Дали некој бил во Трикала или Драма (Грција) во декември на оние Божиќни базари со бебе да сподели искуство?
Во Авион со антифони патувате за полетување слетување? 7 ипол месеци ќе биде негде корегирана околу 5 ипол кога ќе патуваме.
Моите од 2 месеци летаа по неколку пати годишно, само на полетување и слетување цице или цуцла. До сега не сме имале проблеми.
И ние точно на 6 ќе летаме, вчера зборев со матичната ми рече цуце во уста да има кога полетуваме и слетуваме
Смее или шише или цице или цуце, битно е да влечи за да не дојде до болки во уши. Моите не имале никогаш проблем до сега, јас темпирав кога беа бебиња секогаш да спијат кога е летот, на полетување давав цице и заспиваа одма
Цице во уста и мирно бебе цел лет, а богами и мирни патници. Така правев со ќерка ми. Сега со бебе исто ќе биде.
Хаха нема за мојата цице, непозната именка и е тоа. или цуцла или ќе земам вакви за ушите. Ќе видиме.
Штом нема цице, ќе има друго решение. Цуцла ако сакала цуцла досега. Ако не, млекце со цуцла. Важно да биде мирно. Не би требало да има проблем со ушињата, се ќе биде во ред.
Колкаво е бебето? Во која смисла не сака возење во кола? Ќерка ми плачеше во транспортер и затоа ја држев во раце кога патувавме со кола. Во авион исто си го држиш бебето во раце, си цица или спие. Немав проблеми во авион.
7 полни ќе биде кога ќе патуваме. Не знам дали плче од транспортерот или од самото движење на колата, ама за пат од 1 час, 2 пати паузи правиме Знам дека во раце ќе ја држам, може ќе и биде интересно ако не заспие ќе си разгледува повеќе Или ќе вришти цел пат
Што давате за ручек кога сте надвор, за бебе 7 месеци? Сите зеленчукови каши треба да се подгреат пред да се дадат, па не ми изгледа баш практично за надвор.
И во Драма има божиќен маркет? Познат е? Посетуван? Не ми е познато местово, прв пат сега го прогуглав.
Штом свекор ми го дознал и ќе оди, ваљда е познато хаха и јас прв пат го слушнав. Убаво изгледа на видеава на Youtube
Мислиш на купечки? Ништо не подгревам од купечките, ќе измешам и тоа е тоа, инаку не би можеле надвор да мрднеме.
Подгревам само од фрижидер ако е инаку не. А и за од фрижидер знам само да извадам на собна температура па да давам. Има и некои термоси инаку баш демек за каши, купив јас ама го немам се уште пробано дека сум давала купечка неотворена од собна температура до сега надвор