Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.451
    Пол:
    Женски
    Ако дојде до барање мито е тогаш нека му ја мисли глупандерот на кој тоа му паднало на памет. Закон кршат ако не пуштат дете со еден родител. Доскрециското право у затбпр ќе си го остварат ако тоа прават.
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    Мислиш можеш да докажеш? Мислиш еден полицаец е или е ланец врзан со си командир? Колку само се вртат пари по граници, де кола без полномошно, де дете, де не поминати 6 месеци од последно искористување на 3 месечен престој во странство.. кажи ми еден полицаец од гранична, сообраќајна или цариник што живее под кирија па ти мисли дека капат по затвори. Си поминала на Унгарска граница? Знаеш за што се не бараат пари? Има луѓе кои би дале 30-50 евра само да поминат, да не прам муабет за огромни суми што ги нудат само да влезат во ЕУ
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Имам другарка која што е разведена и кога и да го носи детето надвор од мк (летен одмор, зимовање, шетање....) обавезно со бившиот вади полномошно во полиција.
    Можда и дека презимето им е различно сега со детето, ама од друга страна и таткото кога патува со детето сам пак вадат полномошно и секогаш другиот родител мора да потпише.

    Не сум информирана дали е задолжитено, дали е ради презиме, дали ради тоа што не се во брак...само споделувам искуство.

    јас кога би била во таква ситуација би извадила. Да бидам на чисто. Ионака патувањето со бебе/дете е доста заморно па не би сакала ни најмал ризик за дополнителни компликации
     
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    @AlicaInWonderland ми е страв да те прашам како поминавте по пат?:)
    Планираме за Април на долга дестинација од 11 саати со еден премештај, па дали си правам бајрам на умот да тргнам воопшто?

    Втората опција ми е некои си седум саати лет директен.

    И трета да си одиме во Европа до 3/4 саати лет?
     
  5. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Можеби има, не знам.
    На унгарска граница имам многу пати поминато, но никогаш не сум била сведок на проблем, ниту личен, ниту на други патници. А дека тресат, тресат, се’ ќе ти отворат, како што впрочем е и на бугарска граница, но и на други гранични премини.

    Не сум видела и не можам да коментирам кој како поминува граница (со бебе/дете, без бебе) и дали дава пари/мито. Но, како е законски да се бара полномошно? Дали има закон за ова конкртено? Досега патував неколку пати со бебе и со сопругот, но наскоро треба да патуваме сами.

    Дали знаете каде да барам, во кој закон пишува дали треба полномошно или не?
     
  6. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Е што си се упрпала,да не ве слезат:rofl:.
    Оди без страв,нова играчка со вас. Па и да плачи и да досадува колку ке биде саат,два... па ке си заспие,па ке ја позанимаваат тетките стујардеси,ке се умори и она ке се предаде.... ееее од тоа плашење мислам дека ме чуствуваше уште во количка како ке биде,од кога престана гајле да ми биде дали ке плачел,дали ке ме гледаат детево ја засака количката. Така и за летот.
    Единствено низ аеродром што ке трчате е малце проблем,за возење ке помине:rofl:.
     
    На Pacient srna и FreeMind им се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Екстра поминавме ние. Имавме една конекција само. Првиот лет ни беше еден час, само што влеговме во авион го земаа стјуардесите го занимаваа. Брзо помина, не осетивме. Вториот лет ни беше 11 часа. Паника ме фаќаше ептен. Ама темпирав ноќен лет. Полетавме накај 8 часот вечерт, саат ипол беше буден ама не беше многу активен дека веќе пред заспивање плус притисокот горе...гледаше цртани, јадеше и заспа. Спиеше цели 10 часа. Го разбудив коа слетавме.
    За назад летот ни беше во 10 вечерта, ми заспа уште у количката коа влегувавме во авион, спиеше пак 10 часа и се разбуди еден час пред да слетаме. Додека се расони, јадеше и слетавме.
    Еден рачен куфер имав полн играчки. Не го ни отворив :D
    Јас само би ти препорачала да си најдеш ноќни летови и немај гајле.
    Таму имавме уште еден лет од 3 часа. Беше буден и гледаше цртани. Си носев ајпад со неговите цртани бидејќи оние таму во авион се долгометражните, тие уште не ги загледува.

    Пред да летаме бевме на контролен преглед и и кажувам на матичната дека стварно ме фаќа паника до степен што мислев и да откажам. Дека стварно е многу. 11 часа, не е 1-2 па да помине. Дома едвај 20мин го заигрувам во место...И ми даде некои апчиња за спиење за деца, ми рече се мешале со б витамин. Ако многу плака или е хиперактивен да му ги дадам во сокче. Јас не ги употребив ама добро е да се има со себе таквп нешто за ептен долги летови.

    А за на аеродром беше супер. Немавме мака. Коа идевме натаму се шетавме со количката. На назад веќе беше проден па се шетавме малку по аеродромот. Ама едвај 2 саати имаме конекција па тоа не беше проблем. Ама и да беа повеќе саати мислам на аеродром немаше да пречи

    Јас би одела пак :) само обавезно би барала ноќен лет. Мојов е под саат со спиењето, спие по цела ноќ па би се ориентирала според тоа.

    Да идете, ич да не се мислиш

    Јас си гледам за летово сакам Мајорка :) од скопје нема директи па ако идеме ќе испадне пак менување летови, ама го надминав овој страв.
     
    На FreeMind и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    @AlicaInWonderland ако ми се разбуди што плачење ќе даде во ноќен лет. Плус кога спие бара ширина се врти така на седиште тешко дека ќе спие мирно. Денски ми е поризично има да го споулави цел авион. Ќе не исфрлат за уши од горе :) Вика како будала.
    Многу ми е страв ќе прашам за апчиња али чисто се сомневам дека е дозволено нешто такво да ни дадат.

    Мајорка внимавај на климата е многу влажна и тешко се дише. Јас имав големи проблеми како тогашен пушач не можев воздух да земам. Имаш чартер летно време баш од мкд имам летано директен лет преку агенција со чартер.
    Плажите се исто влажни. Ако се погодиш помеѓу англичани ќе те пукнат.

    Би ти препорачала со дете Канарски да ги гледаш Тенерифе има убави ресорти. Фуервентура. Лансароте.
     
    На dunika и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.451
    Пол:
    Женски
    За летање зависи од детето.

    Јас со моето не би се осмелила ни сега на 4 години да летам долги летови. Премногу е љубопитен и не заспива во авион. Кога имаше година и пол имавме вечерен лет и заспа едвај во 11 часот. Среќа не беше долг летот (Лондон-Скопје) па некако издржавме ама инаку господ знае што ќе беше. Другите летови како поголем ич па не ни заспа. Сака да гледа, слуша и се останато.
    Затоа сега за сега се ограничувам на Европа. Плановите за одење во УСА на шетање ги одложивме за една година барем, а за егзотичните дестинации не би пред да може и тој да нурка и да гледа под вода. Инаку да седам на песок и тој да игра и да се плиска во плитка вода не би тепала многу пат.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, дали некој патувал со авион со количка?
    Ме интересира за виз аир - дали мора да е чадор систем, кога ја земаат и сл.
    Имам поголема количка што кога ќе се собере не е толку мала како чадор туку е поширока нешто како на сликата.
    Дали ќе можам со неа да патувам? 03781_pAiUFkDg7jYk3Ltq6r2MVvkA.jpeg 04b97_dBYQSfcM4zu6znQXdvUN1kaH.jpeg
     
  11. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Можеш со оваа, можеш и со било каква количка.
     
  12. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Имаш патувано?
     
  13. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Да, имам. Со слична количка како твојата. Ти ја земаат количката пред влез во авион.
     
    На friendy и NEA им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Нема проблем за таква количка. Асистирав еднаш една мајка која сама патуваше со бебе. И ја зедоа количката непосредно пред влез во авион. Ги товарат на посебно возило.
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    слободно, со која било компанија можеш без проблем. Ја чекираш, ја оставаш пред авион, на некој аеродроми ја земаш кога ќе слетате исто од пред авион, Мк на пример ги оставаат таму кај што се чека багажот.
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ќе летаме со бебе, со Визеир. Количка не носиме ама планирам во кенгурот да биде. Е сега ме интересира дали на портата за влегување ќе ми направат проблем во врска со багаш. Инаку си имаме нормален рачен багаш.
     
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Планираме зимата да си одиме за Мк, ама со кола.
    Дете ќе има година и 10месеци.
    Секако ќе се преспива некаде.
    Дали некоја патувала толку многу, да ми каже некои совети, јас секако ќе се консултирам и со педијатарот.
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.483
    Пол:
    Женски
    Ако имате карта за рачен багаж и не сакате да го пуштите долу, секако смеете да го земите горе со вас. На порта не прави никој проблем доколку на чек ин ве пуштат со тие димензии. Приорити имате право на куферче мало и ранец, во картата за бебе спаѓа плус ранец,
     
  19. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Колку многу е патувањето?
    Ако е научено да седи во седиште, не би требало да имате проблем. Ќе правите паузи за јадење, за одмор...
    Јас одев со мојата ќерка околу 1000 км, но беше помала, 6 месеци и без проблем го поминавме патот. Но, со двегодишно дете може да биде потешко. Се’ зависи какво е детето. Ќерка ми сега повраќа кога патуваме и не би се решила за долг пат со кола.
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.381
    Пол:
    Женски
    До која надморска височина се препорачува да се оди со дете од 16 месеци?
    @danichap @FreeMind можеби знаете
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.