Имам работено на аеродром, претежно долги линии, со германци. До сто и назад имам да редам за култура на поединци. Од дискусии за дополнителен багаж па до убедување дека е само бебе и што ќе му е пашапорт за до Милано, нивно дека си е. И да, и тие деца шетаат среде авион, и се пентарат на седиштата, и среде трговски ќе се истегнат и рикаат ако не им купат играчка.... Не сме најлоши.
Дека седевме позади,а по обичај само напред врата отвараат,кога ги видов седиштата какви беа,свињарник. Срамота. Имаше во авионот разни,не беа само наши. Баш тие што се трудеа да помогнат и да го занимаваат бебуш,наши беа.
И јас имам супер поминато со бебе под 1 година. Сум летала од Германија до Софија и до Скопје и обратно.
Леле леле муабетиве Добро ај не сме племе. Има и полоши. Има некои и лук што јадат во авион и чевли соблакаат. Еј вејт на секој лет е истово. А другиве што ги спомнавте што летаат накај крф и палма и за нив имам зборови. Само јас летав вчера накај Македонија земја вековна непокорна.
Ги има секакви , нормално. Најчесто сама патувам со децата . Со визеир . И секогаш има по некоја негативна случка . Нема толеранција за мајки со мали деца . Јас не викам некој да ме тинтра и пушта преку ред . Нормално знам да застанам и да чекам и децата исто . Ама секогаш буквално секогаш дали на шалтер за чекирање има идиоти што се пикаат преку ред . Или ти стојат и дишат во врат . Жолтата линија ко да ја нема . За качување во авион исто . За ред на седење исто . Се ствара гужва стално и се тргнува покасно зашто неможеш да им докажеш на некои патници дека не им е тука местото , треба секој да запази место на седење . За симнување од авион исто . Ќе те по тепаат . Децата ќе ги истуркаат . Смрт ми е летањето .
Точно е дека имало и ќе има непријатни слички, на жалост не само со македончиња, туку и со други. Летањето се деца е само по себе стресно а не пак некој да се избаци преку ред или со слични испади. Сум го минела истото. Ама непотребни коментари дека сме глупи и племе. Дувлото Македонија како да е на последната гранка од цивилизацијата на среде високо развиените европски цивилизации.
Да, на последната гранка од Европа е. Седи на истата гранка со Босна и Србија. Подоле нема. Тоа е последната гранка во Европа. И глупи сме. И племе. И тоа е факт и нема што да се вреѓате.
Доколку ти сама себе и твоите најбиски ги ставаш во таа категорија ок. Твоја класификација твоја работа. Јас сама себе, моите најблиски и тон луѓе кои сум ги запознала, приватно и професионално, не ги сметам за племе, глупи или нецивилизирани. Ќе се сложиме дека не се сложуваме.
Ќе се сложиме дека јас и ти никогаш нема да се сложиме. За се останато си имаш индекси тоа за гранките али да не навлегувам во детали нели Небитно, доволно е.
Не сакам ни јас да зборам лошо за нашиот народ . Само си кажувам искуство . Нема да измислувам за да ги претставам во лошо светло . Едноставно во такви ситуациии сите си гледаат за себе ко крај свет да е и се губи она човечкото . Ко кога се отвара втора каса во маркет ♀️
Како патувате со бебињата на подолги релации со автобус? Бебето мое има 17 месеци и веќе мислам дека е големо за во транспортер (лани го возев на 9 месеци со транспортер во автобус и поминавме супер) во кола седи во седиште и се вози без проблем ама мислам дека седиште во автобус неможе да се прицврсти бидејки нема каиши на седиштата.Кога е врзан во седиште или транспортер седи мирен и се вози,ама сам да седи без ништо на обично седиште нема шанси да седи мирен. Лани транспортерот беше само заглавен помеѓу две седишта, дали да понесам годинава детско седиште па така да пробам да го заглавам да стои стабилно,и да му е поудобно на бебето?Има ли некаде да се продаваат само ремени со кои би можела да го прицврстам седиштето?Има ли некоја мајка со слично искуство?
Ќе летаме со авион во август, малата тогаш ќе има 7 месеци. Се работи за лет од два часа и плус 4 часа пат со кола од и до аеродромот. Што би понела со себе за да ми се олесни патот, за се се интересира, мала е. Исто така на страната на wizz air пишува дека треба да се носи седиште за автомобил за во авионот. Има ли некој да сподели искуства??
Седиште за горе во авион не ти треба, ти ќе ја држиш во раце со плус уште еден колан ќе биде врзана за тебе. Земи и слободно играчки, тропалки што ги сака. Во бебешката чанта можеш да ставиш апсолутно се за неа. Кашичка, ад, термос, шишиња, вода, облека резервна, играчки...
Meanwhile in reality https://edition.cnn.com/interactive/2019/05/europe/finland-fake-news-intl/ Спојлер
Мајки овде ќе го поставам прашањето, имав сретнато низ форумов еден линк од каде што може да се симне песни/цртани од youtube и да ги гледаш без да си оклучен на интернет. Ако знае некоја како е линкот да ми прати да се премиме со песни за одморот.
Sediste nemame noseno so transporter da koga bese pomal ama za 7 meseci sigurno ke moze i kaj tebe da si sedi vo skut. Za popat gledaj da imas mlekce ako ste na ad i ili cajce. Igracka tropalka ili so i da e so najmnogu mu privlekuva vnimanie. I toa moze nema da ti treba moze ke spie bebe. Bar taka bese so moevo odma zaspivalo