пресудно да имаат доктор во местото каде што се. Муабетот ми е дека немора со стрес и со грч да се доживува одморот со мали деца, напротив треба да е уживање и за родителите и за нив без разлика колку се мали. Сепак се тоа спомени кои ги градиме со нив и секогаш ќе се навараќаме. Јас и сопругот па и малата ја научивме да гаи љубов кон патувањето така да со нејзе ни е лесно каде и да одиме, иако има моменти кога и се здосадува во автомобил или не знае што со себе да прави ама сепак изджува. Реално на темава се вртат 5 места у Грчка затоа што повеќето родители се исплашени и стрес им е одењето на одмор а не треба да е така. На тема Лефкада ако некој реши да оди, не се сите плажи со бранови. Бранови имаше на Порто Кацики и Егремни сите други плажи беа со мирна вода и без бранови. Меѓу другото има многу мали плажички во заливчиња кои се многу пријатни за со деца бидејки нема ни ветер ни бранови. Идејата на постот ми беше да ги охрабрам оние родители кои се во недоумница дали да одат негде подалеку од втор крак со мало дете дека е сосема изводливо и можат супер да си поминат.
Колку што видов твоето дете е големо, тука совети бараат мајки со бебиња, прво искуство и слично, нормално е да се исплашени како ќе поминат и сакаат да се спремни. И јас никогаш не сум пребарувала дали ќе имаме доктор во близина, само ќе земам се што би ми затребало ама денеска ситуацијата што ни се случи богами ќе се размислам иако имам 3 деца и сум поминала доста незгодни ситуации на одмор. Инаку се согласувам со тебе, секогаш сум идела со позитивна мисла. И моите немаат проблем со патувањето и можам кај сакам да одам ама тотално ги разбирам и тие што сакаат да се поблиску до дома.
Мојата ја касна кај око и и се затвори скроз ама не прими урбазон. Капки и антибиотик само и препишаа, после 3 дена некаде спадна отокот. Помага синопенот само близу очи не, моите отекуваат ептен, им се затега кожата и е многу топла на допир.
Се согласувам со се што кажа. Го имам истиот став за патувања. Ние кога бевме сите плажи беа со бранови. Некои денови не влегов во вода затоа што не пливам, а на Катизма, да речеме, брановите беа над мене. Ги прошетавме сите плажи и само на Василики немаше бранови. Но плажата не е ништо особено. Е сега, мојата логика е дека нема потреба да одам на Лефкада ако не одам на најубавите плажи, затоа што мали заливи има и на втор крак.
Се надоврзувам на тема Лефкада. Според мене западниот брег не е за да си таму цел одмор дури и ако си без дете. Тие плажи се за да ги посетиш еднаш или двапати кога е мирно морето. Не можеш да се сместиш и секој ден да си на Порто Кацики. На источниот брег плажите се со ситни камчиња, мирно и чисто море, природни сенки, што според мене е идеално за мало дете, ама ќе напишам мислење откако ќе се вратиме.
Имаш во Грција во сите поголеми маркети, скоро готови ќофтиња. Во фрижидерите во кеси се каде што стојат грашак, боранија такви ствари и вкусни се многу, а само 5 мин да ги пропржиш. 2-3 дена тоа, два дена пита гирос и пита суфлаки имаш мевце и тука, седнете ден два на риба, земи и некоја готова кашичка за секој случај и ќе помине одморот. Не мора секој ден различно да јаде. Кога ќе се вратите дома ќе си го запазите пак редот.
Еве искуство и со бебе ако другите ви се големи. Лани со бебе од 3 месеци со кола тргнавме од Германија до Грција. На 3 месеци ги шеташе Верона и Венеција, каде фативме траект имавме наша кабина и после 20 саати стасавме до Крф. Сите 3 деца ми се шетачи и научени на кола, ме фаќало малку паника пред првиот подолг пат со секое, што е нормално, ама роад трипс ни се нешто најомилено. Лекарства не носам со мене. Секаде има аптеки. Сега пред 2 месеца бевме во Македонија и на ден Велигден син ми доби алергија и цел се исфрла. Никогаш ниедно немало алергија па не ни знаев што ми треба. Гуглав, најдов отворена дежурна аптека купив сируп. Ако не најдев веќе ми се понудија две братучетки да ми дадат во случај да не се снајдам. На одмор земам само креми со фактор, лекови за секој случај не носам никогаш. Сега тргаме пак за 2 недели. Срања може да се десат, тоа е реалност, ама на одмор се трга опуштено со добри мисли и без сите можни црни сценарија во глава. И ако се случи некогаш да крене дете тт на одмор, не значи дека секој одмор ќе се случува. Планирајте опуштено и онака како одговара на вашата семејна динамика и ви посакувам убав одмор на сите.
Нема граница мислам на мали и големи деца кога ќе прекинеш да се плашиш од нешто, само стравовите се различни, барем кај мене. Има луѓе кои сакаат да шетаат, луѓе кои повеќе си сакаат дома. Јас сум паничар голем ама па сакам да шетам, желбата ми е веројатно поголема, па си шетам и си паничам и некако се балансирам, затоа што знам дека тоа се нереални стравови. Незгода секаде може да се случи. Познавам луѓе кои си сакаат локално, познато, блиску и тоа е ок. Мојата не можам да ја дефинирам дали сака да шета или не, во една сезона на 3 места ќе отидеме на сите 3 различно ќе се однесува, ама пак ќе речам, ние сакаме со маж ми да прошетаме и не е како порано ама сум супер задоволна. Среќа до сега за нејзе не сме посетиле болница/амбуланта додека сме биле на пат. За нас низ годините сме имале свашта од амбуланти во село до државни болници. На многу мои блиски со деца и без деца, им се случиле од помали до поголеми и сериозни незгоди, и секогаш ама секогаш е изреагирано и постапено како што треба. Алергиите ми се мене еден од поголемите стравови, затоа што од мала имала реакции, секакви, па и сега. Покрај крем како синопен обавезно носам сируп за алергија, најчесто се консултирам пред пат со матичната кој да го земам. Но, секако ќе треба да правам и тестирања за да видам дали има потреба за нејзе (не за било кое дете) да носам и епипен. Ама пак тоа не ме спречува да отидам и подалеку. Да не трубам имам веројатно пишувано каде и колку сме патувале со нејзе, до сега не сме биле на место каде што немало блиску амбуланта или аптека, дури мислам дека во селово на викенди кај што одиме во Македонија подалеку е аптеката и болницата него ли по други туристички места или европски градови. Секако патничко осигурување секогаш имаме.