Топломер, сируп за тт, пробиотик, од хипп електролити (стаклено шишенце како од сокчињата). За убод никогаш не ми ни текнало, педијатар прашај за најсигурно. Смееш да си носиш инхалатор. Спф секако и капче за глава. Доволно ќе ти е толкава торбичка.
Мајки вие што сте патувале со авион со бебе за количката ме интересира колкава димензија на количка дозволуваат бесплатно да се смести како рачен багаж
Па незнам дека ги зимаат пред влез, не сум упатена јас мислам дека ја тераш до влез пред авион и горе ја качуваат ако е мала а поголема ти ја рачунаат како куфер и иде доле и ти ај зимаат при чекирање те молам просветлиме
Зависи од аеродромот, на некои аеродроми може да ја носиш количката до гејтот и таму ја оставаш и ти ја ставаат доле со багажот. На некои аеродроми мора количката да ја пуштиш со багажот уште при чекин. Како и да е, не се наплаќа за количка. А ако сакаш да ја земеш со тебе како рачен багаж, треба да има ептен мали димензии ( мислам дека само 5 колички на маркетот моментално се со толку мали димензии да може да ги носиш горе со тебе ). И плус во нискобуџетниве компании мора да си доплатиш прајорити за да може да ја земеш со тебе горе.
Здраво мамички, ние сме допрва 1 месец но сакам уште сега да си се подготвам за патот што ме чека, иначе живееме во Австрија и крајот на јули си одиме за Македонија, а бебушка тогаш ке е 2 ипол месеци. Го хранам комбинирано, дохрана и се молзам па му давам со шишенце бидејки немам пупки, ми се вовлекоа :/ и тоа и е проблемот.. дајте ми некакви совети, tips and tricks, како да го истераме патот од 20 часа возење?
Леле мајка ич не се секирај поголемиот дел од времето ке си хо преспие ништо и друго не прават на 2ипол месеци, може ке е буден час па пак ке спие ама тоа е тоа. Јас би се секирала да е поголем, земи си доволно дохрана/млекце и уживај. Многу полесно одколку што мислиш ке е верувај
Купете Maxi Cosi Jade. Ние супер искуство имавме со него. Бебе спиеше долги дремки во кола. И едно преноќување нема да е лошо, инаку ќе му дојде премногу, а таман и за тебе да можеш да пумпаш. Можеш да си земеш и пумпа на батерии, медела дуплата може и на батерии. Јас таа ја имам, ама сигурно и други постојат.
Воопшто не гледав каква димензија е. На два дела е мојата . Пред влез во авион ја расклопуваа ја земаат и после си ја чекаш кај багажот.
So kolicka koja sledi so samoto kupuvanje na infant fee karta za vo wizz, me prasaa dole na check in dali sakam da ja pratat ili da dojde gore so nas Jas ja odbrav vtorata opcija i pred vlez vo avion ni ja zemaa, pa ja podignavme koga sletavme vo delot kaj oprema sto stignuva
So bebe tolkavo e prelesno ) ne se sekiraj, site se super i grizlivi vo avion, imas priority za vlez i mislam deka polesno projdov so bebe otkolju sama koga sum letala. Posle todlers koga ke stanat e makata )
Dali ste bile so malo bebe od 2 meseci vo krusevo? Nie treba da ideme ama mi e strav radi nad.visocina .Dali mislite deka bi mu smetalo?
Вие што патувате со бебе кое е на АД млеко, што и колку е дозволено во авион, млеко и кашички? Таму после како се снаоѓате со приготвување млеко?
Дали сте биле со 4 месечно бебе на одмор? Се мислиме да одиме до Грција, крај на август, но ме мисли тоа дека е малечок и топлото време... Совет, што би очекувала одмор или замор?
Супер. Нема полесно. Другата година верувај потешко ќе ти биде. А сега ќе ужива. Како дома така и таму.
Јас би те советувала да одите. И одмор и сладок замор ќе биде. Наредната година здравје, баш ќе биде замор За топло, нема да бидете на плажа по цел ден секако Син би беше малку поголем кога бевме прв пат, ама преубав спомен ми е, криво ми е и порано што не сме отишле.
Dozvoleno e da si ja nosis i vo avion kutijata so formula. ( moze i da e pocnata, ne mora da e novo pakuvanje) vo termos imav zgreano voda, 2 sisinja imav, a vo plasticno od twist shake dozerka, imav staveno od fornulata izmereno za da mi e spremno. nosev i teglick i krema za pelenska regija i za nisto ne mi napravija problem.
Од кај се вади полмомоштво за бебе да патува во Грција со баба? И дали треба и бабата да бифе присутна за вадење полномоштво или само родителите?