Со детско седиште мислам воопшто не е изводливо(не знам за класично седиште мислиш или само за под газот). Јас никогаш не сум спуштла, седеле/спиеле во седиште сеедно колку часа бил патот.
Класично седиште за големата мислев на спуштено да спие. А бебето мислев мора да се спушта за да спие нели?
Кога беа мали и го надраснаа транспортерот менував ниво, сега веќе во овој тип на седишта не спуштам ништо.
На подолги релации сеуште се вози во седиштето 0-18кг што и е. Кога ќе заспие и го навалувам. Инаку 4 ипол години е.
Го сменивме планот и ќе одиме Хрватска годинава , здравје догодина Турција. Ама знам дека за количка во авион не се доплаќа. Одиш со количката во влезната врата на авионот, таму ја оставаш, ја пакуваат и на излегување ти ја даваат.
Прво прашање, дали вреди да купувам од пеленине за пливање или врска немаат? Второ прашање, како ви спијат на подолг пат во седиштата? Нели се здрвуваат така ако спијат саат, два? Нашево малце како да се поднавалува со тоа исофиксот ама пак не е скроз легнато, грев ме фаќа за бебе. И ако имате идеи за занинација за 10 мес бебе да седи мирно. Планирам нешто играчки, песнички ама па дал ќе седи ми е, многу е тепмераментна.
Пелените врска немаат. Спијат во навалено седиште, не се здрвувале моите. За занимации, што го интересира бебе, тоа. Музика, пеење, музички играчки... На моиве кога биле поголеми сум пуштала песнички на таблет, особено кога сме патувале подолго. Ако седиш до него може да плаче да го земеш во раце, ако си на предно седиште може нема да прави проблеми. Се е до детето. Ќе правите почести паузи ако кенка, во раце немој да го држиш.
Мајки ќе одиме на море планирам да земам сируп за темп. лепенки за темп. витамините што си ги зема и друго незнам што да земам бебе има 4 месеци досега машала ништо не ни притребало
Дали некој има патувано со бебе со авион? Од Австралија до Мк ќе не фатат 29 саати со чекање и летови, 8 ипол месеци ќе има. Дајте ми некој совет ве молам, што да земам од храна освен млеко? Дали даваат храна за толку мали бебиња во авионите? Што помогнало за на вашето бебе да не му се затнат ушињата при слетување и тргнување? I am scared
Јас сега во недела ќе летам со бебе (9 месеци има) ама летот трае само саат ипол. Ќе ти пишам искуство отпосле А инаку за млеко, храна и вода за бебе ич не праат проблем, се што ти треба можеш да си носиш во ранец со тебе. За полетување/слетување сите викаат најдобро цуцла да цуца за тоа време, да цица или да пие млеко од шише, тоа го балансира притисокот во средното уво.
Јас од Мк до Австралија. Нашиот беше вкупно 24 часа мислам плус од аеродром до дома 1 саат. Чекавме6-7 часа во турција и тоа беше најлошиот дел плус сменивме аеродром. Моето беше годинка точно тогаш, не одеше, се сакаше да пипне, не сакаше во количка да седи на аердромот, скоро се беше затворено поради ковид Пробував да ја успијам, се и беше ново и немаше шанса. Успеа да најдеш red eye flight? Оние навечер? Ние темпиравме летот голем 16часа да е навечер и малата спиеше 10 часа од тој лет. за другото како ќе дојде, ќе се снајдеш. Јас носев нешто играчки, исто имав симнато некои видеа од јутуб. Ама не гледаше многу како што памтам Сега кога читам тука што прашуваат за совет за лет 1-2 часа си мислам ништо тоа не е, супер ќе сте За ушите ми викаа да и давам цуцла или да пие нешто кога полетува авионот ама искрено заборавив и ништо не и беше. Едино ме нервираше тогаш уште беа ковид рестрикциите, ќерка ми допре едно шише вода кога стујардесата минеше со храната и ми вели, кажи и да не фаќа, ковид е, не смее да фаќа шишиња, велам еве кажи и ти, 12 месеци е, ќе те сфати. (Тестирани тргнавме) После шетав низ авион да ја успијам и пак доаѓа истата и ми вели ќе мора да седнете. Поради рестрикциите се станува само за по тоалет. Велам не седнувам додека не ја успијам, немам друг начин. Прати уште една да ми каже да седнам ама не послушав, едмоставно така ми заспиваше детето, очигледно немаа деца тие па не знаат како е. после во Австралија летот до дома друго беше, сите беа префини, едниот дури и пееше на ќерка ми, и даде играчки исто така. Мислам дека сега веќе ги нема овие рестрикции секако. Колкаво е твоето дете? Нема ограничувања за храна и млеко за бебе. Носев 10 тегли хип и аптамил 2 кутии
Првиот лет ни е 8 часа до Сингапур и таму имаме чекање од 6 часа, си мислам добро ќе поминеме со чекањево. Вториот е 10 часа до Истанбул, немаме тука многу чекање само 2 ипол часа тоа е времето додека излезеш и влезеш во другиот авион. Инаку овој лет од 8 е од пладне 12 саат, незнам како ќе го заспијам, дома во количка го нишам за да заспие во раце неќе баш ама мора да се проба. Другиот 10 часа лет се паѓа навечер и се надевам да го преспие поголемиот дел. Значи можам една кутија да земам формула и колку сакам јадење, супер тогаш. Мислам веќе нема рестрикции освен маски што мора да се носат цел лет. 8 ипол месеци ќе биде кога ќе одиме. Дали можам посебна торба за него и посебна за мене за горе?
Patuvaj dur spie...nie do sega za grcija taka odevme ili navecer ili za tek na dnevnsts golema dremka od 2 saati sto e. Vcera na vrakanje od mavroov nr i bese vreme za spienje abe na glava ni se kaci en znam sto i bese me izmori toj saat poveke od cel vikend. Inaku pesni na tablet i cela torba igracki pod sediste i gi menjas. Sega skoro na vrakanje od grcija moze 40min ona frlase smukalceto dole vikavme ash go nema i go davav i vikavme dze i super zabavno i bese. Zavisi i denot kako ke vi se.pogodi
Такс сум на план накај 3 сабајле да тргнеме, успана да ја внесам во кола, барем до граница да ни е мирна глава. После ќе мењам играчки и занимации.
Zdravo na site, Imame ke imame 3 meseci i 10 dena i sakame da odime do Ohrid na 5 dena. Dali preporacuvate, sto mislite, nekoj sovet Malku se plasam ...
Немам искуство ама памтам дека мојата на 3 месеци кај ја оставиш, таму ќе ја најдеш. Така да мислам дека нема зашто да се плашиш.
Pa ne znam kako ke se snajdeme na plaza, bidejki se saka da gleda da go setaat Mi e strav od toploto ...
Ако најдеш апартман до плажа/ езеро и да можеш сабајле да излезеш па напладне да се вратиш внатре. Ако си во центар и да треба да седиш на плажа цел ден, тешко, нема Охрид такви плажи за со толку мало бебе. Почекај крај на август да залади малку.