Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.366
    Зимово летавме со еден претовар. 2+10 часа. Зеди си количка, за на испаѓање од авионот да ти ја предадат веднаш и со дете во количка да бараш гејт за следен лет. Најдобро само ранец на грб, за раце да ти се слободни. Резерви за преслека и памперс...
    За издржување ќе издржи. Мачно е и за стар и за мал.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Значи, да не се мислам и да одиме :). Благодарам за одговорот.
    Не сака да седи во количка, или ја носам во раце или оди сама. Така сме цело лето. Затоа, нема да земам количка.

    Инаку, 3 лета се (грешно пишав погоре дека се 2). Два транзита многу ми се гледаат, па затоа ми е дилемата. Плус во раце да ја носам.

    Како издржавте 10 часа? Имаше посебно седиште за бебе или во раце?
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.366
    До две години мора во раце. Нема екстра седиште....малку плачки, малку шеташе, малку играше. Седиштата беа со таблети позади, со даљинско се бираа канали со филмови, цртани...Па помогна и тоа. Авионот беше и со екстра просторија за преслекување, па олеснето беше за менување пелена.
    Дефинитивно само ранец тогаш, ќе ти требаат слободни раце.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ТамараKekic

    ТамараKekic Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Женички здраво.Ние летаме во недела Скопје-Карлсруе,бебчо има полни 8 месеци.Искуство некоја за летање со бебе со Wizzair и што се да понесам со мене за него? Башка и јас прв пат летам со авион:o
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    Со бебе не сум летала, прв лет ќе ни е почеток на март здравје и то ќе има месец/месец и пол.. пошо до сега летав буквално секој месец наваму-натаму и појќе овој период се заинтересирав за патовање со бебе иначе маж ми работат на аеродром и го прашав и него,за бебе ти е дозволено да земеш горе со тебе се ( полни шишиња, храна, хигиена..), количката слободно можеш да ја предадеш пред да влезиш во авион и ко ќе стасаш во некои аеродроми ја добиваш одма од кога ќе излезиш од авион, а кај некој ги оставаат кај багажот. Седиште за во кола имаш право да качиш со тебе доколку на него пише дека е наменето и за во авион (картата ја плаќаш како за дете над 2години заради што имаш плус седиште) ако не тогаш е кај тебе во скут. Во некој компании на пример Austrian до 10кг. е без пари количката, а над мораш да ја платиш како голем багаж. За поточни информации околу количката како багаж отвори на страната на Wizzair сигурно имаат правила. Ако патоваш сама со бебе, обавезно имај полномошно од таткото дека смее да патува до тебе без негово присуство.
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.451
    Пол:
    Женски
    За бебе од 8 месеци ти следува во авион со тебе да носиш торба со ствари за него со големина колку торбите што се ставаат на количка. Бебето седи кај тебе во скут освен ако не си купила карта и за него. Ама тогаш ќе мора да имаш седиште за во кола за на седиштето и пак при полетување и слетување е кај тебе во скут. Ти даваат посебен додаток на појасот за да го врзеш бебето за тебе. Ќе ти објасни некој во самиот авион како да го наместиш ако не можеш сама не е ич проблем тоа.
    За него освен торбата смееш да носиш количка бебешка (само пази смееш или седиште за количката или транспортер не и двете). Количката ја носиш до самата врата на авионот и таму ја предаваш. Можеш и да им кажеш да те чека на излез од авионот за да не носиш и бебе и торби во раце до дело каде што се зема багажот.
    Во торбата за бебето стави облека за пресоблекување и доволно пелени (пример за лет од два часа имај едно 7-8 пелени со тебе за секој случај). Во торбата смееш да ставиш и храна за бебе и вода за млеко. Овие одат на посебна проверка кога се поминува безбедносната проверка ама се дозволени за бебиња (иако возрасни не смеат да ги носат). Значи смееш и тегличка со храна и вода и се што ти треба за време на летот.
    При полетување и слетување гледај бебето да шмука нешто заради изедначување на притисокот во ушињата. Осоебно е битно при слетување штом ќе почне да се спушта авионот да му бутнеш нешто во уста (дали ќе цица, пие млеко, вода, ќе му дадеш да јаде бисквитче или ќе има цуцла не е битно). На самото слетување не е толку проблем колку што е кога ќе почне да се спушта.
    Имај со тебе и доволно играчки и занимации за летот.
    Јас патував сама со детето без полномошно односно во МВР ни рекоа кога детето оди со еден родител не треба полномошно (треба само ако оди со некој друг пример баба/дедо) ама сепак прашај си.

    Убав лет.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Пред да тргнете исчисти му го носето со физиолошки, од кога го правам тоа не заплакал при полетување и слетување. Притисокот доаѓа највеќе од затнат нос.
     
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.546
    Пол:
    Женски
    Без паники :)
    Сум летала со бебе повеќе пати од 3 месеци.
    Не сум имала проблеми.
    Ќе си земеш ад нормално за по пат ако не доиш ако доиш ќе си доиш во авион, во рачниот багаж ќе си ставиш дупли алишта за бебе, памперс, и нормално некоја храна ќе мораш сега се сетив дека е веќе 8 месеци и вода у шише.
    Се на се тоа.
    Јас кога беше поголем и кога патувавме го носев најаден па во авион само вода и бисквити летото ни беше 1 час.
    Ама нема потреба од паники се ќе помина во најдобар ред ;)
     
  9. ТамараKekic

    ТамараKekic Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фалааа ви жени најмногу.Уште ова прашање и спремна сум за лет.Имам чекиран багаж до 10 кила смеам ли во него бебешка вода шишиња од 1.5 литар?
     
  10. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Смееш, пушти го доле багажот само не го носи со тебе во авионот, ама не разбирам зашто има таму вода да купиш но секако ти си знаеш.
     
  11. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    За 2 недели одиме на зимување со бебе од 4 и пол месеци. Патување со кола од 3-4 часа.
    Кога уплаќавме бев бремена и некако 4 и пол месеци ми изгледаше големо бебе, а сега паника меѓу фаќа како ќе поминеме.
    Најмногу што бебе има убав ред на спиење и јадење, да не ја пореметам.
    Макар што синко е голем плус мм таму слободен за со него, јас само со бебето да сум.
    Некои искуства од поискусните мајки?? ?
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Јас мислам дека супер период сте избрале. Колку повеќе расте толку позахтевно е бебе.:D
    Сега само цице или шише претпоставувам ви треба.
    Редот ќе си го запазите и таму. Мојот со ист ред тера од 2м. Сме го шетале насекаде, и не сме менувале ништо.
    Тргнуваме, одиме некаде според него.
    Обично возиме кога него му е време за спиење. Или го будиме малку порано, за порано да тера попладневна дремка . Ќе се организирате според него и нема да му се смени ништо.
     
    На RedRevolution и Presrekna им се допаѓа ова.
  13. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Смее ли во виз доле да го пуштам едниот багаж од 10 кг што ми е на приорити?
     
  14. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Да смееш
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.
    На ексклузивно доење сме, само Мама до неа и ништо друго не треба. А Мама течности неколку безалкохолни лименки пиво:D и толку.
    И неколку куфери алишта :$
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    Секогаш имај полномошно со тебе, маж ми работи на пасошка контрола. Не знам кој ти кажал од МВР дека не треба полномошно, законски имаат право на граница да ти побараат како што е и законски ако го немаш да те вратат назад (без знаење од другиот родител не смее дете да напушти држава затоа што можно е при кавга/разделба детето да се одземе од родителот). Секако некој се слаби на дечиња и би прогледале низ прсти, некој би барале пари за да ви е дозволено летање. Сте имале среќа до сега.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Девојки бебка ми е 4,5 месеци и на ад ми е.Сакам да го прошетам додека сум на породилно.Какво е вашето искуство за патување со кола,бус или оние пик апчиња си што одат во Банско.Сакам да одиме ама не знам како ќе поминеме.Фала Ви:*
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас не би носела бебе на зимовање зашто како што сум зимурлива мислам дека ќе ми смрзне. Го замислувам умотано у ќебиња со смрзнато носе, горе у Банско.

    Инаку, со автобус или пикап е греота да малтретираш толку мало бебе, да се вози во гужви и со секакви луѓе. Никаква комоција, никакви услови, никако за со бебе. Каде ќе му смениш пелена? Како ќе се вози? Во раце не смее. Во транспортер знаеш дека на два саати треба пауза, кој ќе ти застанува толку? Ќе го истрауматизираш и него, а и цел автобус. Работата не е само да се отиде негде, треба да му биде погодено на бебе, не да се мачи по пат.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.451
    Пол:
    Женски
    Во делот каде што се вадат полномошно ми кажаа. Отидовме таму и ни рекоа не ви треба. Плус самиот формулар за полномошно беше така структуриран што се бараше потпис од двајцата родители детето да патува со некој трет. Практично немаше можност еден родител да друг да му даде полномошно тогаш кога ние баравме. Еве и на официјална страна на МВР пишува ако детето патува со еден родител не треба полномошно https://mvr.gov.mk/upravni-rab/12.
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    Чекај сега, полномошното кое вие сте го барале е ако детето патува само надвор од државата, таквото полномошно не е потребно доколку еден од родителите е присутен. Полицијата има право да побара полномошно (од нотар) дали другиот родител е согласен детето само со неговата мајка/татко да ја напушти државата, како што имаат право истите патници да не ги пуштат преку граница од Х причини. За пасошки контроли сум ептен добро запознаена, како што кажав маж ми работи таму. Со полиција и нивните цаки за пари неможиш секогаш да излезиш на крај доколку ти се паднал таков идиот. Не е морално, не бара секој, можат и без тоа да те пуштат ама имаат право за ситница да не ти дозволат премин. Мој совет беше тоа за да не дојде до нервози или мерење што е подобро дали да пропадни картата или да тутнам некој денар во пасош.