Тие што имате летано со авион со бебе и количка, дали е возможно да се патува со количкиве што се гломазни како бебетто со делот за седење или мора да е летна количка? Би лртала два пати еднаш со визер и еднаш за турција со чартериве, до сега со бебе не сум летала со авион гака да секое искутво добро би ми дошло, фала.
Pa prifatliv rizik za soobrakajka mi e da ja vozam vo transported koj e vrzan ko sto pisal proizvoditelot ama nalegnat ko sto mi dal opcija
Ако добро разбрав опцијата за налегнување е за на количка, не за во кола. Членката кажа дека при таква поставеност не се сите линии зелени, значи не е прописно поставен, заштитата од производителот не е гарантирана во одреден порецент. Малтене дали така ке се вози или во раце, ризикот е потенцијално ист.
Rizikot ne moze da e ist zatoa sto bebeto e vo transporter vrzano. Od 3 linii edna ne e zelena ne e ednakvo na vozenje vo race. Jas ne mozam slepo da sledam upatstva koi se bazirani na testovi za najloso scenario. Osven toa i kolata vo koja se vozam mi dava odredeno nivo na sigurnost jer ne fico. Ako samo.sledime upatstva trebase na 5 dena vozrast doma vo relaksatorot kaisi da i stavam sto se skroz bez poenta ama ne staiv. Uostalom go nemas transporterot za da me razberes ubavo sto e muabetot
Свитканата положба кај сите транспортери е со одредена цел, а таа е заштита на рбетот на бебето. Треба свесно да профатиме дека сообраќајна несреќа никој не сака да доживее и никој не оди директ во ѕид за да направи сообраќајка. Кога и дали некој пијан дрогиран луд ке ве тресне не се знае. Дури и нагло кочење е опасно за рбетот. Ама ти си знаеш. Произвдителот кажал, јас дадов мислење. Твое дете твоја одлука.
Ќе се надоврзам за релаксаторот,малата на брат ми немаше ни една недела кога се слизна од релаксаторот на под. Секако не беше врзана. Од тогаш и за 5мин лулкање ја врзуваа.
Некоја мамичка што била на одмор со бебе да ми одговори на неколку прашања: 1. Колку пелени носите и како ги пакувате пошо ако носам цел пакет и го ставам во куфер многу место ќе зафатат? 2. Колку пелени од оние за пливање носите? Во дм ги гледав, едно пакетче се 12 пелени. За 7 дена колку ќе ми требаат? 3. Во авион дали е дозволено да се носи вода/сок/храна за бебето? И дали во куфер што се чекира може да се носат кашички купечки? 4. Дали и што лекови носите и што би ми требало си носам за секој случај? Дали е дозволено во авион сируп за температура?
Пелени обични носев колку вообичаено дома што троши за период од 10 дена, плус некоја. Пелени за во вода не купив,купив пелени-гаќички па со такви го бањавме. Од тие трошевме по 3-4 дневно, со оглед на тоа што два пати одевме на плажа. Се случуваше и по купаќи да го оставам(кога знаев дека нема да кака) а пред да си одиме од плажа му ставав обична пелена до апартман. Секогаш после бањање му менував да не седи со мокра пелена. Ние патувавме со кола,па си имав посебна торба за пелени. Во авион во рачен багаж можеш што сакаш да носиш за бебето,а мислам дека во чекиран немаше ограничување,сепак прашај на аеродром. Лекови носам се што имам дома за него,плус уште нешто ако ми фали. Прочепкај по темиве има списоци со лекарства за на одмор
1. За 3-4 дена. Од таму си купувам. Нешто ставам во ранец, нешто во торба/куфер за бебе. 2. Најверојатно еднаш на ден макс. два пати ќе се бања бебе. Тогаш можеш 1 или 2 пакувања. Ама тие од ДМ не ги бива за ништо. Јас лани купив 2 пакувања и скоро ги фрлив. Само 1 пелена употребив и доволно беше да видам дека не чинат ич. Можеш голо во вода, надвор со обична. 3. Да и да. 4. Да, и лекови и топломери, за носе инхалатор, прибор за нокти итн. Зависи и колку време е одморот. За лекови зависи колкаво е малото, а и каде ќе одите. Кога е мн. мало само парацетамол и капки за носе се доволни. Има на YouTube видеа за аптека за патување (travel pharmacy) ама најубаво да видиш од некој стручен а не од инфлуенсерка и сл. Последниве повеќе рекламираат.
Ви благодарам многу на сите . Планираме да одиме во Турција 6 ноќевања па да си знам да се спремам. Лани бевме во Охрид неколку дена само ама друго е на домашен терен друго во странство .
Некој да сподели искуство за патување со бебе со wizzair? Дали за количката се доплаќа, како во авион со седиште ли, се доплаќа ли и за тоа, како да се превенира затнување/болка во уши и слично? Ве прашував пред некој месец за мислења како да отидеме во Будимпешта со мм на концерт па на крај одлучивме го носиме и бебе и свеки на шетња
Највеќе зависи мислам од времето на летање, ама генерално не би требало да е проблем. Најубаво наместо први, последни да се качите за да не седите додека сите се качат. За количка не се доплаќа. Во авион во скут и со посебен каиш. Мислам дека се плаќа одредена сума и за бебе, ама тоа кога купувате карти и тоа е. За притисокот се препорачува ако цица, на града при полетување и слетување, ако не цица, а фаќа цуцла тогаш цуцла. Убав помин
Пелените за во вода се жива глупост, не троши пари на тоа. Најдобронамерно ова. Само се полнат со вода и тежат повеќе од бебето. Јас мислев се водоотпорни, не примаат вода и бебето ќе биде суво, врска нема. Подобро голо нека се бања ако ја бањаш во море.
Фала ти за советот. И имам купено купачи како гаќички само, најверојатно само по нив ќе си бањам да не биде ептен гола гола.
Земи си гаќички памперс и после бањање такви облекувај. За во вода купаќи, имаш целосни со фактор да не изгори.
Мајка, има ли прописи со каков транспортер? Нашиов не е од тие помодерните )) исто и за количка ме интересира, да не имаат пропишано каква количка може или било каква.
Ивана прашање до тебе Дали ќе носите количка и дали се доплаќа!? И ние планираме Турција па тоа најмнигу ме интересира