И јас потврдувам втора година го купувам и сум задоволна. Не е баш ефтин ама моите деца често се исфрлаат од креми за сончање па на тоа не би штедела. Крема со минерален филтер не поднесуваат не ми ни даваат да ги доразмачкам, овој е потечен, не остава бело и се рамсчкува лесно, не е ни мрсен. Со оглед на тоа дека и во Скопје секој ден го користиме за прошетки од сабајле важно ми е да погодена кремата со фактор. До сега не изгореле ама секако од 12-5 не сме на сонце.
Совет барам, малата ја искасаа комарци иако ја прскав со спреј, потоа ставив гел после убоди, ама многу се вцрвија местата каде е касната. Корупчиња се направија, дали можам да дадам сируп цитризин за алергии?
Купи ново за секој случај. Моето е исто бело со плави очи и плава коса. Јас сум користела Еуцерин и Бекутан со спф 50 (во туба со хемиски фактор). Двете тешко се размачкуваат и детето ми останува бело ама не гори проверено. Дури и во вода не се вадат. Мачкам дебел бел слој. Штом го снема белото мачкам пак. Тек на 9 години почнав со други и пак чувам туба Бекутан за секој случај. Ако се зацрви некаде малки се враќам на Бекутан. Исто помага и маичка со заштита спф 50 за во вода. Од мое лично искуство со бела кожа цел живот треба пазење, ама баш пазење. Сончање никако никогаш во живот и пак има флеки од сонце.
Uriage baby 50spf - 12 дена сега ја мачкав фати и боја хаха ама мојата не е бела а и потемни помалку и јас користам uriage за мене, презадоволна сум
Со тодлер нема одмор Шала на страна, со деца не сум била таму, моментално сме Грција, 3 год ќе е мојов тодлер во август, каков тантрум ми направи вчера на плажа, то страшно беше, дојде дури една баба да помогни цели 20 мин не се смири и го фативме за рака и дома Нас не искасаа комарци во апартманот, лом сме мачкам една маст ама не помага многу, чешаат пак. За фактор за децава користам Carroten kids 50 фактор. Воопшто не изгореа никаде. А јас и мм сме секој ден наново изгорени за нас користам други, иначе од лани ми е за децава, не купив ново.
Синопен колку често смее да се мачка во текот на денот? И ние сме втор ден Грција, 10 убоди има од комарци, црвени и потечени. И многу ги чеша...
За убоди ид комарци тие што сте во Грчка земете fenistil од аптека, мн добар гел, смирува одма. Јас сум алегична и ќерка ми исто на мене, огромни пликови после секое каснување од комарец од дете имам а и она сега, изгледа е некој ген. Фенистил ми е главен кога и да идам во Грчка зимам залихи
Ела да се гушнеме . Каков одмор едвај чекам сабајле да бегаме дома. Преморена сум од одморов. Ај првите денови и се држевме, ама од вчера . Вчера исто се искаравме на плажа (ми бегаше и се криеше во барот до кој седиме). Го собрав и во апартман. 3 саати муабет не ми правеше (не дека тешко ми падна да здивнам ). Утрово исто со тантруми се собравме. На моиве толку ќе им е море за летово. Во август на планина ќе ги носам па нека трчаат таму.
Сакам за Турција да одиме со две деца...Препорака ? Битно ми е да има плажа и море со плитко,а не цел одмор во базен да се помине. За фактор џа лоце користам минерален ,од биодерма а за тњло хемиски-спрејот од фезидерм.Супер се двата
Имаме неколку пати за Неа Пори пишувано. За со деца е супер, многу е плитко, има луна парк. Првата година имаше страшно многу комарци, а полани за среќа ги немаше.