Имате некој список што све од лекарства да се носи за на одмор? Електролити, јаглени итн ? Или со осигурањето си ги покривате трошоците,ако не дај Боже настанат? Ние со мм до сеа не сме носеле ништо, имавме лани ситуација со ушите на мм, све ни покри осигурањето, дури и фискалните од аптека.
Ова ми е од Систина од лани пред да одиме на одмор: Осигурување секако ќе си извадиш и за вас и за бебе, ама јас носев 90% од ова со мене.
До две години се плаќа некоја мала сума. Цело време ги менуваат ама е само осигурување и слично. За бебето смееш да носиш количка и една мала торба (како тие што се закачуваат на количка) со работи за бебето/детето што се внесува во кабина.
Ќе си земеш сируп и чепчиња за тт, за пролив, повраќање, електролити, пробиотик( давај 2-3дена пред тргнување и уште 1-2 кога ќе стигнете на местото на одмор), средство за заштита од сонце и крема со разладувачки ефект ( во случај да го боцне некој инсект или од сонцето), спреј за нос и пумпица. Ова го носев јас. Секако пред да отидете ќе го однесеш кај педијатар да го прегледа и ќе се консултираш што и како да даваш ако има потреба. И најважно оди со позитивна мисла, сепак одите да се одморите а не да се разболите. Секогаш на првиот одмор со бебе ни е страв што и како ќе биде.
Уште од сега се мислам како ќе поминеме во авион..Дајте некои совети,искуства.Бебуш има 4 месеци,ќе патуваме два саати . Колку што имам видено бебињата во скут ги држат и ги врзуваат заедно со едниот родител. Не знам како ќе заспие,како е навикнат во темно да спие,во креветче,а баш навечер ни е летот. Пишете,секој совет е добредојден.
Чекирај си количка и предај ја пред авион. Во едно ранче памперс, влажни, термос со водичка за малото, флаша(или подобро неколку) бидејќи се чека на аеродром, па лет два часа, па до дома додека стасате после слетување. Да, со еден каиш ќе го приврзат и ќе ти седи во скут. Скоро сите плачат. Ако плаче не се тревожи а најмалку па да чуствуваш некаков притисок доколку некој те погледне. На оваа релација обично има многу деца и обично е со плачки при полетување/слетување. Со истиот лет сумлетала и јас. Ќе му се поремети малку редот на детето но ништо страшно. Ако имаш среќа ќе заспие пред полетување, но ништо чудно и во текот на летот да заспие па дури после слетување да се разбуди. Гали го, думкај, гушкај...цуцле ако прифатил.
Смее ли вода во термос да се носи? Дека нели течности не даваат..И ќебенце едно мало планирам да си земам,да го понишам ако се вознемири многу,играчка некоја можеби Малку па и да станеме да го прошетаме не е страшно..
Термос со вода за бебе пуштаат да помине зашто е основна храна за бебе. Јас со поголемо бебе носев и ќебенце тенко и играчки за забава и обавезно цуцла за при слетување да му ја ставам во уста зашто мојот кога беше најаден не сакаше да цица или да пие млеко. При слетување ако плаче исто така може да му ги затворите ушињата со рака само да ги покриете (ова ни го кажа еден човек последниот пат кога летавме и навистина помага).
Заборавив. Педијатарката ми кажа пред полетување и пред слетување обични капки за нос да им ставам. Околу 15-30 минути пред да се полета и слета.
Моето ама ич не заплака, а е бебе што плачеше нон стоп. Два саати, нит заспа нит заплака. Цицаше при полетување и слетување. Два саати ко пет минути ми се видоа. Горе носев памперс, влажни марамици, една играчка, тетра пелена, ќебенце може ладно да е во авионот, облека за пресоблекување, капче, шише вода, купена кашичка, палома. Ништо не искористив ама битно носев. Убаво ќе поминете да не се грижиш. И авионот беше фул бебиња и мали деца.
Ушите се затнуваат, да биде носот прооден, за да нема проблеми при промените на притисокот кога полетува/слетува авионот.
До која возраст се препорачуваат вакви капки? И ние ќе летаме наскоро, но бебето ќе има 1 година и 1 месец (веќе нема ни да биде бебе ). Да ставам капки?
Ако сакаш. Не мора. Ама имај предвид дека промените на притисокот децата повеќе ги осеќаат во такви ситуации. Сепак, нема штета ако ставиш. Не сите деца исто го поднесуваат полетувањето/слетувањето. Може да нема мака воопшто.
Јас летам следна недела за Скопје, резервирав седиште и за малото да биде во транспортер, бидејќи сеуште не може да седи, а и секако ќе и биде склет кај мене во скут. Во лежечка позиција во раце плаче урла. Се мислам за количката со куферот доле да ја ставам али веројатно ќе ја искршат нели? Срце ми се стега како ли само ќе поминеме два саати, бидејќи е само на доење, а нема ни три месеци. Ниту цуцла сака.