1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    38ма сум и јас, одам на одмор на 1ви Јуни на втор крак :D
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    6.837
    Најубави месеци за патување со бебе ти се првите 6, дури уште не сте почнале со цврста храна, особено ако е на доење, не се замараш со спремање каши, миење прибор. Уште подобро во првите 4 месеци, бидејќи повеќе спијат, после им се зголемуваат будните прозорци па може нема да сакаат да се возат во седиште, како моиве.
     
    На Cvetce_, Marijanche33 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.879
    Пол:
    Женски
    Јас сакам Шпанија да одиме летово со бебушот. Летавме Минхен кога имаше два месеци, топ поминваме, на враќање беше жустро ама првите 10 мин на полетување.
    Таму Минхен го скапав по возој, метрос, автобуси, уште во вселенско летало шо не ги пикнав :) Мирно бајче си беше во количка, по цели деној шетавме на студот, ама беше многу мал, спиеше цело време во количка, сега ми е да не се измалтретираме многу ...
    Е сега кажете ми за со бебе од една годинка како на плажа, колку време ги изложувавте на сонце, капење и слични ствари.
    Се си мислам да не го изнастинам во вода како шо немам осет за некои работи :)
     
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    6.837
    Кога имаше синко точно една година бевме Грција крај август, сонцето не беше толку јако, а имаше и облачни денови. Ние во глобала одевме на плажа до прва дремка, па спиеше во хотелот, после дремка ручек и пак на плажа. За бањање имавме земено базенче, во море не сакаше многу првите две години. Има и од оние гуми со стреа, за мали бебиња се топ.
    Го мачкав со 50+ фактор, плус купаќи и капа со ув заштита и во сенка цело време освен кога влегувавме во вода. За со бебе секогаш бирај природна сенка ако имаш опција.
    Повеќе обрни внимание да не изгори, за настинување не можеш да го настинеш освен ако не одите ептен мај/крај септември. Мада за Шпанија не знам да ти кажам, ние на Грција сме верни :D. Сме оделе и почеток на јуни и топла била водата и сум го бањала, верувам Шпанија е уште потопла.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    26.812
    Пол:
    Женски
    Најубавиот одмор ни бил кога имале по 1г. Ние одиме сабајле на плажа под сенка, после на јакото сонце спиеше дремка , пошо Турција одиме и има таму игротеки и внатре се вртеше еден саат , па после ручек пак со UV костуми на нив и капчиња одевме на базен.