Освен да се препотуваме додека плачат во авион друга опција и немаме. Јас и сама ќе летам со неа за надоле, храбро Ако вришти ќе ја шетам низ авион како будала или ќе ја дојам или и јас ќе вриштам со неа.
@FreeMind Нема да ја искршат. Нашата здрава остана. Ние два саати не мрднавме од седиште. Позади нас имаше две деца и пред нас две. Како на приредба се чувствував.
Кога ќе пуштам цицки во облаци има веднаш подруга атмосфера да се направи. Како што 99,9% се од швицарска во авион има диско да биде. Не ми е отворена сезона за ракија, на голо тоа сирење во фурна не ми оди. Ах Баба Цана ќе почека една година. Убаво да си поминете Решив само со транспортер ќе си одам нема да можам во скопје да се довлечкам до излезн врата сама. Тоа шо е, ќе раскажувам потоа )
Поминав кошмарно. Битно стасавме, душата ми се тресе уште од нервоза, малата е како шлогирана од умор али добри сме. Не можам да опишам колку само ја мразам душевно македонската некултура. Од дно на душа. Простотилок свемирски. Толку. Идам да спијам.
Што беше толку кошмарно? Те молам долови ни малку од атмосфера, за да се подготвам психички, бидејќи ќе патувам и јас со бебе за еден месец. И тоа со wizz air одам , но имам Flex најскапата опција, со сите приоритети. Се надевам нема да ме испобуткаат. Дали носеше количка? Каде ја смести?
Јас и место за малата купив за да биде сама на седиште во транспортер, но ни тоа не помогна. Тоа ни ред се знае ни редослед, буткање стари млади дишење во врат, жолта линија за македонче глупо не важи он само да праша нешто. Во Германија мораа од царинска служба да реагираат за да дојдам на ред од “госпоѓо и ние имаме деца и ние чекаме” до “ јас сум стар имам предност”. И би била изненадена да не го познавав посраниот менталитет. Би си рекла од кое дувло иде племево? Бебето ми нема ни три месеци дали да го пазам од деца и луѓе кои му кашлаат во фаца кои никад не слушнале за рака на уста, од мајки кои ги оставаат децата да скокаат над седишта во авион, до оние кои ЈАЈЦА јадат во авион, до буткање по скали па на погрешни места седнале па карање на цел глас до стујарди изнервирани кои се дерат се до крај на чекање куфери каде се прерипува транспортер со бебе да се земе куферот побргу кој може и да одлета! И се тоа проследено со плачот на бебето кое спиеше цели дваесет минута во шест саати колку што траеше целиот карневал. Она плаче до зајдување јас се карам. Ете така поминавме.
@FreeMind Kako pominavte? Nie dobro,bebus gi prespa site kontroli do vo avion. Letot bese katastrofa i imase velo creme turbulencii pa moravme vrzani da sedime. Malku placese,edno ne saka da sedi,drugo kasno bese pa mu se spiese. Ama ne celo vreme. Lugjeto go zakacaa,imase drugi bebinja i taka. Mora malku da se poplace. Edinstveno uzas e za presoblekuvanje vo wizz air. Toa tolku tesno,nikakvo,edvaj. Ama dobro,pomina.
@Minnie 1 летот како лет беше супер саат и четириесет минути е од кај нас без турбуленции така да седеше во транспортер само на полетување и слетување беше во раце. За време на летот плачеше најмалку и ставив капки за нос пред полетување и немаше проблеми со ушите.
Не видов дека веќе си пишала горе. Исто и кај нас,до толку го испровоцираа стјуардот што викна " Добро бе луѓе аман што ви е денес,ај идете у к..... сите"... Е до толку му се смачи на човекот.
Ова воопшто не е типично македонски. Освен во скандинавија и Латвија, Литванија, норвешка невидена некултура е секаде. Англичани и Германци појдени на одмор се најлоши. Да. И од нашите полоши. За фамилијарни луѓе зборувам, со деца, кои демек треба да имаат разбирање. Али битно е по своето да се плука, нели туѓото послатко.
Јас летав од скопски аеродром со бебе од 4 месеци. Милина. И прва влегов и прва излегов. И играчки за детенцето добив и разбирање од околина, дури и жената до нас отиде на друго место за да имамњ комоција. Па и сите ја занимаваа.
Со ова апсолутно се согласувам. Искуство од пред 2години со кроација летавме за Загреб,а од Загреб за Сплит цел авион германци,австријци,ужас беше, и од деца и од возрасни,може беше случајност ама очекував повеќе култура и воспитани деца. На излегување од авион во Сплит керка ми ја бутнаа и падна,ко да ќе им побегне морето...