Дали ми е потребна дозвола од сопругот за сама со ќерка да патувам? Роднини ми рекоа дека до 14 години мора да имам дозвола за да однесам дете преку граница. На еден ден планираме да шетаме до Грција ама дали да вадиме дозвола на нотар? Во брак сме ако нешто менува.
Мислам дека тоа важи за разведени родители, но искрено не ме фаќај за збор. Може е подобро да се јавите во полиција они најдобро можат да ви дадат информација за поминување граница и дали ви треба или не
Да , потребна е согласност заверена на нотар . Преку лето низ гужви не верувам дека некој ја бара ама сега за 200-300 ден подобро е да ја имаш , незнаеш на каков ќе налеташ
Во Декември ќе патуваме со wizzair за Германија, имам ваква количка како на сликата со два дела, транспортер кој што се става на рамката и плус тој обичниот дел кој што исто така може да се стави и да се извади од рамката. Е сега ме интересира дали некој знае дали можам да ги носам двата дела бесплатно или само еден дел следува бесплатно, и дали ако се одлучам да носам еден дел тоа може да биде транспортерот или мора да биде другиот дел кој што се склопува бидејќи седиштето не може да се склопи?
Само еден ден, кој ти одлучиш. Транспортер можеш да земиш и горе да го ставиш бебе на седиште ако имате карта купено за бебе плус, не мислам на таа што е за инфант обичната.
Според законските регулативи не треба согласност од другиот родител за да патуваш сама со дете. Ама на граница можеш на секаков да налеташ, па за да не губиш нерви подобро е да имаш. Јас сум патувала авионски неколку пати сама со малиот, не ми побарале ништо на ниедна граница.
@Miss_S Да се надоврзам сега го прочитав ова. Маж ми често шета со најголемиот син, родители можат кога сакаат да носат деца надвор од Мк, ти треба само негов извод да имаш како доказ, ништо друго. Било кој друг да го изнесе надвор му треба полномошно од родителите.
Еден дел можеш и може да е транспортерот. Сами ја склопувате количката пред врата или пред скали на авион и сите делови одат во карго, тоа е бесплатно. Ако сакаш транспортерот да е со тебе во авион треба да купиш цела карта како екстра седиште што не ти се исплати баш, секако бебето за полетување и слетување мора да е врзано со тебе во скут.
Има мнооогу патувано сама, само еднаш носено искрено заверено на норат и тоа беше првиот пат. Иначе треба да се има ама ретко кој бара. Маж е бивш граничен полицаец и знам дека треба полномошно само како што кажав ретко можеш да наидеш на таков да ти побара, а ако побара е проблем.
Ако добро те разбрав еден родител ако патува со детето сам му треба полномошно од другиот иако се во брак? Јас баш прашував во МВР за ова кога и извадивме пасош на ќерка ми, пошто доста патуваме, а јас не се ни презивам исто со неа па одма би паднало во очи. До сега никој не ни правел проблем, ама и еднаш да ти направат ќе ти преседне патувањето.
Да, пошо и во брак можеш да го однесиш детето без партнерот да знае и дал одобрение да излезе од државата.
@Bubish26 Законски, за еден родител да изнесе дете надвор од државата не му треба полномоштво од другиот родител. Полномоштво треба само ако детето патува само или со други лица. Меѓутоа, ако граничник од некоја причина ти побара, а немаш, е проблем, бидејќи ќе заглавиш објаснувајќи се, а ако нешто му е сомнително има право да забрани излез од државата, затоа обично препорачуваат да имаш извадено. А ако едниот родител не сака детето да патува само со другиот родител, треба да стави забрана за излез преку МВР. @Giovanna Како што пиша и @Skyler погоре можеш и извод да носиш, што е препорачливо поготово кога немате исти презимиња со детето.
Фала ти. Баш вака го знам и јас толкувањето на законот. Иако е безвезе тоа да цариникот може да те заглави со објаснувања ако законски не е задолжително полномошно. Или ќе има забрана во систем или ќе нема. И онака двајцата родители се потпишуваат при вадење патна исправа за дете. Јас секогаш носам извод за секој случај иако никој не ми побарал. Се прашувам дали ги има сите информации во системот кога ќе се скенира пасошот. За мене е логично да ги има. Инаку ако е до презимето, стрина му на пример може да го изнесе низ граница детето и никому ништо.
Историја на патовање се гледа само во систем, сите патни исправи до тогаш и со што си минел граница, нашаѕа полиција има таков систем, европската имаат посмотан систем иако европска и при менување на пасош, неам увид тие во кабината, доколку сака да те провери детално нормално е друго. Затоа пишав дека треба, а не дека мора. Пошо граничен полицаец има право да ти побара и да те распраша се, може да ти направи проблем и да не те пушти понатаму, твое е да докажуваш ама може да биде и касно. Он има право да спречи киднапирање и доколку родителите на детето се сеуште законски во брак, никаде не пишува во каков однос се родителите. Доколку е бидено сумливо, нема побарано полномошно, вистина има некаков случај пријавено, он одговара. Друга причина за што може да побара е да земе нешто на страна. на вас е искрено, како шо кажав јас имам само еднаш имано полномошно, а со дете сама имам преку 20 летови. Никаде проблем.
Мајки како се справувате со бебе што не седи во кола?Значи не може да издржи 3 километри.Треба да патуваме во скоро време до Грција,се мислам како ќе е.Секако сум пробала и со цртани и да тргнеме пред спиење, одвај заспива во кола и спие максимум 40 минути.Инаку една годинка е.
Дали може дете помало од 2 години да седе во мајка бремена 30 недела? Некој такво искуство. И дали и за назад во мк ќе треба потврда од гинеколог за патување? За напред релација ск-цх ќе има.
мајки совет за патување со 14м бебе во авион? до сега еднаш сме летале, беше супер ама беше помал. сега мислам дека ќе бара активности. телефон/цртани не доаѓаат во предвид, така да секој совет за активности што сте пробале и функционирале се добредојдени. фала ви
Како мислиш да седи? Ако мислиш да не седи во седиште, тоа е не безбедно. Може во мк нема да те сопрат, ама надвор од мк, може да те изгорат со казна заради небезбедно возење на бебе. Мора да седи во соодветно седиште. За потврда мислам немаш потреба, за тебе.