Фала многу Мрежа ќе нарачам баш гледав и ќе ги побарам и стикерите во Грција! Има време до одморот ама чисто сакав да слушнам искуства! Бебо за сега сака да се бања ќе видиме како ќе биде во море.
Фала многу Секако двократно ќе се оди на плажа. Пешкирчиња има некои малечки за на плажа или стандард бањарче да земам? Не сум видела до сега И градите исто само со чиста вода да ги поминам од солта пред подој. Може од тие причини ќе ми биде полесно со шаторче. Ќе видам, ќе разгледам. Сакав да прашам од кој фактор сте најзадоволни? Фала ви уште еднаш на споделените искуства.
Пешкирчиња обични не ти треба. Јас лани му земав од Енци Менци на Chicco, многу се убави и корисни, исто доаѓаат како бањарки бебешки со делот и за глава нели. После тоа и на базен ги користевме, а еве и оваа год. истите ќе ги носам на одмор. А фактор само Гамарде ако е под 6 мес, а за поголеми мене Chicco добри ми се покажаа и спрејот и лосионот. А капчиња со убава заштита, Banz, прилагодлива е ширината и оваа год. ќе го користи. Јас па три пара купаќи му земав лани хаха абе мерак си е, многу сладок беше, со капчето, цуцлата и правац море на спиење во гумата со кровче, а брановите го лулаа место мене
Да, под шест месеци е. Прв пат слушам за факторов, каде го има? Сега разгледав и Банз, капчето е со убава заштита, поголемо дефинитивно ќе му земам. Фала ти
Поголемиот дел од факторите оставаат бело да знаеш. Но убаво е да земеш и сега чисто за заштита. Убави се на uriaqe
Мајки здраво, Имате ли искуство со бебе од 7месеци во авион? Конкретно краток лет е од 1ипол саат.. На што да внимавам?Слушалки да купам?Бебе да го држам во раци или транспортер па на седиште да го ставам?Како реагираат на полетување и слетување? Секој совет ми е добродојден
Бебето секако кај тебе во скут р на полетување и слетување. Ке ти дадат каиш и за него. Слушалки јас имав, убави се ако лесно се буди на звуци. Ма да последниов пат имаше премногу бебиња и сите си спиеа без слушалки. Најбитно ти е да цица или цуцла да му дадеш на полетување и слетување заради притисокот во ушите, нешто што ке го натера да голта.