Планираме да одиме за Мк кога бебуш ќе е 2 месеци, со Виз, па имам неколку прашања. Веројатно ќе го носиме во кенгурче (не со транспортер), и плус количка што се склопува што ќе ја пуштиме долу со багажот. Тоа е возможно така? Дали се доплаќа за количката? И дали треба да се запазат некои димензии или начинот на кој се склопува? Дали треба да ја заштитиме(спакуваме) во нешто пред да ја дадеме со багажот? И ве молам за предлог за таква количка во која што ќе може 2 месечно бебе. Ние имаме количка со корпа што се прави во седиште и транспортер. Дали може транспортерот пример и долниот дел од количката што се склопува да се пуштат долу заедно? Или мора еден дел да е само количката кога ќе се склопи? Друго прашање ми е што багаж следува за бебето? Исто рачна торба? Дали смеам во неа електрична пумпа? Друго, замрзнато млеко дали сте носеле? Дали смее во рачен и како да се складира? Доколку имате други некои корисни информации ве молам споделете. Благодарам. @Bubish26 те тагнувам бидејќи мислам имаш доста искуство.
Не се доплаќа количката, тоа ти следи во инфант картата, плус ранец за бебе и можеш да носис торбичката од количката плус. Храна за бебе доколку е на Ад смееш да носиш и вода слободно ( храна за деца до 2 години и пијалоци може слободно, над 2 ги фрлаат) Доколку количката ти е со два дела, на двата дела ќе ти залепат лепенки и ќе ја оставите пред влегување во авион, не со останатиот багаж кој се спушта на чек ин, затоа кенгурот многу и не ти е потребен оти во авион мораш да го извадиш бебе. Количките не ги заштитуваат они, тоа е на вас доколку сакате, а сами мора да ја склопите најнормално и само да им ја оставите, они ќе ја внесат внатре. Е сега, доколку носите долниот дел т.е колцата кај што се имате право на плус уште еден дел ( транспортер или корпа или седиште) доколку се одлучите за 3 дела, едниот се доплаќа како плус багаж. Лекарства и храна веќе кажав можеш колку сакаш, со тоа и ќе се "шлепате" и за вас вода. Рачната пумпа најнормално смее. првиот лет со бебе ми беше на 2 месеци, обавезно доење или цуцла при полетување и слетување
Благодарам Ранецот за бебето е во исти димензии како рачниот багаж така? Водата треба да е некако посебно спакувана или не? До колку мл смее? Во однос на количката се мислиме што е подобро. Ја имаме оваа на Maxi Cosi, но некако се мислам дали ми се носи по авиони, плус два дела би носеле (транспортер + долниот дел со тркалца). Друга опција мислев да земеме една количка од овој тип и да ни биде за патувања, и така се склопува во еден дел, можеби е попрактично. Која е подобра опција?
Јас имам Анекс количка со два дела, 3 години ја трескаме по аеродроми не заштитена, ни една гребнатина нема еве второво ја користи сега, имавме една за патовање се правеше како ранец ( ефтино земена) издржа само 2 лета, а големава 30 точно. Мислам дека зависи од квалитетот искрено. Е сега, некаде ќе помините и со торбица за бебе, некаде ќе прават проблем и ќе бараат само ранец. Јас имав баш Ниш проблем со детско куферче шо е помало од ранец реално, не ми го прифаќаа па правев лом таму оти само Ниш забегуваат и Охрид. Така да, во ваш багаж паковајте, а во малечкото нешо ептен ситно. За мл, ја сум носела кашички 200мл, чоколадни млека 10 паковања по 250мл, не прават проблем за деца до 2г воопшто.
Еднаш прашав за истово и уште сум во недоумица. Што ме учите, дали да купувам шатор за на плажа, за бебе да спие внатре? Една ми рече дека внатре печка се правело. Е сега здравје кога би оделе на море, мали би имал 7 месеци без некој ден, сигурно со 3 дремки ќе е сѐ уште, од кои првата би ја спиел да речеме на плажа, значи мора да го заштитам. Плус местата покрај море се обично без дрвја, а под чадор нема шанси да седиме. Сакаме во Албанија да одиме, најверојатно после Валонa.
Јас не би ти препорачала, подобро земете си една тенда голема за цело семејство, ако одите на иста плажа и сте цел ден таму. Евентуално sunbrella да земеш поотворена, со СПФ заштита и таму да го легнуваш.
Најпаметно, сабајле на плажа, одмор во најжешкото во смештај сите клопче на спиење, па пак на плажа. Ние така правиме. 8 имаше тогаш големава кога бевме Валонс, а сега ќе има бебе 3 месеци. Најдобра заштита ти е таа.
Не сум ни ја за шатор . Ако ти спие во количка можеш во количка кај мене така спиеа. Чадор земете со вас најпаметно така или ако идете на лежалки ќе си спие на лежалка.
Шаторите се прегреваат, свен да е некој специјален со специјален сидтем на вентилација. Ова од искуство ти кажувам зошто ние носиме на планина обично зошто големиот сака да игра, па под сенките таму се вжештува, а не па на сонце на плажа. Ако решаваш да преспива во количка оставај и земи од стреите од дм со ув заштита.
Во Интерспорт и Меркур имам гледано, од Интерспорт се баш квалитетни. Има и во Декатлон ако ти е негде патем. https://intersport.mk/ProductCatalog
Devojkii aj ve molam spodelete iskustvo, prv pat odam na odmor so 1 godisno bebe ( Turcija ) sto da pakuva so mene za na plaza poveke me interesirat? I vtoro taa e mnoguu bela koja krema mi preporacuvate za mackanje?
Дебојки, треба да парувам без сопругот во Грција. Дали треба да се извати полномоштво и доколку треба од каде?
Мајки, може мала помош од вас за што да понесам од аптека за на одмор со 7 месечно бебе и 3 и пол годишно дете?
За бебето топломер, парацетамол сируп/блокмакс или/ и чепчиња, пробиотик, електролити, наусолвит џуниор капки за повраќање,физиолошки раствор и газа + фактор а за поголемото истото плус сируп за алергија, синопен или нешто друго за каснато ова ти е најосновно..пример јас носев плус виоплекс спреј зошто малиот само трча паѓа и колената му се лом, хируршки лепенки носев реков дан падне да се срине па да му залепам, не искористив ама носев...носев и белогент маст, во фаза на одвикнување бевме па само си го чепка курето реков дан го инфицира нешто па за секој случај плус ако пијат витамини, сирупче нешто, омега, витамин д
Девојки, и овие се вжештуваат? Јас вакво купив со ув, само без базенче, се надевам нема да е за џабе.