Стигнавме ние без проблем. 2 лета по 1 час , уште на полетување од бучавата во авион си заспа. Прoблем имав првата ноќ, заспа и потоа следуваше плачење едно саат време. Си го бараше креветот, домот. Штом ja спуштев во креветче плачеше жално. Затоа за прв пат одкако е родена спиеше со мене на спална и цела вечер се буташе во мене сега е ок. Си спие во креветче.
И нашиот пρв виκенд надвоρ од дома и на подалечно место помина супеρ. Бебе два пати си спиеше по пат,носевме игρачκи вκола се занимаваше κога беше буден,исто и за вρаќање. На гости,беше помиρен од што е по дома,сите го земаа,се смееше,весел беше,и со оглед на тρопсκата жештина таму,синκо спиеше миρно,јадеше ноρмално и не плачеше воопшто.
Колку се помали толку полесно се патува со нив. Доколку ви се здрави децата и имате услов за патување не двоумете се. Пропуштената прилика не се враќа никогаш во животот.
Pocnaa gorestini a i odmorite veke... ako nekoja majka odi na odmor sega vo juni, posebno nakaj grcka, neka spodeli iskustva...
И ние вчера имавме патување од 2x2.5 часа со бебуш. Малата е еден месец и до сега имавме само кратки релации на 13-30 минути кои одлично ги поднесуваше. Транспортерот не дека го обожава, но во моментот кога ќе почнеме да возиме заспива и нема проблем. Првата половина од патот до градот кој ни беше дестинација ја извозивме во еден здив што би рекле. 2.5 часа без пауза а она си спиеше. Коа пристигнавме сменив пелена, ја надоив, завршивме работа за околу еден час и веќе бевме на пат за назад. За назад еднаш закенка и направивме пауза за доење и свеж воздух да не фане и потоа си продолживме. Климата беше на најслабо уклучена и беше баш пријатно во кола. Се на се супер поминавме.
Да пишам искуството кога одевме и се враќавме од Бугарија.... Патот беше околу 800км, или околу 12 часа возење. Климата во кола не можеше да се направи зашто потегнуваше ризик нешто друго да се расипе (то ти е со стара кола ), затоа тргнавме во 21:30 кога веќе беше посвежичко, среќа така се погодија тие денови во Скопје. Ја облеков само во боди со кратки ракави. Спиеше до граница, па будна уште два саати, па пак спиеше уште два, па пак будна уште два....абе хорор! Плус кенкава, вадеше заби (откако стигнавме израснаа две двојки наеднаш), раката ми отпадна од држење мобилниот пред нејзе за да гледа цртани и песнички. Специјално купував сд-картичка за мобилниот и симнав еден куп работи од интернет за неа, како да знаев што ме очекува. Конечно откако изгреа сонце поспа малку, и стигнавме во 10. За враќање беше мноооогу полесно. Сега бевме само четворица во кола, па јас имав комоција со неа позади. Ја најадов вечерта и тргнавме по бугарско во 20:30, штом зајде сонцето. Беше будна два саата, и после тоа си заспа. Ги отспа и сите паузи, кои не траеа повеќе од 5мин, колку за во тоалет. Успеав и јас да дремнам, арно ама кога стигнавме во 7 си се разбуди и одма спремна за играње
Досега со беба патувавме неколку пати. Првиот пат на вакцина, вториот пат на мини одмор, и еднаш летавме на 4 дена. Патувањата со кола беа супер, а летањето и возовите после беа и повеќе од супер. Ниту еднаш не заплака. Ама во авион морав да имам цицка на stand by. Подобро затскриена да дојам, отколку дете језиво да пишти.
Пиши ми во лп до каде летавте и малце подетално што дозволуваат а што не во авион? Ние декември ке летаме до нинберг за прв пат со малата.
Јас патував кога малата имаше 7 месеци со авион и се ми дозволија да носам. Каша, АД млеко, термос, шише, се што ми беше потребно за исхрана. И облека се разбира.
Мамички сакаме да шетнеме, да одмориме малку некаде, на пример Банско, гледав понуди интересни ама сакав да ве прашам и вас дали некоја од вас била со бебенце? Моево ќе има 8 месеци, гледав Хотели All Inc + Spa, само незнам колку ќе успееме и Спа да користиме, ако најдеме друштво некој да дојде со нас, ќе успееме другарка беше, бебчето во релаксатор, они во затворениот базен.. може и таа опција ако не.. Вака поубав хотел, искуства?
Ние редовно одиме со малото и тоа од кога имаше 5 месеци. Во ЛП ке ти пишам детално за да не биде ОФФ
Здрaвo aкo мoже дa ми кaжете искуствo сo летaње вo aвиoн сo 8 месечнo бебе, требa дa летaме дo Итaлијa, кoлку е дoлг летoт aкo знaете oдприликa, прв пaт ќе ни биде и нa мене и нa мaжми и бебушoт Ме интересирa штo смее дa се пoнесе и дaли кaртaтa се плaќa целa или... Фaлa
Само што патував со 8 месечно бебе со авион. Летот беше негде околу 2 часа и 15-20 мин. Си резервирав седиште до прозор и на полетување и слетување цицаше за да не го болат ушињата од притисокот, остатокот од летот го преспа. Мојот не пие вода, млеко и сл и затоа ништо не му носев, но знам дека дозволуваат за бебиња млекце во шише. Најмачниот дел е тој што цело време ми беше во раце и незгодно и за него и за мене , но се издржува. На истава релација патувавме и со 2,5 месеци. За карта, бебето плаќа посебна такса за бебе, ова преку виз ер, а можеш да носиш количка и торба за бебе. А со кола досега 300 км имаме патувано, јас и мм напред, бебе позади сам во транспортер, ќе заспие сам, ќе се разбуди, гледа, разгледува... (Транспортерот ни е најискористена работа од прв ден е во него, го навикна без проблем и затоа патувањата ни се песна).
И јас патував со авион(2 авиона во еден правец) со 8 месечно бебе и супер поминавме. Штом полеташе авионот она си заспиваше Сега во април ќе патувам пак, исто со 2 авиона 1 правец. Малата ќе има полни 18 месеци и искрено сум загрижена затоа што не седи ни 5 секунди на едно место. ММ сакаше со автомобил, но она не седи ни 3 км во кола а не па 1600км
Следната недела треба да патувам авионски со 6 мес бебе преку Скопје. Прашањето ми е дали дозволуваат да внесам ад млеко за да му направам да јаде. Инаку ке патувам со CSA (чешка авио компанија) . Поздрав
Mora da davaat samo sigurno ima nek9ja procedura dali treba da prijavis ili nesto slicno. Nemozes bebeto bez jadenje da go ostavis. Prasaj vo aviokompanijata oni treba da znaat najdobro
Имаме седиште во кола за малото, арно ама несака да седи.Можеби 30 минути само, останатиот дел од патувањата ме гази, рипа врз мене, ме кубе.... Се мислам да го извадам седиштето, бидејќи кога ќе заспие ја држам во раце, седиштето нема некоја убава положба за да ја ставам да спие во него ( а и ако ја ставам одма се буди ИЧ не го сака). Прашањето е: дали ако нема седиште во Грција и Бугарија би ми правеле проблем ? Дали има Закон да мора да има седиште за бебе ? Ако не е седиштетп, ќе си ја успијам и ке си ја легнам на половината од задното седиште.
Дозволуваат, може да си носиш, ама не знам дали може посебно прашок, посебно вода. Прашај си во компанијата со која ќе летате, во глобала дозволуваат, ама си имаат правила. Може само прашок да носиш, да си побараш вода од стјуардесите и да го спремиш млекото. Најсигурно ти е директно да си прашаш таму. Мислам дека во Грција е задолжително, ама досега никој не сум чула да имал проблем... еве брат ми нонстоп е за Грција со двете деца, дури беа помали не се пожалил дека имале проблеми што не седат во седиште. Јас не сум ризикувала, и мојов не сакаше тој период да седи, ама немаше избор. Колку да плачеше, не го земав во раце. Ако веќе беше зорт, ќе застаневме, ќе го извадев од седиште да се смири, малку надвор, и после пак на возење во седиште. Се навикна брзо дека мора. Шубе ми е да спие на задно седиште неврзано, макар јас била до него.