две..ние му истадовме на 6 месеци, сега ако сакаме годинава да одиме на одмор пак нов..жими два пати е употребен ама тоа е, мора
А мамиси, од колку месеци е најдобро да се оди на одмор со бебе? Моето, во септември, ќе има 7 полни месеци, ми е страв ради кожичето од сонце, па и општо како се врви со деца на одмор...
Значи зависи како ќе ти се погодат на граница...законската регилатива вика за ваѓање на пасош на дете се бара согласност од двајцата родители..е сега штом се согласиле двајцата родители да му извадат пасош зошто полномошно, кога штом се потпишале двајцата за пасошот со тоа се смета дека двајцата дале согласност детето да патува во странство и само со еден од нив ..ама имаме многу паметни луѓе што работат на граница и знаат да бараат..зошто? ни самите не знаат...некој им рекол
Нема правило од колку месеци е најдобро. Се зависи од вие ти и бебето како се чуствувате. Ако се чуствуваш спремна оди, ќе ви годи и на двајцата. Септемви и не е толку многу јако сонцето. За седење на плажата сигурно нема да сте ако е многу жешко, плус дремките денски може и во соба да ги тера. За кожата нема што да ти е страв, ќе му ставиш крема со заштитен фактор, капичка, некоја тенка памучна маичка и тоа е. Мислам со бебе што не преодило е полесно отколку кога е баш во фаза или само што почнало да оди.
Што ако еден од родителите сака да побегне со детето? Да речеме се скарале родителите за нешто, доаѓа до физичко или психичко малтретирање, и мајката пример, сака да побегне а таткото веќе да не го види? Или таткото решава да ја напушти мајката, затоа што мисли дека го вара? Од вадење на пасош за 2 години може многу работи да се сменат.
Знам ама законот изгледа порано ја имаше оваа одредба за штом се согласиле двајцата родители да му извадат пасош зна детето нема потреба од полномошно, сега баш барав во закони, оваа ситуација никаде не е регулирана...регулирано е само ако детето е помало од 14 год и патува со трето лице...а некаде најдов статија на интернет колку е точна не знам беше изјава од некој во Гранична служба дека имале тие во систем ако детето има забрана за патување..колку е точно не знам..во закон ништо не пишува
Дали функционира тоа? Секако не секој може да се скара со партнер и да побегне некаде преку граница ама секаков народ има, не е исклучено. Јас за да избегнам нервози, секогаш вадам секакви документи што може да ми затребаат, не за дете, за се правам вака. Посебно за на пат. Знам случај каде вратија семејство на граница и им пропадна одморот, нешто околу пасоши беше спорно, различен пасош мајка и татко - еден европски друг македонски.
Ова и мене ме интересира, особено пошто со ќерка ми имаме различно презиме, па одма ќе се покренат прашања која сум што сум. Каде се вади тоа полномошно потпишано од другиот родител? Баш планирав да одам сама со неа нареден месец, додека маж ми е на службен пат да не се вариме во Скопјево.
Појма неам Мила претпоставувам не како и се друго во МК...океј е тоа да се бара полномошно од еден родител ама па секој месец нема смисла...И нека земат нека си регулираат со закони вакви работи не како што ќе им текни на граница така да праат па така и луѓето ќе си се начисто и ќе си ваѓаат документи што се потребни
Треба регулатива ама ке почекаме за тоа. Ги има фини на граница ама ги има и катастрофа, како ке ти се погоди.
Мора пасош за бебе. Тоа порано немаше, ама се допишуваа податоци за детето во пасош на мајката. Ние сефтосавме сега на 5 и релативно добро поминавме. Уште не беа горештини, ама јас секако бебе го прибирав во соба на најжешкото. За се останато си беше како и по дома, спиење, цицање, шетање. Во Август на 8 м пак ќе одиме. Тогаш малку поспецифични зошто ќе треба и за јадење за бебе да се мисли, ама ќе гледам поголем дел да покријам со готови каши ако треба.
Може грешка ме имаш сватено, за полномоштво прашував, пасош знам дека треба, побрзавме на 2 месеци и извадивме
Да потсетам. Мене ме е*аваа на граница према Бугарија цели два часа да им докажам дека детето е мое и на маж ми. Тројцата бевме заедно. Ама полицијата се посомнева дека детето не е наше и дури му рече на мм: ти дедо можеш да.му бидеш, не татко. Извод ни бараа, и покрај тоа што нели синко си има пасош со иста адреса како нас на живеење , исто презиме.. Немало врска тоа што сме на иста адреса , можда сме му биле баба и дедо и сме живееле и ние на таа адреса па сакаме да го прешверцуваме детето. Затоа Носете си полномшна за секој случај. Оти ич не е пријатно со 8м бебе да висиш на граница 2 часа, за џабе
Поскапени се, јас по брза постапка вадев за децата 6000ден е еден, за редовна не знам колку е сега. Пред 2 год исто вадев по брза беше 4500ден мислам.
Два пати летав сама со бебе Базел-Скопје не ми побараа полномоштво. Во понеделник ќе летам Скопје-Базел па ќе пишам дали ќе побарат
Mamicki aj ce molam predlozete mi nekoja dobra kolicka za na odmor? Malata mi e 11 meseci sakam da e nosam so mene na more pa sakam bekoja kolicka sto e udobna ama i da se sobirat sto poveke i da e na poveke polozbi
Mamicki imate li iskustvo so avion so dvomesecno bebe? Imate li koristeno zastita za usite gledam se prodaavat slusalki na amazon kako zastitnici za usi pa da ve prasam dali gi imate koristeno?
Јас ги користев прв пат кога бебе беше 5 месеци, супер поминавме не плачеше воопшто. Сега е 8 и уште му ги ставам на полетување и слетување. Дали помагаат не знам, ама и не знам каква реакција ќе има без нив