Да се пријавам. Стигнавме сабајле во 8. Кај 01:30 тргнавме полека. Се подразбуди на тргање, застанавме цицна се успа и до 6:30 на црногорска граница. Ама стандард ги мрзи малце да работат. Застанавме, пак цицна и заспа. Се сместивме, мама заспа а она со тато шеташе и спиела пак саат ипол. Јас, задоволна
Ај да ве прашам дека некоја погоре спомна Седете со децата позади или напред секако врзани? Зборувам за вас за напред а децата позади да дообјаснам Јас откако се роди и ден денес седам назад со него.. Ми е страв некако и шубе назад сам да го оставам
И јас се возам позади со него. Само низ град на кратки релации ако сум била сама со него го оставам сам.
@wannaBeMomma се мисли на замивање на шишиња, лажички, тањирчиња, цуцли.. не сватив никако дека бањале бебе со купечка вода Ајде ќе кажат
Кога имаше бебе 10 месеци се преместив да седам напред некако помирен ми е така, глас не му се слуша. Ако седам назад сака да сум до него да ме чепка да ме куби а често знаеше да писне и за во раце.