Јас имам две пријателки кои од Австралија доаѓаа едната со 3 месеци бебе, едната со 2 месеци бебе и година и пол детенце.
Ќерка ми поголемата имаше 6 месеци кога прв пат ја качив на авион од Њу Јорк до Скопје,бевме сами двете, 10 години поминаа од тогаш но памтам како вчера да беше тешко и напорно е. Што по конкретно те интересира прашај ако памтам ќе ти одговорам. Здравје се спремам за наредното лето да одам со малава до тогаш ќе биде 1 година, од самата помисла косава ми се крева.
Да и мене така ми кажаа. Изгледа си правев филм во главата, сакав да го носам на гости кај брат ми во септември (во Америка) ама сега кога те прочитав и прашав педијатар се предомислив. Здравје наредно лето да сме живи и здрави , секако визата ми е за 10год. Thanks anyway
Проблемот не е само по патот, иако Америка и Мкд. е иста сезона климата е многу различна, еве јас возрасна сум и кога и да си појдам во Мкд. првите 2 недели сум обавезно болна, а тек замисли бебе. Ништо штом имаш мулти виза почекај малце да подпорасни бебето. Колку месеци ти е малото? Имаш виза и за него?
Женски ај помогнете ми.Ќе одиме на одмор во турција со 9 мес.бебе.Што ми е потребно да спакувам ,што смеам да носам целата сум во ???? Може ли да ми сподели искуство некоја мајка што била?
Дали некоја мајка знае да ми каже дали во рачен багаж ке ми пројде кутија аптамил неотворена? Или ке ми прват проблем на ренген. ( намената не е да давам по пат имам спремно плус за по пат)
Јас кога патувам со авион а често патувам плус и сама со дете од кога беше бебе секогаш во рачната торба горе што ја носам си ставам таму алишта на бебе намерно за да го облечам пресоблечам за не дај боже, дури на рачната торба кога беше помал и си спиеше и кебенце ставам пеленка исто, се таму за бебе. Во рачна торба смееш да носиш облека и шишенце за бебе евентуално дозерка со ад млеко нели да му направиш или за него нешто некоја грицка бисквитче. Се друго се пакува во куфер. Течности не смееш уствари само 100 мл така некако ама веќе ставаш водичка за бебе у шишенце нели шампони млека тоа не дозволуваат ноќици ноктарици никако. Значи само облека и чевли Се друго доле. Оти се друго знаат да ти го фрлат и нема назад. Добро ќе поминете не се секирај ако цуца цуцла стави ја и така најубаво да се успие. Јас сум патувала многу пати и не сум имала проблем никаков. Не верувам дека ќе пројде. Некои царини дури се скептици и за дозерка со ад некои не се толку замараат ама цела кутија не верувам. Мојата дозерка и водата еднаш ја ижаат проверувано дали е стварно вода и ад прашак.
Искрено не знам дали повеќе би ти дозволиле од едно. Јас би носела само 2 за евентуално фрлање на едното. Даваат ад млеко но не даваат да се носи многу количински. Зависи и од таму како ќе ти се погодат ти викам еден пат едвај не пуштија мереа премеруваа друг пат немавме проблем ама ад кутија никад не сум носела горе и знам дека нема шанси да помине а искрено повеќе од 2 3 дозерки и термос од оние малите повише не сум носела. Колку мл се овие? Мојот термос мислам дека беше 500 гр ама јас не го полнев полн. Да сум носела 300 мл вода се на се. Пак се е до таму.
Мене ми пројде два пати со виз аир. Цела кутија хип и плус дозерките. Во бебешката чанта си ги имав ставено и видоа ама не рекоја ништо.
Слободно носи. Носев и јас. Носев и термос вода никој ништо не ми кажа. Едит. Ќе ги извадиш на страна рабптите и на аеродром ќе те проверат со ливче раце, нозе, каиш, пасош. Ако е се ок, тераш даље
Лондон лутон /скопје Си имав проблеми околу тема ад млеко со нив зошто не знам И од тогаш знам дека млеко никако затоа не сум ни носела а сум имала потреба. Добро што вие сте прошле Најверојатно зависи од царината не знам Последен пат јас носев бисквит за малото и некои такви работи за венеција и пројдов без проблем Затоа велам не се знае каков може да се погоди таму Нема ништо конкретно
Многу сурово со бебе да не дозволат млеко, нечовечно а и искрено јас би се бунела бебе мора да јаде. Сеа моево кутија цела е друго ама дозерки и термос баш чудно. А бисквит проаѓа на било кој ако не е отворен јас кроасани имам носено и слични грицки без проблем, само отворено несмее ама за бебе можда би прошло и отворено. Инаку флашите готово млеко се 200 мл.
И јас се карав тогаш се осетив ко не знам што кога почнаа да отвараат шише замисли од бебе и да проверуваат мирисат па таму со едњн апарат па ад млекото го проверуваа со апарати крајно безобразно И ми вика уште ако имаш уште не може а беше само шише од 200 мл замисли Иначе за венеција ми беа отворени бисквити смоки едно друго дете јадеше за кај на авион никој ништо не рече овие од лондон се баш строги по впечатокот За ад кутија сите од таму ми кажаа не. Е сега за друго место не знам еве штом членките поминале што е супер може ќе поминеш и ти пробај ако не ќе го фрлат или ќе го однесеш или не трето нема. Конкретно во мојот случај за лондон колку многу пати не даваат никакво јадење ниту вода ниту кроасани ништо буквално.
Kaj mene projde se.I aptamil i voda termos,sise voda,laden caj,nekoi biskvitki.i orizovi galeti i moite kafinja duri
Ова прв пат слушам најискрено. Ние за лондон никогаш ама баш ништо не носевме а други што носеја им ги фрлаа у канта. Еднаш кафе носевме и тај ни вика фрлајте тоа одма На золвава моја иста прича..све и испофрлале. Не знам што да кажам може ова е од скоро или.. Чисто да си знам за друг пат