На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Од tuctuc ама не ми е пробан нз дали е добар
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.439
    Допаѓања:
    4.897
    Пол:
    Женски
    Не ми е познато ова tuctuc :$.
    Пробај го и баш сподели, ме интересира како ќе си задоволна. Имаме ние уште време до кашички.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Здраво, прв пат треба да патувам сама со малото со авион, мм ќе е веќе во земјата каде што ќе патуваме, ќе патува посебно пред нас. Дали треба да вадам полномошно за детето додека е уште тука и кај се вади?
     
  4. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Сакаме после нова година на викенд со бебе, предлог хотел/апартман во центар во Охрид добар за со бебе? Да не е ладно само се мислам... сакаме да прошетаме, а таму за со количка е супер.
    Или некој друг предлог?
     
  5. WhiteCat33

    WhiteCat33 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    Имав и во друга тема напишано, ме интересира како сте поминале прв пат во авион со тодлер? Детето треба да се врзува со појас? Што ако спие како ќе се изведи тоа? Зошто се работи за ноќен лет ..ако го разбудам ќе се пукне од плачење :|:|:|
     
    Последна измена: 23 декември 2025
  6. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Јас патував прв пат сега скоро, летот беше околу 14:00 и цел пат го преспа. Моето е уште под 2 години па во скут ми беше и така се врзува и детето на твојот појас. Се изнатрча на аеродром и немаше дневна дремка па спиеше по пат како полетавме се до пред слетување, скоро 2ч. Ако е навечер летот без гајле ќе спие уште поубаво. Јас симнав и видеа песнички на youtube да имам за секој случај ако не спие.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.177
    Допаѓања:
    11.926
    Мајки препорака за некој убав хотел во Врњачка Бања и искуство ако сте биле зимен период? Немам одено на спа во Србија, а сакам да смениме ем да сме на термални води.
     
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Исто ќе прашував пријатели беа и во Соко бања и тоа предложија како втора опција и ние бараме хотели пукајте со проверени :D8)
     
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    78.226
    Пол:
    Женски
    Доколку сте флексибилни за дестинацијата, еве јас со тазе впечатоци ќе ти ја препорачам Куршумлиска Бања (хотел Планинка).
    Има повеќе базени, во сите температурата е 33-35 степени, има 2 солени соби, 4-5 сауни, парна бања и голем број третмани. Убаво е новогодишно украсено, некои вечери има и жива музика во фоајето. Има и убава игротека.
    Е сега, хотелот си е пензионерски, ама ние кога бевме имаше уште 3-4 дечиња. Сосема доволно за друштво :)
    Нема ништо во околината, па ако сакате да шетате, нема да биде соодветно. Ама ако сте за термална вода, одмор и уживање, што би се рекло да не излезете од хотел, супер избор.
    20251216_133850.jpg 20251216_151737.jpg 20251216_135558.jpg 20251216_182150.jpg Screenshot_20251228_132754_Gallery.jpg

    Врњачка бања е преубаво, јас би ја препорачала за потопло, сончево време. Има каде да се шета, да се помине повеќе време надвор.
    За хотел во Врњачка немам некоја препорака, ние бевме во Фонтана, ама пред година ипол беше, се имам заборавено. Памтам само дека имаше голема игротека и мнооогу деца.
     
    На CareTee, Noemi, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.177
    Допаѓања:
    11.926
    Фала ти, го разгледав и местото ќе го имаме во предвид за понатака она ќе е речиси годинка, не можеме многу да ја бањаме, па сакам и да има кај да прошетаме. Секако ако не завее некој снег па да не ни отидеме. Освен Тонанти друг не ми се допадна на Врњачка, а и се е испозафатено за Јануари.

    Разлистав по темиве многу ми се допадна и Мовенпик на Фрушка гора што го имаш споделено, ама многу ни е далеку за сега.
     
    На ohlala и Anika55 им се допаѓа ова.
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    78.226
    Пол:
    Женски
    Ако барате поблиску и Соко Бања ви е добра опција. Најголемиот дел од патот е автопат, а убаво е и за шетање. Ние во друг хотел сме биле, ама следно дефинитивно би оделе во хотел Сунце.
    До Врњачка има малку мрцварење од пола пат негде, натака.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, среќна нова година и среќни празници :)
    Сакаме со бебчето (9 месеци има) да одиме негде да прошетаме на 3, 4 дена, може и тука во Мк, Грција или Србија (прочитав и за предлозите претходно за бањите во Србија, ќе имаме предвид). Имате некој предлог? Ако може да споделите искуство. Фала мн
     
  13. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    2.143
    Колку често и кои месеци е изводливо патување со бебе за време на породилно? Не планирам далечни дестинации, зборам за во соседството и во Македонија.
    Дали одење во Охрид, Грција, Белград и некаде на бања е изводливо во тие 9 месеци или си правам филмови? :D
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    19.064
    Пол:
    Женски
    Секако дека е изводливо. И е препорачливо.
    Иако реално, најрано по 2-3 месеци би се осмелила да одам некаде.

    Е сега, кога треба да се роди бебето?
    Многу битен фактор е тоа.
    Зимски бебиња се идеални за шетање. До пролет се веќе поминале сите критични денови и може да се шета.

    Син ми е роден во јули, плус имаше грчеви цели 3 месеци. Таман престанаа грчевите, времето залади. А со мало бебе на планина нема што да се прави.
    До наредна пролет никаде не можевме да испланираме патување, па релација ни беше парк-кеј-баби-дома.

    Со мали бебиња во јули и август не може на море, ама бања и планина и те како може.
     
    На Carolin. и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  15. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    4.278
    Пол:
    Женски
    Зошто да не. Јас би избрала некоја порелаксирачка дестинација бидејќи за шетање напорно ќе ти дојде, треба да темпираш со доење, јадење, памперси и слично.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Ние на 4 месеци бевме на одмор во Грција (втор крак) почеток на септември. Супер поминавме на таа возраст, по пат поголемиот дел спиеше (иако не е фан на возење во кола), таму само цицаше не мислев за јадење што како, си спиеше секаде и на плажа и надвор во кафич ресторан во ресортот. На викенд сме биле неколку пати во Македонија, на 8-9 месеци на 3 дена во Солун. И тогаш супер пројдовме. Можеби зависи и до бебето како прифаќа нови средини, пат, луѓе и слично. Ама дефинитивно возможно, малку понарпорно ама баш убаво :inlove:
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    На 3 месеци точно ја спакував ја однесовме 8дена на прв крак, на 6месеци прв пат леташе со авион, 5дена во Виена.. измеѓу до 9месеци викенди Солун, Софија, Врњачка бања… напорно е во кола ако не спие ама се снаоѓаме :D подобро шетајте отколку дома затворени, мојата ич нејке дома да седи се и е досадно, само да е излезена и да гледа нови работи, иста на мајка и и татко и шеталица 8) и мене ми беше страв на почеток ама одев со мисла дека треба да ја прилагодам на нашиот ритам на живот со мн патувања па почнав уште од 3месеци
     
    На ForeverYoung, Frida- и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    635
    Пол:
    Женски
    Првото бебе прв пат во Грција го однесов на 5 месеци. Потоа на викенди низ Македонија редовно, од Охрид до Галичник (повисоко на планина). Иако многу често повраќаше при возење, патувавме со застанување, без напнатост а и се погоди да не е плачлива. Сега едвај чека да излеземе некаде од градов.
    Но се е индивидуално и се зависи и од детето и од родителите, нема потреба ништо да се форсира ако руши комоција.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    Зависи од детето, големата ми е плачлива ден денес се е супер додека не се стемни а дојде време за спиење дома бара |( :(
    Малото на 2 м мини тура низ мк направи :D тоа си спиеше цела ноќ, големата до повраќа од плачење стигаше :sweat:
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    2.143
    Баш ме израдувавте со одговорите, и ние сме навикнати на почести патувања, сега последно во декември бевме и ме фаќа веке сафра ама 38ма недела терам и тоа е :D Онака цело време калкулирам со денови од одмор, сега на породилно ако е возможно зошто да не се искористи.
    Се надевам дека ќе биде кооперативно бебе за патување, здравје, се да биде во ред па за друго колку што можеме.