Бебиња до две години смеат до 2.000 метри надморска височина да бидат качени. Најдобро е да се држите од 500 до 1.000 метри највисоко. Бебињата се карактеристични за на планини. Нас првата година не ни препорачаа планина (овде се алпите одоколу). https://www.kidsaway.de/wandern/hoch-hinaus-bergwandern-mit-baby-im-urlaub/ Повеќе на линков на германски е.
Јас лани со бебе од 4 месеци бев Банско и ја качував на Бандеришка и Шилегарник на 1620 односно 1800 мнв. Тогаш прашав и педијатар и невролог ми рекоа ако при качување бебето не плачи и ако не го држам повеќе од 1-2 часа може. До 2000 мнв мах.Горе е поредок воздухот заради тоа не се препорачува. А Банско во Пирин Голф бевме сместени со одличен двор и природа на 900 мнв и претежно таму ја шетав подолго. Види назад во темава и лани пред зимување дискутиравме Едит @FreeMind ти кажала пред мене
Јас летав сега скоро...Бебе мора во раце, на безбедносниот каиш за мајката, ставаат дополнителен безбедносен каиш за бебе. Картата до 2 години е бесплатна.
Со корона мерките како е во авион? Сите седишта се зафатени? Ако не сака да доседи може да ја прошетам? Фала ти.
Јас за Дубаи патував, треба задолжителен негативен Корона тест од акредитирана лабараторија, ако не е од нагласените тестот не пуштаа.Маски задолжително исто така. Е сега авионот беше фул фул, јас мислев ќе има место барем да сме сами, ама немаше шанси. Јас ја шетав, бидејќи не доседуваше на едно место цело време, морав инаку беснееше. Ја ранев во кабината за стјуардесите, љубезни беа ми дозволија таму. Добро е тоа што негативен тест е задолжителен за сите, барем колку толку знаеш дека никој не е заразен (иако ништо не е сигурно). Но знам компании кој што не бараат тест воопшто, сепак посигурно е ако патуваш да одиш со компанија која што има построги критериуми.
so wizz kako i da nema merki..avionot full do posledno. Maski se nosat pod nos i skoro nikoj od personalot ne reagira osven nekoj od patnicite.Se e svedeno na prodazba na parfemi, kafinja i slicno, a za koronata uvo ne im cue ...ova moe iskustvo od letot vo oktomvri.
Визз немаат мерки буквално еден над еден се седи, Аустриан бевме по еден седнати, Визз не добивме дезинфекција, Аустриан да. И да, можеш да шеташ.
Јас кога беше бебе три месеци ја носев во транспортер внатре во авион. Си доплатив и за неа авионска карта и транспортерот и го ставив на седиште. За враќање си го продале моето купено седиште и морав беба во раце да ја држам. Ми ги вратија парите, но не и нервите кои ги изгубив поради тоа. Јас за жал со Скопје директно сум поврзана само со визз. Никој друг не лета директно. Визз ти е дива лига и без пандемија. Картата сега ја платив 250еур во еден правец и во другиот 200 еур. Значи дури и поскапо од Аустриан. Ама кога немаш избор мораш да се стискаш во Корона со тројца. Ни средство ни бутур. Ама пак очекував полошо. Барем луѓето маски носеа и не се караа со стујардите.
Pravo da ti kazam i jas bi si platila. Bebe od 2-3 meseci ne sedi za da go drzis uste pa i vrzes so kais. Transporterot ke go vrzes i se super ke si bide.
Затоа да. Треба да е во легната позиција, а тоа во раце на авионско седиште е речиси невозможно. Плус малтретирање за бебето.
Феминки а како оди со детска количка на расклопување и транспортер.Дали тие можат да се носат до авионот или треба доле да се остават при предавањето на куферите.Кога се чекирање картите нема никаква таква понуда за беде,дали се доплата или не.Првпат ке летаме со бебе па не сум запознаена.Кај мене ке биде 4,5 месеци и ке биде во раце кај мене.позз и Христос се Роди за мн години на сите со го слават
За многу години, количката имаш право да ја носиш до пред авион, имаш исто и право да ја оставиш кај куферите одма на чек ин. Не се доплаќа ништо т.е кога ќе земаш карта за бебе плаќаш нешто 15-20 евра за малото и во тоа ти спаѓа количката и рачен вагаж за бебе. Е сега, не можиш да носиш количка на два дела и плус транспортер, едно од тие се доплаќа ако носиш три дела со тебе.
Реално кајш за бебе не е нешто комплицирано и одма се врзува, со кајш на него можеш да го легнеш, да цица, буквално се. Ако седи во транспортер супер ама малава моја не седеше ни во кола, а поради притисок во ушињата ако цица, пожелно е да цица за време на полетување и слетувате, требс ептен среќа да имаш, да не плаче и да запсие во транспортер. На кратка релација не е баш проблем во раце да седи.
E da vo pravo si gi zaboravam usite. Taman vo tie 2-3 meseci pred pat ke vidam sto bebe ke mi se pogodi i dali ke se osudam da patuvam
Да кога ја букирав платив 30 евра како административна такса.А количката не мислев на 3 дела туку само количка и транспортер.Оти кај нас транспортерите се монтира на количката.Не го носам тој дел за лежење ни па спортскиот дел.Значи само основата на количката и транспортерот.А ке летаме со wizzair. Фала на одговорот ❤