Два и пол месеци беше бебе го носев на море. Преубав одмор си истера ме, цицаше кај ќе стигне. Ама втора половина од септември, не би никако јули август по жештини. И сместени близу до плажа.
Pa nas iskreno planot taka ni bese vtorata polovina septemvri za grcka da ideme, megjutoa sega mu iskocija nekoi obvrski na soprugot nakaj oh pa zatoa se mislam dali da isterame 5 dena tamu ili da si sedime doma sami
Ic da ne se mislis ene kaj e ohrid. Jas lani na 3mes vo avion za hrvatska ja kaciv i na ostrov tamu bese cel mesec...super se toa vreme ne mrda samo gleda se smee cica i spie
Попаметно ли е да се трга во зори 3-4 сабајле и бебе да спие во кола, или да стане па одма да тргнеме кај 6-7 пример? 4-5 саати пат не чека. 8 ипол месеци е.
Би ти рекла дс тргнете додека спие оти мислам дека ќе ти плаче ако е буден. Моето повеќе од пола саат не издржува во кола.
Најдобро е додека спие . Ние патувавме , морав со нешто да го занимавам и симнував видеа јутуб на телефон да гледа да е мирен инаку нема шанси да издржува повеќе.. Би ти препорачала додека спие
И едното и другото е ок. Ако тргнете во 3-4 да не се рассони бебе па додека да презаспие да поплаче. Ако тргнете сабајле сите ќе сте наспани, ќе поседи в кола саат-два ќе го занимаваш некако па ќе застанете да цица/ад/појадок па пак ќе спие саат-два. Како размислувам сепак сум за сабајле дека ноќе ми е страв ако треба да се застане некаде, освен ако не е на бензиска, ама ако плаче многу некаде каде што нема бензиска во близина, а мора да се застане. Зависи и бебето какво е мирно, прилагодливо или плачливо. До сега какво било во кола, дали седи во транспортер, дали заспива само во транспортер кога се возите. На крај ти знаеш најдобро. Ние еднаш тргнавме кога заспиваа, еднаш кога се разбудија и двата пати имаа свои маани и предности. Ама сред ноќ немаме тргнато.
Зависи какво ти е бебето. Син ми спиеше без проблем кога и да тргневме па не бевме ограничени.И ден денес е таков.
Јас би ти рекла зависи и од смештајот кога е check in. Да не стигнете многу рано па да не можете да се сместите. Лани тргнавме додека спиеше и стигнавме рано, но смештајот не ни беше спремен и се изначекавме, а беше и претопло да одиме на плажа и седевме по барови на кафе/јадење. Пола пат го спиеше, пола пат го занимавав. Тогаш беше колку твоето 8.5 месеци. За назад тргнавме околу 8 часот, исто немаше проблем со патот, пола го преспа. Оваа година, поради сплет на околности тргнавме подоцна, околу 10. Едното беше година и пол, другото 7 месеци. Пак немаше проблем по пат, исто голем дел од времето го спиеја, иако патувавме сред бел ден. Остатокот од времето пеев песнички, си играа со меки книги, играчки, поголемото грицкаше бисквити/смоки. Ги фаќаше нервоза некогаш од многу седење, но баш доаѓаше како темпирано да застанеме на бензиска или граница и ние да испружиме нозе.
До сега не сме имале проблем во кола, последен подолг пат беше пред месец ипол два, некако разлошена ми е од тогаш и спиењето ни е крш, затоа ми е мисла. Од друга страна си викам ако не презаспие ако тргнеме рано . Ќе ја чекам да стане изгледа, па ваљда ќе истера и прва дремка таман пред да стигнеме. За чек ин ќе се чека сигурно, пред 12 не верувам дека го спремат освен ако е празно. Ама подобро на морски воздух да чекаме него овде, пријатно е во сенка.
Ако е како моето што не издржува повеќе од 15мин во кола, најдобра варијанта ти е тоа. Ние сме моментално во Грција. Од патот највеќе стравував. Појдовме во 3 ипол ноќта, го преспа цел пат. Така планирам и за враќање.
Искрено најдобро да темпираш кога му е време за дремка. Сум ја разбудила така повеќе пати и хорор ни било, не продолжила да спие, не донаспана, мојш да замислиш. Веќе е 2,5 години и уште темпираме кога е време за дремка, пошо само така имаме мир.
Како го занимавате бебе по пат? Има година. Во последно време не додржува ни 15 минути. Беснее, пробува да го преврти транспортерот, вришти, плаче. Кога не е во транспортер ај малку помирен е, ама пак плаче, се симнува од седиште, буричка по механизацијата за прозорите, пробува да ја отвори вратата... Нема што не прави. Му давам играчки, пуштам јутуб, пеам, зборувам, сѐ е џабе. Најчесто му давам смоки или некоја овошка ама некогаш ми храна не му го оттргнува вниманието.
Јас цел пат од македонска граница до Тасос перек и давав да седи мирна. Кога снема перек, бисквити. Само така ми седеше во седиште иначе шанса нема каков јутјуб, какви бакрачи зима фрла телефон.
Кога беше помал имав закачени тропки,музички играчки на транспортерот и на рачката над прозор,плус му пеев песнички,па вртевме сликовници,па играчки наизменично,моето не јадеше ништо,само цицаше, така да со храна не го интересираше да се занимава,ниту пак јутуб,тоа кога порасна почна да фаќа телефон.
Здраво , дали со wiz air може да се патува со ваков тип на количка? Долнипт дел се собира меѓутоа горниот што е леглото е доста голем и не се собира?
Може, ќе им залепат на двата дела по налепница. И не се секирај нема да се умишти ништо, 20 лета имам со количка имано, секогаш ги пазеле и не се уништи ни еден дел.