Ми помина времето за да редактирам, @FreeMind да се јави и да и помогне на оваа млада и неискусна мајка Преку Карлсруе ли патуваше со бебчо? И дали го преведуваше на германски полномошното, и дали ќе ми прават проблем ако е преведено доле во Мк или нема веза?
Ако патуваш со визз ти следи бесплатно количка што се склопува со тоа што на аеродром им нагласуваш и ставаат налепница и на неа Сама ќе патуваш со бебе? Јас сега пред 2 дена доагав за мк сама со син ми, полномошно сами искуцавме дома и маж се потпиша и земав копија од пасош негов меѓутоа никој нигде не ми побара ништо, 2 пат летам сама
Не треба да се пријави. Одиш со неа и кажуваш дека имаш и количка на шалтер и ти ставаат налепница. Со количката одиш до пред авион и таму ти ја земаат. Полномоштво не е морално ама е пожелно е да имаш и плус преведено на двата јазика за секој случај.
Преку Фридриксхафен. Јас имав преведено во Германија и не ми го побараа на аеродром. Ако не ти го побараат можеш во мкд да го преведеш не е проблем. Дали ќе ти го побараат на аеродром или не не знам.
Здраво мајки. Ние сме 1г и 9м. Планираме да идеме Охрид со кола. Минатата година коа беше 8м бебе си преспа цел пат. Ама сега ми е страв да не не сака да спие,да не повраќа.. Обично на пат подолг од пола саат му се смачува. Дали мислите дека е паметно пошо дремка сабајле му иде накај 10:30 тоаш да тргнеме на пат, и саат време пред тоа да не е многу јаден за да не му се приповраќа? Нешто да му дадам за притив мачнини има за оваа возраст?
Spomnavte polnomosno i jas koga patuvav nikade ne mi go pobaraa bev sama so bebco. Patuvav so wizz air. Koga sletavme gi prasav da ne ima treba na pasoska mi rekoa tvoe e deteto ne ni treba nikakvo polnomosno
Ние дека бевме по патен лист затоа и извадов и полномошно и сама ќе вадам мк пасош доле мислев дека ќе ми бараат полномошно од таткото.
И да не е јаден ако му се лоши од патување пак ќе му се лоши, гледај да патувате кога ќе спие. За мали деца има едни како лижавчиња се ама незнам како се викаат, прашај во аптека или педијатар. Мојата старосватица има таков проблем со детето па таа купуваше од тие лижавчиња што се за деца при патување а исто така има давано и 1/4 Драмина. Драмина се таблети кои се наменети за деца над 6 год но во одредени ситуации има давано.
Здраво мајки.. Незнам каде да се обратам, на големс мака сум.... на одмор сме во охрид со 9м бебе од понеделникот веднаш штом стигнавме приметив дека има дијареја многу често кака, еве веќе 4ти ден се е исто а нема температура се нормално си јаде каши, млекце вода пие, меѓутоа кака зелено и во течна состојба.. Што да и дадам ?.. Ќе пукнам од нервоза
Пробиотик давај-линекс јуниор, биогаја и сл. Електролити- хип ора 200, и доколку е повеќе од три течни столици за помалку од саат време ќе се консултираш со матичниот педијатар што да даваш за да се намали. За дијареа јас давам фурал капсули или ентерофурал сируп. Исто треба и на храната да внимаваш. Повеќе ориз, банана, двопек, млеко ќе исфрлиш дури да се среди. Ако сте на доење со тоа ќе си продолжиш најнормално
За долг пат (11+ саати )со кола што препорачувате рано сабајле околу 5 да се тргне ( така ни е планот) или касно навечер? Мене некако страв ме фаќа како ќе издржи толку долго.
Ние навечер ќе тргнеме идеме во септември на одмор со кола. После бањање и средување само ќе ја симнеме во наместена кола и тргаме околу 21 ч. Секако на местото чек ин е од 12ч па ќе почекаме за сместување али подобро таму наспана да ја занимаваш него по пат. Во 5 наутро цел ден будна во кола јас не би тргнала.
И јас сум на мислењево, ама мм не сака да чека уште еден ден покасно да тргне, а за вечерта порано нема да биде одморен од работа за да вози. Ќе видам ако успеам да го убедам. И така за недела дена не чека уште еден така долг пат па ќе ни биде ова искуство. Поголем е сега он ретко прави проблеми ама не се возел повеќе од 2 саати одамна.
Со внуците пред две години (16 и 10) бевме на 6 саати пат со кола буквално не удавија не можеа да доседат цело време беше “стасавме ли” “Тето уште колку има” на секои пет минути Си го познаваш најубаво, убаво што ќе тестирате претходно ќе му ги видиш можностите и ќе си одлучите.
19 месеци е, па планот ми е нова играчка, грицки и цртани по потреба. Ќе видиме или ќе се жалам и мм ќе се покае што не сакал да почека или ќе помине ок. Или ќе го убедам да почека до вечерта. Барем пола пат да спие добро ќе е.
Мајки, дали некоја од вас патувала со бебе/дете со авион на подолга релација и промена на 2-3 лета? Со бебе летавме кога беше 13 месеци, но само еден лет од околу 2 часа и поминавме релативно добро. Сега сакам да ја носам повторно, но мора да смениме најмалку 2 лета до крајната дестинација. Ќе има 18 месеци и ќе одиме сами двете. Промената на летови и чекањето малку ме плашат. Дали ќе издржи, да не се измачи многу бебе. Мислења ве молам.