Мојата ќе биде 2 месеца и 10 дена кога ќе летаме. Мора да летаме назад за да извадиме документи за неа, летот ни е 5 часа. Ме фаќа паника...
И јас за ова сакав да си одам назад и на крај ми кажаа дека тука ако јас и маж ми имаме документи немора одма да се враќаме пред 3 месеци за документи да извадиме ... Види прашај си можи да има опција плус и со коронава...
Плачеше на почеток ептен, ја доев по совет од педијатар, секое полетување ја доам,а за година дена 9 лета имаме. Кога се искачивме заспа и супер поминавме. Најтежок лет ми беше кога имаше 5 месеци искрено амаа заради умор, пошо заспа пред да влезиме во авион, исто беше и првиот пат, па во авион се разбуди недомаспана и беше хаос. Од тогаш секој пат колку и да и се спие пред да влезиме во авион или кола, не оставам да заспие, само што ќе ја клам на града одма е заспана.
Ако сака некоја мајка да пише за искуството на доење за време на лет. Како го изведувавте тоа? Искрено не планирам патување во скоро време ама би сакала да ја имам информацијата.
Јас доам во јавност од старт и не ми е никаков проблем, доколку ти е незгодно седни до некоја жена, мада до сега никогаш еве 13 месеци се доиме, никогаш не никој не ме довел во непријатна ситуација, напротив кога се доиме сите вртат глава.
здраво женски, Ме интересира дали некоја од вас била на одмор со бебе од 5,5ипол месеци? само на ад е бебуш. Ве молам споделете искуства
Nie bevme ama imase 7meseci.isto na Ad. Termos so voda, i dispanzer za Ad. Plus jadese kasički, od doma go zemav blenderot pa si spremavme. Mnogu lesno pominavme
Ќе се селиме во друга држава, 4 дена пат. Патувањето ќе се одвива овака: 3 часа брод, 4 часа кола, 4 часа брод, преноќевање во хотел, сабајлето брод 2 дена и после ова 12 часа со кола од кои не смееме да запираме низ државата по ресторани, ради коронава. Да, авион беше опција, ама испадна да е дупло поскапа. Малиот ми е скоро 8 месеци, има два до три оброка на ден, доење и повремено ад. Пукајте со совети ако заборавам нешто да понесам. Ќе земам готови кашички, овошни и главни оброци, грицки за него, термос во кој ќе вријам вода, а претходно ќе понесам зовриена, ад, бејби нест, бебешки кревет што се склопува и расклопува, пелени, алишта... Што друго би понеле вие?
Ако немаш достапен интернет симнати песнички на телефон, тропалки,било какви играчки кои би го заиграле, некоја книга сликовница за читање....
Веднаш нарачав топломер(не ми се допаѓа овој што го имам), ете, не ми текна на тоа. Лекови кои? Имам алведон, против температура и болки. Други кои? Овошје друго освен банана која лесно се пригутвува, не ми текнува.