Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Звучи посесивно ама тоа е сосема нормално. Да имаше сега мојов 9 месеци ќе кажев нема шанси да го оставам ама сега би летнала одма накај Будимпешта :D
    Не стварно, на 9 месеци беше ептен лепенка за мене и не ни помислував некогаш да го оставам на чување ама го тестирав на 15 месеци и успешно остана цел викенд кај моите.
    Имаш време полека да го навикнуваш прво на неколку саати, па да пробаш и на спиење (можеш да бидеш во другата соба) и ќе видиш дали ќе издржи бебето без вас и вие без него.
    Јас би одела :)
     
    На minne992, dromka, unearthlysarah и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Точно, ама кафе се пие за неколку часа. Плус имаш кафе со маж и кафе со другарки. Ако не си со партнерот, тогаш тој/ таа ке го чува детето.
    Да отидеш некаде на неколку дена за мене значи целосна слобода. Ако бебето/ детето може без родителите неколку дена значи не е зависно, може да го чува и друг.
    Ама ако те бара бебето и излезен мора да си достапен и веднаш да си заминеш од некаде за потребите на детето, тоа значи зависно е од тебе и животот ти е целосно сменет. Спротивно, кога можеш да оставиш бебе и да патуваш значи животот ти е ист како претходно. Обврската бебе ја даваш на друг.

    Јас одам секаде каде треба. Кафе кафана шетање слава свадба, имаме баби и дедовци спремни за помош. Ако не сме заедно, јас и татко му го чуваме. Штом станав на нозе од царскиот излегував да се излуфтирам по 1 час.
    Што не е исто да оставиш бебе целосно друг да го гледа. Јадење пресоблекување спиење итн.
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
     
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.080
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ако ви се оди да си одите, со тоа што уште од сега да почнеш да го навикнуваш со баба и дедо или со кој би го чувал.
    Според мене, животот не ни завршува ако сме родиле дете.
    Јас ќерка ми, 6 месеци, прв пат ја оставив на 2 саати кога имаше 40 дена, па на 3 саати кога имаше 3 месеци, па 4 саати на 4 месеци. Сега во план ни е да ја оставиме повеќе кај моите да се привикнува. Нас ни е проблем што нејќе од шише да пие, е сега кога ќе си јаде и доручк и ручек, ќе си ја учиме да седи повеќе.
    Сепак зависи од бебето. Јас моето од мало го учам дека има и свет надвор од мама и тато. Не ќе ја лепам за нас, па кога ќе треба на година во градинка да оди, трауми да има дете.
     
    На dromka, Bubamaricka и unearthlysarah им се допаѓа ова.
  5. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Очигледно не ми ја сваќаш поентата.

    Потребата да го оставиш бебето на неколку часа, дена, недели не те прави помалку родител, или со тоа што го правиш, си го сакаш животот стар назад па бегаш од обврски и ги префрлаш обврските на некој трет.
    Затоа што луѓето имаат најразлични потреби, и околности кој не се само патување па мораат да ги остават децата
     
    На marija99992, Sofi.ja, januari19 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите одговори, совети и предлози. До сега не сум имала причина да го оставам, за шетање си го носам со мене во количка, а ако идам да пазарам или слично, мм го чува. Он работи од дома така да 24/7 сме заедно со него, ради коронава немало баш некое одење кај бабите и дедовците, ниту пак доаѓаат често, па затоа ми е сега некако незамисливо да го оставам неколку дена. Може дека уште е мал сега, не знам. Како и да е, сакам да си имам слобода, отсекогаш викав кога ќе имам дете нема да бидам таква посесивна ама ете, во пракса друго било :D Ќе размислам уште некој ден, фала ви уште еднаш.
    А да, предлогот за зимање една баба со нас не ми текна, добра идеја е. Или наместо мм со другар да иде, он да го чува дома, а јас со другарка да идам 8)
     
    На TanyaClover, Pacient srna, Tea SK и 2 други им се допаѓа ова.
  7. TanyaClover

    TanyaClover Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Да се убацам у пост... да не одиш на Harry Styles :D за да ме земеш и мене:rofl:
    Иначе јас би одела зошто да не. Мислам дека треба да се навикнува бебуш, понекогаш излегуваат непредвидливи нешта. А и добро ќе ви дојде на тебе и сопругот. Треба да имате и време посветено само на вас. А со бебуш ќе шеткате нормално таму каде што е изводливо за него.
    A добра идеа е и баба со вас да си понесете.
    Убав помин доколку се одлучите да одите
     
    Последна измена: 14 февруари 2022
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да го оставиш на спиење, мора да го навикнуваш да седи повеќе со бабите. Уште е мало и не разбира ама како расте ке си бара познати лица.
    Баба со вас е најдобра опција, лично не ја сакам опцијата, ама многу млади го прават баш тоа.
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми хотел во Турција за одмор, тогаш бебуш ќе има годинка.
     
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Јас не би.
    Нема да уживам ќе го мислам. 9месеци е мало. Друго е на 3 4 години без проблем би го оставила, ако сака да седи.
    Кога го оставам само мм кога е со него сум раат. Немам доверба затоа што се правеле многу грешки.
    Еве шефицата моја само што се врати од породилно одма отиде на пат 3 дена.
    Ако морам на службен, ќе одам, но знам дека татко му ќе биде тука.
    Не значи дека сум јас во право, многу зависи колку знаат да го чуваат.

    Нашите мајки се со по триста болести сега малиот е 16м и самите не се нафаќаат да го чуваат скроз сами, надвор не ни можат да трчаат по него. Ни на 3ч не можат да го почуваат, па веројатно затоа и вака размислувам.
    Треба и со нив да разговараш, колку се физички и психички спремни.
     
    На LazaLaza и unearthlysarah им се допаѓа ова.
  11. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Имаш разни зирни по агенциине
    Фибула, еуросава ....
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Аааа не, на Pearl Jam е концертот :) Убаво звучи вака се и ми фали што викаш и ти време за нас двајца само, ама ќе видиме. Фала ти :D
    Исто и јас, само кога е со татко му сум раат. Блискиве викаат спремни се ама мислам не знаат на што се нафаќаат :D Не го чувале ич до сега, уште од стартот до сега сами сме, многу ретко доаѓаат и одиме, ако се нафатам треба добро да ги познава, како што вика @MilaSs12 треба привикнување. Фала ви мајки на сите за мислењата. :inlove:
     
    На TanyaClover, Anaskopje, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Sherwood exclusive vo Lara i Kemer.
    Shearwood Dreams resort Belek
    Ic green palas beach lara
    Asteria kremlin palace
    Lara barut collection
    Papilon Belvi hotel
    Rixos, Titanik site se preubavi
    Gural premium belek
    Sirene Belek hotel
    Лара е поблиску до аеродром, Белек е малку подалеку но најубавите хотели се во Белек.
    Кој и да одбереш нема да згрешиш.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Какви се плажите во Белек, песочни или?
     
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Повеќето се песочни може ситни камчиња да има.
    Лара исто.
    Но нигде немој да очекуваш море како во Грчка.
    Во Кемер е чисто на пример морето ептен ама па има огромни камења во морето и мора со обувки за таа намена да се влезе.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaskopje

    Anaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Не го пропуштај концертов им бев кога беа во Прага. Не пропуштајјјј :)
     
    На pamelche, unearthlysarah и TanyaClover им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Од сега до јуни имаш време еееее да го навикнеш. Имај доверба во бабите, имаат искуство. Три дена ништо нема да му биде, не се 30.
    Јас многу ги сакам нашите баби и дедовци и во нив се крстам, со мене и маж ми добра работа завршиле, зошто не би со внуците.
    Знаеш за се има прв пат. Ќе му удоволуваат, ќе го тинтарат, ќе му биде интересно.
    Моите деца се поголеми сега, но кога беа мали имаше период кога мораа од пон-пет да спијат кај баба, а баба живее подалеку, па не се гледавме по пет дена. Првиот пат е уоооу не знаеш што со себе, но прв пат мора да има. После се организираш.
    Исто внуче од сестра чував 3 дена беше 9 месеци, од фирма ги частеа патување. Ја бараше мајка му, но ние зошто бевме, да го занимаваме, шетаме, играме кога се врати мајка му тој насмеан.
    Да си уживаш.
     
    На TanyaClover и unearthlysarah им се допаѓа ова.
  18. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Ич не ми се пропушта, може на други смешно им звучи ама мнооогу сакам да идам, авионски и карти за концертот 2019 декември ни се купени, со душа го чекав ;(
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    834
    Моево бебе сега има 9 месеци и да ти кажам, сега е во "мама" фаза, залепен е за мене, плаче одма штом го оставам на подлога и лази по мене плачејќи дур не го кренам... плаче одма чим влезе дома било која баба пошто како да осеќа дека ќе излезам...таков е периодот, ем разбира ем не разбира да му кажеш ќе се вратам, не плачи. Сума сумарум, јас не би го оставила и стварно не можам да го оставам, заоѓа од плачење.

    Ако планираш да го оставиш на чување, мораш барем 2 пати неделно да ги гледа баба, дедо за да се навикне на нив, да оставиш да го успие друг, да му даде за јадење итн итн. Моево е навикнато само со мене и мм, не го успивам никој освен мене и сега ука бука ако му се приспие дир е на гости кај некоја баба.
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Побрзо бебиња и деца се навикнуваат отколку ние мислам. Мора да пробаме, до јули има време за експериментирање и навикнување, желбата за одење е преголема така да може ќе истрпам 3 дена и добро ќе ни дојде. :)
     
    На TanyaClover, Mucika и irena.1 им се допаѓа ова.