Супер инфо е ова, планирам за скоро да скршиме мраз и со авион. Ги земав тие на Банз и засега сум ептен задоволна како штитат од бучава. Детево си спие раат во количка без да се штрекнува кога шетаме покасно или во парк ако има погласна музика поради некаков настан. @mini 23 се препорачува при полетување или да цица или од шише нешто да пие за полесно да го изедначи притисокот во ушињата. Многу често заради тоа знаат да плачат бебиња во авион. Јас што сум возрасна па многу сум сензитивна на тој притисок, многу често ме боли уво во авион и ич не е пријатно,можам да замислам на бебе што не знае за себе.
Мајки, за на одмор, на плажа, имате/сте користеле шаторче, за да дремнува во него бебето? Страница од некаде да препорачате?
Јас користев и цело време во него си играше, а и спиеше. Нашиот е со заштита. И скоро сите со мали децаа имаа шатор. Не сум во Мк и незнам каде да купиш, ама доколку земаш нема да згрешиш.
Со првото бевме на одмор таму направи 8 месеци, ние супер поминавме, сабајле рано на плажа и после ручек, мачкав мустела крем. Се изнаспа бебе, ние се одморивме.
Јас имам искуства мислам највеќе со летање со бебе и дете хаха секој месец по два лета, прв и беше на точно 2 месеци дента правеше. Не ти треба слушалки, само ставање на града или цуцла/шише при полетување и слетување, темпирање бебе да спие во авион и мирни сте.
Ние земавме шатор ама ни еднаш не го ставив ни лани ни годинава. Мојата спие или на лежалка или во количка. Сенката ја темпирам некако и ако треба ја помрднуваме како кула од карти.
Мајки според вас кое време од сабајле е најдобро да се тргне за Грција од Скопје? Не знам како е со гужви периодов, сакам да пробаме да избегнеме гужва колку можеме, бебе и онака многу не сака да се вози, па да не се малтретираме барем и на граница
Мислиш на класичен шатор или оние како настрешница за на плажа?? Ние земавме класичен 2х2, душек дупли со перничиња и планираме да ги користиме за еднодневни шетања до Грција или тука за излети.
Да, уште на прв одмор кога отидовме купив,внатре може и да си игра и да спие, пумпам и душек за во него.. го земав од Хрватска, Али сигурно има и тула
Тргнавме во 2.30 во петокот, претркавме стотина коли од секаде, на граница имаше 3 коли пред нас. Накај 7 бевме на плажа со две паузи. Страшна гужва е покасно на граница.
Јас и без бебе секогаш тргнувам тоа време за Грција. Најкасно до 3 сабајле да сум тргната, инаку гужви еден куп, особено за викенди. Мислам дека и повеќето деца би спиеле по пат навечер па и од тој аспект можеби полесно ќе се помине.
Па шо ми стига тогаш меил да си носам екстра преслека и пелени за во авион, кај ќе го преслакам ако нешо се деси. Бог да чува се виз.