Мајќи да ве прашам за патување со 10месечно бебе околу 1000км пат со кола. Сеуште немаме седиште за во кола планираме да купуваме ако имате предлог би било супер( уште сме на транспортер до 86цм пишува). Е сега дали е добро бебе 10-12 сати да седи во седиште во кола се разбира со некои паузи, свртена би било обратно така слушам дека требало до 1г. Кажете ми совет и искуство дали да излегувам на пат или не незнам ни самата немам замисла сакам искуства
Чим ќе правиш пауза не се плаши. Убаво е да го возиш обратно најдолго што можеш и после 1 година. Може да разгледаш има огледала да можеш да го гледаш од ретровизор додека е свртен мене ми е најлесно така за на пат, да знам и да гледам што прави, дали спие, гледа, бара нешто. Чим го собира уште во транспортерот океј, не гледам зошто да имаш проблем
Здраво девојки. Нова сум на темава и тотално сум неупатена што се однесува на колички, седишта итн... Мислам дека колку повеќе читам, толку повеќе се бунам. Од се она што видов, знам дека би сакала количка чија корпа ќе може да се пренамени и како седиште во кола (за првата година). Ставам слики во прилог од Joie модел, кој има таква намена, но немам видено кај нас ваков модел ни од друг бренд. Дали случајно знаете да ми посочите кај да барам, дали сте виделе, дали некоја порачала директно од Joie (според web страницата немаат достава сега кај нас)? Од три месечна возраст натака ќе имаме подолги патувања (сигурно 15 часа во правец) , и некако ми се чини дека попријатно ќе му биде на бебето да си е легнато во корпа, отколку во седиште налик транспортер (слика 3 во прилог). Можеби грешам, но си мислам дека не е пријатно да е свиткано толку време. Ве молам за мислења и предлози.
Не знам дали е за овде прашањево... кај можам да најдам шатор за на плажа и да ми кажете кои други работи ми се потребни за на плажа со дете од 1 година?
Имаш во Њоњо, ама дали ќе го користиш, тоа е друго прашање. Во која фаза е, прооден и се? Моето е 1 год. и нема шанси таму да седи, тој воопшто не седи Ќе видиме оваа год. како ќе е на одмор, ќе ја шетаме цела плажа по цел ден хаха Среќа море сака, тоа барем ме радува, да пливаме заедно сите тројца
Оние купачине со спф од Banz ги имате користено? За големата не сум купувала ама мали сега ќе е разоден за на одмор, а бел е како сиренце, сакам да му земам. Ефикасни ли се? Се мачка фактор под нив? Се сушат ли брзо или ќе треба да го пресоблакам после бањање?
Јас купив лани, добри се, ги користев само во море кога беше и после го пресоблекував во шорцеви купаќи. Ќе ги оставиш на сонце и ќе се исушат до следно одење во море А си мачкав и фактор под нив и не ми изгоре воопшто од сонце, а не се врати ни бел дома. Малку напорно цело време пресоблекување, а воопшто не му е омилена активност, но секако треба и да се фрли памперсот што е само за во вода.
Прв пат на осум месеци, оваа год. на 19м и верувам ќе сака повеќе да истражува. Лани само лазеше тогаш, но секако не е мирен
Супер се , ептен брзо се сушат . Јас го мачкав и фактор оти нели има и откриени делови. Ама ба грбчето и градите не трупав дебел слој , по малку таму. И најбитното Капата ја обожаваше
Јас сум користела за мали, ама не на Banz, од Waikiki имам земано со спф 50+. И мојот е бел, ефикасно се покажаа купачите. Под нив фактор не сум мачкала, нема потреба, самите купачи си имаат заштита. Го мачкав само на откриени делови. Се сушеа брзо, ама сепак го пресоблакав после бањање.
Јас лани земав шатор за на плажа - тој период моето бебе беше 6 месеци. Го искористивме максимално шаторот. Го земав од стокомак. Инаку ги има и во Џамбо, Бебе центар и како што ќе почне летото ќе ги има на секој чекор. Најбитно нешто што ќе ти треба е гума, пешкир, СПФ, и пелени за на плажа. Може и некоја играчка бидејќи е веќе 1 година. Шаторот највеќе ми се погоди бидејќи можеше да преспие во него, да се заштити од сонце а е доволно голем за да му биде комотно.
Ima vo sinsey 800den, i moeto e skoro edna godina ama ne veruvam deka ke sedi dzabe ke mie. Ako treba tamu je kupam
Здраво на сите Сакам да ве прашам за искуство за патување во Грција со бебе! Секој совет е добредојден! (крај на јуни почеток на август) Бебо ќе има 5 ипол месеци и е на ексклузивно доење. Од прашања што ме мачат - Дали треба да земам некое шаторче или било што за заштита на плажа бидејќи зраците пробиваат и низ облаци и има одблесок преку морето? Бебо е белчо… - Дали ги бањате во море и ако да дали веднаш ги миете со слатка вода? - Со оглед на тоа што е бебе, видов во дм има памперси за во вода или кои се тие купаки од Банз со фактор што ги спомнувате? Каде можам да ги најдам и што е подобро? - Каков фактор користите? Се мислев меѓу биодерма и фризидерм? Ве молам споделете искуство. - Што би требало да земам за не дај боже? Сируп секако, што друго? - Видов дека има крема на азета био за заштита од комарци 0+ дали некој ја користел? И дали е безбедно да ја земам за секој случај. - Какво бањарче користите? Имаше едни детски како пончо со капче ќе одговара ли тоа за пет месечно бебе? И каде можам да најдам? - За доењето со оглед на тоа што не давам вода сеуште дали треба почесто да цица зашто ќе биде претопло? Извинете на долгиот пост, ама прво бебе, прв одмор со него. Дури повеќе ми е што како ќе биде, него што се радувам
Првиот одмор на првото дете беше на точно 5 месеци. Немав никакво шаторче, одевме на плажа сабајле рано во 8 и пред 11 бевме назад во смештај. После 17 пак одевме. Бебе лежеше на обична лежалка послана со крпа па тетра на неа и покриено со тетра ако спиеше. Барајте сместување блиску до плажа, за да можеш со количка да се транспортираш. И ги топевме само нозете тогаш, имавме од тие гумите горе што се со покривче, мада беше премала и не седеше уште па само ја држевме и си преташе со нозе. За памперс за во вода не ти треба, мислам можеш и со обичен да поминеш секако нема многу време да биде во вода бебе. Купачи со фактор имаш и во синсеј, вајкики покрај ние на Банз. Искрено мислам дека нема да ти бидат потребни, зашто на сенка ќе го држиш и секако ако одите рано сабајле и касно напладне. Земи си шеширче обавезно. За фактор не паметам тогаш каков имав земено. Гледај да е 50+ и да е за бебиња. А за заштита од комарци тогаш користев од чико мислам дека е за после два месеци, еден рол он зелен. Од медицина, освен сируп за температура друго на своја рака на толку мало бебе не можеш да дадеш. Секако ако треба нешто, мора да посетиш лекар и таму можеш да си купиш. За бањарче тогаш не ни користев, со тетра ја бришев. Од следна година ќе ти треба кога ќе почне да оди и да се мокри цело. За доењето ќе си продолжиш исто секогаш на барање, што можно е и да биде почесто.
1. Немаш потреба од шаторче. Претпоставувам ќе сте на лежалки. Ние секогаш си додаваме плус чадор ради децата и никој не ни направил проблем. Ќе го чуваш на пешкир/тетра, а прочитав и количка ќе носиш можеш и во количка. 2. Дали ќе сака во море зависи од бебето дали ќе се осеќа удобно. Стави му прво ноџиња и почекај, па полека стави го во вода ако сака. Може да не сака воопшто. Ако сака 15тина мин се доволно. Ги плакнам со чиста вода секогаш после море. Со бебе чував шише/две со чиста вода на сонце до нас и беше таман топла за измивање. Веќе поголеми, под туш. 3. Не ти требаат посебни памперси, обичните ќе ти завршат работа, после вода одма се менува, а бебе не стои ниту долго внатре. Моето ќе биде 3 месеци, јас му земав купачи, лично не сум изложила ниедно дете на сонце во тие жешки месеци, иако може нема да сака вода па нема ни да се искористат. Секаде има да се купат и доаѓаат со некој мал сертификат за нивната заштита. 4. Фактор да е 50+ и обавезно со минерални филтри. 5. Многу е мало за креми и спрејови за комарци. Имаш во Грција во сите аптеки стикери цитронела кои можеш да ги залепиш околу количката или вашата облека и на облеката на бебето на место кое не може да го донесе до уста, а има и нараквици кои исто може на му се стават на ноџе или на количка. На количка е практично од таа причина мрежа да имате. 6. Најпрактично ќе ти биде да го смоташ во пешкир оти е мало, тие понча се ок за после една година, ама тоа зависи од личните преференции, така да како си сакаш. Капче со заштита обавезно, обично доаѓаат заедно со купачите, ама може да се купат и посебно. 7. Само почесто доење е доволно. Еве како идеа, има бејби флоатерс за во вода јас такви сум земала кога биле многу мали, каде само нозе или стапалца се во вода. Ама од оние да е цело заштитено со покривче, а и странично. Ама не е неопходно и може да се помине и без тоа.
Имам и погоре пишано. Првиот одмор бебе беше 5ипол месеци. 1. Носевме шатор за плажа и ни беше најискористена работа. Лесно се склопува и расклопува плус беше со заштитен фактор од сонце. Знаеше да заспие на плажа бидејќи имаше почести дремки, ќе го заспиев во шаторот внатре. За доење имаш приватност, за играње кога ќе стане. Ние одевме на плажа од 8-12; па од 16-18ч. Го бањав во море да, имавме и гума за него со кровче што се. Бебе беше радосен. После тоа не го туширав се додека не се вратевме дома. Пелени му имав земено од слипи во зегин, после излегување од море му ги вадев. Лесни и практични се. Купаќи му немав купено, бидејќи е во вода максимум 10 мин, кога ќе го извадиш реално нема да го оставиш мокар сигурно, а подобри ми беа пелените после излагање ја кинеш. Купаќите додека го соблечеш.. а ако сакаш после пак да го бањаш тие мокри… за мене некако се проблематични. Го мачкав со фактор од ДМ на sun dance kids 50+. Му имав земено класични пешкирчиња за на плажа. По 2-3 носев за него. Да има едно во шатор, едно кога ќе искочи од вода и чисто едно резерва. Носев сируп за температура (за секој случај), пробиотик и спреј за комарци. Го носев спрејот на chicco, тој е 2+, има доста природни состојки во него и ми беше најбезбеден за бебе. Кај моето бебе премногу го заштитуваше. Ти пуштам слика во спојлер. Дефинитивно ќе биде потребно почесто да цица. Бидејќи ќе биде и на сонце и во вода и он самиот ќе бара. Спојлер: Спреј за комарци