Лелее сакам тука Џој ова беше во Никити така? Минатата год ми го спомна, така како да памтам..колку дена обично седите на одмор?
@Cherry blossom89 да, Никити.Секогаш секаде 7 вечери @Lady Miami полно беше со бебиња и мали деца.Ако се сместиш во бунгаловите на 2 ката се, но имаш лифт.Крпи земаш од хотел чисти секој ден (за плажа).. барем не мора и нив да ги носиш наваму натаму со тебе(покрај куп бебешки тракатанци).
Не е алл…Преку букинг. Цената зависи и колку ке трошиш таму.Ти си со бебе ако не се лажам.Ја сум со 3 големи веќе деца Така да рачунај кај мене е секој ден x3 вода,сок,сладолед,пица,помфрит(ова на плажа)..
Само ноќевање се плаќа? Порасна бебево, сега е детуле годинка и 6 7 месеци ќе има на одмор сладолед нема, сокче нема, пица помалку трошок ние каде и да одиме по 9 ноќевања седиме. Има за шеткање? Со кола би оделе..водата топла е или зависи од периодот кога би се одело? @joy1
Кај наоѓате толку ефтини хотели за ол инклузив во Турција? Ја се што отворив од овие погоре споменати беше над 4000 евра, и тоа неколку термини проверував.
Крај на јуни бевме,топла беше водата и луѓе имаше доста.За шеткање има ама во околината,со кола.Никити е убаво да прошеткаш.Плаќаш нокевање со доручек(шведска маса).Можеш и за вечера да си платиш.
Изгледа тешко веќе евтино последно бевме пред 2 лета, околу 2500е плативме за двајца UAI. Кое место бараше?
На неполни два до Охрид бевме од кај нас 2ипол саати пат. Па сеа не знам дали се рачуна за многу малу.
Може прашањето не е за тука ама не знам каде да го поставам. Предлог за некој хотел во близина на Скопје за викенд? Бебево е 10 месеци ама немаме шетано многу (ве молам не ми судете ) а и ич не сака да се вози со кола. Имам ваучер од работа што треба да го искористам за во некој хотел по моја желба ама сакам да е близу Скопје.
Е нема веќе во Турција евтино, јас оваа година се спремам да одам по четврти пат, а прв пат со бебе. Ако споредам со претходните години, сега цените се дупло поскапи за истите хотели и истиот период во сезона. И плус сега за бебе ништо не се плаќа под 2 год, може некоја такса, ептен ситно што не прави разлика. Види ги Crystal хотелите, тоа е некоја средна класа и може да се најде за 10 ноќа од 3.200-3.500€ All Inc, зависи во кој град сакаш. Уште кога видов дека во еден хотел што сум била претходно сега бараат доплата од 1.300€ за истата Swim up соба јас што бев е стварно се запрепастив И летувањето стана луксуз, те принудуваат или да кратиш ноќевања или да намалиш квалитет. А јас не сум многу за компромиси во тој поглед
Во близина на Ск не знам баш, ама Аурора, Берово мене секогаш ми е број еден. Таму прв пат го прошетав бебето кога наполни 2 месеци и тоа во зима. Супер поминавме, цело време си спиеше надвор во количка на убав планински воздух
Точно. И јас следам на Фибула, баш пребарував, ама добар хотел под 1500 еур нема и тоа за 6 ноќи. 2 пати бевме, беше поефтино. Брат ми беа 2021, уште корона, за 1200еур во септември, во ресорт ultra all incl. Сега нема шанси тоа. Мислев да одеме септември, ама многу е поскапо од јуни. Кај нив не е тогаш крај сезона, дури таму втора половина на октомври.
И ти како мене Турција во срце а маж ми ми вика за годинава да одиме, јас не сум за, ради малава, а како ми се одиии. Некако мала ми е за во авион, ќе направи некој хаос и здравје следната може. Каде имате одено до сега, кои градови?
Аауу во срце и душа, ја обожавам Јас планирам здравје, ако одеме јуни малиот ќе е 1г. Ние лани не бевме дека мал беше, бебе, крај на јуни се роди. А сега едвај чекам. Не се плаши, и бебиња одат, пола авион е мали деца и бебиња, колички еден куп кога чекаме куферите. Колкаво е твоето дете? Аланија 2022 и Кемер 2023.
Ние почнавме со Кушадаси, па Кемер, Сиде и последно Аланија Знаам, и трудни и со бебиња 2 месеци, се сум видела ама ја осеќам малава не ми е спремна за годинава, па уште да ја фати некој скок, ќе посакам за 2 мин да се вратам А колку ми фали, во Турција баш е прав одмор.