1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. merry.blues

    merry.blues Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    dali ova e i za 3 meseci bebe?
     
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    4.476
    Пол:
    Женски
    Епа наусолвитот се 6+ значи не, за бебе од 3 месеци само топломер, парацетамол, пробиотик, физиолошки и газа се за секој случај да не му влезе песок во око или некаде да се гребне па да исчистиш, за електролити не сум сигурна и толку...сепак консултација со педијатар
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Моето ќе има 2 месеци на одмор ,ова е препорака од педијатар :
    Фактор за сонце,сируп и чепчиња за тт, пробиотик, електролити,капки за нос, средство за комарци, пудра или џинџира спреј за убоди и црвенило.
     
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    11.051
    Пол:
    Женски
    Женски, давајте предлози за есенски патувања во нашава мала мила земја.
    Пожелно на планина, село. Леле како ми се одиии

    Каде сте биле во есенски период, задоволни од сместување, од храна?
    Бебето би било 8-8 и пол месеци и поголемиот син 3 и пол години.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски

    Берово - Апарѕмани Моменто

    Маврово - Радика или нов хотел сега видов има отворено Lake View многу убаво изгледа.

    Пелистер - Шумски Фенери хотелот. Јас на овие им се спремам ако бебе има 20 дена :lol:

    Исто така може Пониква, Попова Шапка, Крушево, Лазарополе.
     
    На Филотеа и elenaklasik им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Маврово Rey е убаво и одма е доле до езерото.
    Ние скоро бевме во Царевец ама тоа ти е како планинарски дом од 3-4соби али воздухот е пријатен.

    Берово имаш доста што издаваат ние сме биле во Малешевска куќа и океј пројдовме. Или Аурора али они се солени за мој џеб искрено.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.662
    Пол:
    Женски
    @Carolin за толку малечко бебе консултирај се со педијатар за носење на места со повисока надморска висина.Мене од Систина не ми дадоа пред 3 полни месеци да ја носам на планина било каде.

    @elenaklasik Mavrovo Rey не ти го препорачувам јас.Имаш подобра опција Mia хотелот.Собите се убави и ушушкани,услугата е супер,пријатни се сите.Пет френдли се(ако имаш кученце можеш да го земеш),имаш 24 часа Нетфликс во соба.Јас бев пред месец дена.Само имај во предвид дека е ладно горе мн.Гостивар беше 33 степени,на Маврово 17.Буквално измрзнавме надвор.Имаат и парк со лулашки,трамболина,лизгалки.

    Еве отприлика да видиш дел од собата
    IMG_1174.jpeg

    И убаво е да го шетате.Да се спуштите покрај езеро,да седнете во некоја таверна или по жичара да се качите горе.За седење само во хотел не се исплаќаат тие цени искрено.
     
    На AlchinovaR1979, Филотеа, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски
    Не не, секако не планирам сега да го носам лошо се изразив. Здравје барем 2 месеци да направи па после, ке шетаме. Сега не би тргнала никаде што ми е подалеку од дома повеќе од 30мин. Прво бебе и 300 прашања имам зошто и дали е нормално. Да живне малку и тоа да почне да разбира па ке шетаме :lol:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    11.051
    Пол:
    Женски
    Прекрасен е! :inlove:
    Колку е солен?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.662
    Пол:
    Женски
    Зависи..Јас платив околу 9000 само за една ноќ(со доручек).Меѓутоа во тие 9000 спаѓаше се што јадевме и пиевме два дена со децата( со 3 деца јас бев).Значи кафиња,сокови,пица во соба,ручек,сладолед.Така да тоа е мн индивидуално :)

    Разгледај ги подетално на инстаграм и на букинг ако сакаш.Јас резервирав телефонски.
     
    На Филотеа, simoncelicius, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    @joy1 а со оглед на тоа што викаш ладно е горе, греење вклучуваат? Дека и јас сум со бебе и мало дете па исто се мислиме за сите овие опции кај нас :D
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    Не знам дали помина патувањето али Берово по вилите или на Бела Вода. Знам дека е далеку од Ох мислам беше али супер е. Нас многу пати ни е погодено и да нема никој, па цела вила за нас, двор за нас :rofl:
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    Има греење и јоргани хаха само без јакни и пижами на долги не се оди.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    11.051
    Пол:
    Женски
    Не е биднато уште патувањето, ама здравје боже, маж да се ратиса од работа и сакаме вака од сега гледано да одиме.
    Ќе биде Берово, бидејќи јас не сум била, а велат многу убав воздух, храна превкусна, јас сум мераклика на храна локална, све да си пробам.
    Е сега, знаеш што ми е мисла?
    Бебево веќе седнува, има за некој ден 8 месеци, вежба да седне, се пушти да лази. Ако одиме пример за нецел месец, сигурно ќе има извежбано седење. Бидејќи досега кога седнува уште клапнува, како желче собрано. Мислава ми е како ќе го ставам во хранилка, дури ние појадуваме наутро, да не макнам количка во ресторанот или кантината.
    Така во количка седеше во август кога бевме на море 3 дена, ама лето, сѐ е ничкум нопаку друго е. Ајде сигурно ќе има навежбано, да е баш исправено. Сега веќе ќе фати студен период, сакам да ми е полесно за справување. Па и со лазењево, пример во соба хотелска не можам да го пуштам така на под. Ќе треба подлога да земам од која сигурно ќе излегува или пак во бебешко креветче ќе барам да има.
    И исто леле ако нѐ фати 6ти скок на патување, којзнае како ќе биде...
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    Не му ја мисли многу, најубаво ќе ви биде. Пошо маж е од Берово по потекло и често одиме таму.. ако ви се погоди време сончево, во дворчињата може да го пуштип на подлога, јас така правев, играчки и во дворот играше. Ние па оти за спиење само во соба, не ни лазеше никаде по хотели, а често патовавме. Најчесто имаат нели креветче бебешко, па внатре ќе си игра.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.331
    Допаѓања:
    5.236
    Пол:
    Женски
    Мајки не знаев кај да го поставам прашањево.
    Бебето мое што го викам јас, не е веќе бебе, 2 години и неколку месеци ќе има во декември :inlove:. сакам во декември, еден викенд во хотелче да прошетаме по повод роденден на мама, давајте предлози сеедно дали во мк или србија, бугарија, нешто поблизу.
    Со напомена дека детето е мнооогу активно, неспијач и нејадач :D. а мама е ептен зимурлива.
    Ептен јаки референци дадов ;)
     
    Последна измена: 25 октомври 2023
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски

    Бугарија - Банско има повеќе за шетање низ градот. Хотели барај на букинг. Ние сме биле во Аспен Апарт Хотел и Тринити прекрасни се двата, можрби Аспен за нијанса повеќе ми се допаѓаше, инаку топли убави големи хотели. Мислам дека имаа и дел за деца ама сум немала дете и не сум баш сигурна провери си на букинг за нив. Или евентуално во Разлог Пирин Голф да видиш, разлог на 5км мислам од Банско е, ке си одите за прошетки.
    А Србија - Златибор е љубов есен, зима, пролет, лето. Титова Вила е преубава како комплекс од апартмани е. Разгледај си.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.331
    Допаѓања:
    5.236
    Пол:
    Женски
    фала ти. банско, разлог сме биле ама без деца.
    ќе го погледнам предлогот за златибор.
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.891
    Допаѓања:
    31.324
    Пол:
    Женски
    Златибор е прекрасен ама долг е патот до таму. Инаку е прекрасна дестинација. Помалку напорен пат со супер хотели е Врњачка Бања (хотел Тонанти е супер за со деца) или Соко Бања (хотел Сунце е врвна услуга и ептен љубезни за деца - до мерка да даваат бесплатни реквизити за базен за деца: гуми, мускули, топки). Другарка ептен ја фали и Пролом Бања за со деца ама јас лично не сум била. Опција секогаш е и Копаоник (ептен е блиску преку Косово ако се оди) само што е планина па може времето ич да не ви се погоди (да врне и да е ладно), ама има врв хотели. Во Србија моето нејадач дете секогаш наоѓа нешто вкусно да јаде.
    За Бугарија освен Сандански не знам што би било ОК за шетање. Мене лично Банско ми е грдо и неубаво зашто нит е бања нит е планина. Има мноуг хотели ама нема никаков шарм. Во Бугарија во хотелите моето нејадач дете многу тешко го ранев заради зачините (скоро ништо не му се допаѓаше), ама откако ја откривме Србија не сме ни помислиле да одиме во Бугарија така што немам ни нешто многу совети за Бугарија.
     
    На eli25 и brm_brm им се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Ние овој хотел сме биле до сега два пати со дете и е супер. Има внатрешен базен, игротека за деца, соба со флипери.
    Собите, уствари апартман сме оделе се комотни, со посебна спална и дневна.

    https://www.booking.com/hotel/bg/gr...l;sohad=1;srpvid=72b35bbfd82d0055;type=total&

    Јас сум пристрасна од лични причини за Бугарија и практикуваме бар еднаш годишно да одиме. Пред децата дури и за летните одевме по една недела таму, па после море.

    Златибор и ние сакавме да пробаме, ама исто не предомислува патот, со две мали деца не знам дали ќе издржиме.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.