знае ли некој дали може со wizzair да се земе бесплатно и количка и транспортер? двете да се дадат, не за во авион, дали бесплатно ќе ни ги чекираат? на сајтот не најдов, ќе прашам, ама си реков некој да не имал искуство.
Ако транспортерот е монтиран на количката кога ќе отидеш на шалтер може. Ќе ги чекираат како едно парче багаж со повеќе делови. Сум чекирала дупла количка со основата, плус седиште плус транспортер. Испринтаа три ленти а се водеше како едно.
супер, а се носевте со вас до гејт или ги дадовте сите кај куферите? кај нас транспортерот на основата од количката се монтира, ама за количката имаме торбица т. е. како еден огромен куфер и во него неа ќе ја ставиме за да биде заштитена, и си мислам уште од дома да ја спакуваме. и тоа се давало кај special equipment. a транспортерот си мислам да го земеме низ аеродром и пред авион да го дадеме или како и да биде битно да го имаме за во Мкд после. си велам ќе се јавам да прашам, мејл за чудо не најдов.
Okolu polnomosnoto...ne ni baraa.Bas zborev so carinarnikot,vika sami si stavate zakoniPominavme dobro osven so na kolickata i trkalata i gi izvadija.Trgnav da odam na site strani trkala odea ko Zikina dinastija da se smees li da places li.Malata spiese vo avion samo 20min.Ostanatoto vreme vristese.Gi mrdnavme lugeto.Cel let pomina so turbulencii pa nemozevme da setame niz avion.Nasata kolicka e na dva dela.Korpata za sedenje se vadi.Ako imas plus sediste se naplaka.Zasto mora da ima posebno sediste za nego
До гејт ја возевме. Пред влевање во авион jа расклопивме и им ја дадовме, со се транспортер. Внатре, во авионот не може со транспортерот, односно во него да си седи детето, бидејќи ќе ти јиде во скут и нема негово седиште.
да, знам за внатре, мене не ми треба ни за низ аеродром се носиме во слинг, сакам само до мкд да ми стигне за да имаме за во кола а да не мора таму да купуваме.
да, ама тоа ако сакаш седиштето да го земеш во авион со тебе. јас сакам само да го чекирам - основата со тркалата, и и корпата од количката и транспортерот. читав вака најверојатно може
би било супер ама ако не знае ништо страшно, и јас работев во една авиокомпанија а не знам како беше за тоа правилото
Она е баш во авион цело време. Инаку порано било бесплатно, а сега како багаж плус се доплаќала количката... ми рече за најсигурно ке праша утре сабајле е на лет. Јас како и да е ке ти пишам ако не прашаш во меѓувреме.
Бесплатно е количка и горе ствари за бебе. Патував пред две недели со визаир. Со количката и транспортер може ама двете одат доле. Горе бебето седи во скут.
Го рачунаат како бакаж на бебето така? Не беше сигурна познаничкава.. зашто само си прават измени, ке праша и она утре..
А транспортерот си го рачунаат како дел од количката, а и дел од количката е уствари. Она тоа ја буни, дали ке го рачунаат како едно, или пак како количка, а транспортерот посебно.. Ти и тоа и тоа носеше?
и мене баш тоа ме буни. и посебно затоа што ние сакаме да ја дадеме количката расклопена и во специјален куфер, а транспортерот ќе му дојде одделно. ама ако знаат и обично чекираат и две работи ваљда нема да е проблем. ај ќе почекаме што ќе каже другарка ти
Што ми треба за бебушка од лекарства за на одмор? Без што не смеам да тргнам Купаки купени е сега дали без пелена да ја ставам да се бања или мислам во дм имавте пишувано за некои што не пропуштале вода.
Во море не го внесов ама во базент само по купаќи беше, на плажа со памперс, па купаќите за во вода џабе ги купив. Од лекарства носев за Т, алергија, пролив, убоди и секако топломер
Јас планирам да ја бајнам со пелените од дм што се. За лекарства планирам да земам сируп и чепчиња за тт, Линекс и реглан.
reglan сируп? Одамна не се дава на деца особено не на своја рака.Он едино ако ништо друго не го преќинува повраќањето,со одобрение на лекар и кај деца над две години барем.Од него може да дојде до фебрилни конфулзии,реагира на нервниот систем
До сега не сум дала таков сируп. Што можам да понесам во случај на повраќање? До сега не ми повраќала. Патот не би требало да и е проблем, а за храна од овде ќе носам.