дали ми треба некаков документ за да патувам со син ми во странство ? Прашувам затоа што со авион ќе патуваме, не сакам да имам проблеми или да ме враќаат. Некој вели требало, друг не требало. Тоа во полиција ли се поднесува ?
Имаат право да побараат. Може го киднапираш против знаење на партнерот. Ако не ти побараат ок, ама може и да зезаат, не ни знаеш на која пасошка контрола ке ти побараат. За пат најдобро да си имаш се.
Пишував во некоја тема за едно мое патешествие. Носи си полномошно обавезно . Нас на граница не држеа пола час затоа што немавме извод на раѓање за синко . Не веруваа дека ние сме му родители. Дека нели повозрасни, т.е мм им беше сомнителен. Одвај се оправивме. Затоа носи си оти не знаеш кој што може да го штрокне
Јас патував сама со малото, авионски. Во полиција ми рекоа дека полномошно на родител не издаваат . Иако немаме исто презиме и имаме различна адреса на живеење. Ми рекоа да си носам извод и венчаница.
Свашта. Ова со изводот по закон е или некоја нивна измишљотина? Обично пазам ама ова ми промакнало. Да знам да си имам, кој ги знае на граница што ќе ти се погоди.
Јас кога патував со ќерка ми сама во Германија носев полномошно од сопругот, заверено на нотар и преведено на германски. Но мене од слегување на аеродромот ништо не ми побараа, дали оти беме со Бг пасош не знам, ама носев со мене и плус извод интернационален од раѓање.
Прочитав низ темава, на некои во полиција не сакале да им издадат. На МВР на страната вика не требало ако патува со родител, само со трети лица или само детето. Ама и јас знам за случаи на луѓе кога им побарале. Па сега не знам дали од полиција или нотар да вадам.
Мене комшика што патувала скоро,сега ми кажа дека не би требало штом се родителите во брак за секој случај венчаница и извод од детето би било доволно..
Јас пред да одиме за Грција со бебуш се јавував по граничниве премини. Некои ми викаа дека треба, а некои не. Се јавив до мвр ми рекоа дека полномошно издаваат само доколку родителите се разведени. Без полномошно излеговме без проблем. Ова е мое искуство
Полномошно не ти издава МВР, туку ти издава другиот родител дека смееш да го изнесуваш детето надвор од државата. Истото треба да е заверено на нотар. Ако не знаете сами да го искуцате, одете кај нотар ќе си платите ќе ви го искуцаат. Точно, некогаш не бараат ама не можеш да знаеш кој ќе ти се погоди на пасошка контрола.
Ама прочитав дека во МВР се плаќа административна такса и се потпишува. https://deca.mk/pismena-soglasnost-...amo-so-eden-roditel-koga-treba-i-kolku-chini/ Уште едно прашање: Дали треба да го преведувам ?
Врска немам за ова од МВР. Јас колку што знам не треба да се преведува, зашто ти го бараат да го изнесеш детето од државава, односно нашата држава го бара.
Ај да пишам. Се јавив на нотар, да го состави документот, па да одиме да го потпишеме, ми рече во МВР се вадела согласност. Отидовме во МВР со мажот. Не вратија, не требало, двајцата сме се потпишале кога сме ваделе пасош, нашите барале согласност, ама немало потреба чим не сме разведени. ОК ајде, пак му ѕвонев на нотарот, он пак исто ми вели, он не правел такви документи, ако од МВР рекле дека не требало, да не сме ваделе. Се консултирав со другарка адвокат, она вика обавезно да извадам, нотарски заверен да биде и да го носам на судски преведувач, да го преведе на јазикот на државата во која одам. Кажувам ова на нотарот, вика те лаже, другар има судски преведувач па сака да ти лапне 500-че.. Читам сега на страницата на ЕУ вели пожелно е да се има документот. Ееех нашата чудесна земја.. Лавиринти само се губиш и на крај ќе го кркаш.
Не бараат ништо. Системот им е направен ,ако се родителите разведени, автоматски се става забрана да се вади детето со еден родител . Полномошно ако бараат тоа е на нашата граница, кога излегуваш. За влез у еу не ги занима, кога веќе го имаш извадено детето од твојата држава. Носи си извод на венчани и извод од дете. Патував авионски во ЕУ, кога беа актуелни и ковид мерките. Сум ти одговорила и горе.
патување со пет месечно бебе во кола до Атина нешто ми се врти у глава за некој месец па да прашам за искуства за 8 часа пат со кола
Мене ми се врти истава тура за со 10 месечно . Јас некако се мислев да преспиеме во Гевгелија. Ама со 5 месечно може и полесно да е повеќе спие . А во кола каков патник е? Рачунај дека ќе имате паузи па нема да се баш 8 часа, граница, патарини, се искакало, да јаде и сл...